Флорисиента (шпански: Floricienta) е хит тинејџерска аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Аргентина, во текот на 2004/2005 година, во две сезони. Стекнала многу популарност и надвор од нејзините граници. Во текот на последните години, снимени се и неколку римејкови на оваа тинејџерска серија. Оваа тинејџерска теленовела е снимена од истата продукција која ја снимаше мега популарната Млади Бунтовници, резлутат на тоа е и дел од глумечката екипа се појавуваат од оваа серија.

Флорисиентa
Постер од серијата
Жанрдрама, тинејџерска, комедија теленовела
Создадена одКрис Морена
Патрисија Малдонадо
УлогиФлоренсија Бертоти
Хуан Гил Наваро
Бенхамин Рохас
Фабио Ди Томасо
Изабел Мачедо
Грациела Стефани
Тематски композиторКрис Морена
Воведна тема"Floricienta" -by Florencia Bertotti
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикШпански
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди361
Производство
Продуцент(и)Крис Морена
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 3 / 13
Првично прикажување15 март 2004 – 2 декември 2005
Надворешни врски
Мрежна страницаfloricienta.com.ar

Синопсис уреди

Ова е романтична и хумористична приказна за Флоренсија, модерната Пепелашка, бунтовничка и оптимистка. Нејзината најголема среќа е да танцува и да пее со музичката група која ја формирала со своите пријатели. Без искуство добива работа како помошничка во вилата на семејството Фриценвалден. Во куќата некои многу ја сакаат а некои ја презираат. Нејзина најголема среќа се децата Фрицевалден: Мартин, Томас, Маја и Николас и Франко. Принцот во оваа приказна е Федерико, најстариот од Фрицевалден. Овој принц најмалку нешто што размислува е да се вљуби. Поради трагичната смрт на неговите родители во несреќа, тој морал да ги напушти студиите и да се посвети на семејните обврски во семејството. Неговото срце е затворено за среќа и љубов, и неговата најголема болка во главата е бунтовноста на неговите браќа. Децата дознаваат дека Флор пее и сакаат да ги земе со нив и тие да пеат. Тие се воодушевени од музиката, и со помош на Флор, и тие формираат бенд. Но животот на Флор се комплицира, бидејќи во секоја добра приказна не може да не биде една лоша вештерка, и во овој случај тоа е Малала, кумата на Федерико, една злобна негативка, на која единствена цел и е да ја омажи својата злобна ќерка Делфина, за Федерико, за да добие дел од наследството од фам. Фрицевалден. Таа најмногу сака да ја избрка Флор засекогаш од куќата, бидејќи дознава дека помеѓу неа и Федерико се раѓа голема љубов и ненадејно дознава дека всушност Флор е полусестра на нејзините две ќерки и воедно вонбрачно дете на нејзиниот покоен сопруг. Во куќата се случуваат разни интересни работи. Но, со злобата на Малала и нејзината ќерка Делфина, ќе успеат да го убедат Федерико да се ожени за неа. После венчавката, тие треба да отидат во црква, но пред тоа Федерико дознава за сите лаги. тој ја остава Делфина пред црквата и продолжува со Флор. Тие заедно сакаат да одат на патување, но се случува несреќа во која Федерико го губи животот. Наследството и останува на Делфина, но духот на Федерико, ќе отиде во Максимо, гроф од градот Крикораган, кој нема да се сеќава на ништо, а всушност тој ќе биде Федерико. Максимо ќе мора да се грижи за децата. Флор подоцна ќе дознае дека тој е Федерико, ќе се омажи за него, и ќе му роди 3 деца.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Флоренсија Бертоти Флорисиента / Флор
Хуан Гил Наваро Федерико
Бенхамин Рохас Франко
Изабел Мачедо Делфина
Грациела Стефани Малала
Зулма Фајад Титина
Агустин Сиера Мартин

Надворешни врски уреди