Во римската митологија, Флора била божица на цвеќињата и пролетта. Иако била релативно низок лик во римската митологија, како една од неколкуте божици на плодноста и заради нејзината поврзаност со пролетта, таа сепак играла некоја улога, посебно при доаѓањето на ова годишно време. Нејзиниот фестивал, Флоралии се одржувал на 28. април или рано во мај и го симболизирал обновувањето на животниот циклус. Одлики на овој фестивал биле играњето, пеењето и цвеќињата. Нејзиниот грчки еквивалент била Хлора. Флора била омажена за Фавонј (Зефир), богот за ветерот.[1] Заради нејзината поврзаност со растенијата, поимот „флора“ се однесува на растителниот свет. Флора добила на поголемо значење во неопаганската обнова кај Ренесансните хуманисти отколку што имала во Стариот Рим.

<gallery>

Флора или Хеба од Марија Луиза Елизабета Виже-Лебрун.
Флора статуа во Шчеќин, Полска
Флора статуа во Валенсија, Шпанија

<gallery>

Наводи

уреди
  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 114.