Шише

сад за течности
(Пренасочено од Флаша)

Шише или флаша[1] (разговорно) — стаклен или пластичен сад со стеснет врат за чување течности.[2] Обликот му е таков да има проширено тело, стеснето грло и отвор на врвот од грлото. Шишето е наменет првенствено за држење течност. Шишето може да биде направено и од пластика или метал, додека слични садови од други материјали во македонскиот јазик ретко се именуваат како шише. Содржината што се чува во шишето претежно е течна или полутечна, како што се вода, млеко, {{алкохолни пијалаци|алкохолни]] или безалкохолни пијалаци, зејтин, лекови, мастило и слично. Други материјали не е практично да се држат во шише заради неговиот облик и стеснетото грло. За таква намена служат некои други садови слични на шишето, но со проширено грло или без грло, како што е теглата.

Празно шише

Шишето како мотив во популарната култура

уреди
  • „Шишиња со долго грло“ (англиски: Long Neck Bottles) - песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[3]
  • „Порака во шише“ (Message In A Bottle) - песна на британската рок-група „Полис“ (The Police) од 1979 година.[4]

Наводи

уреди