ФК Стеауа Букурешт

(Пренасочено од Фк Стеауа Букурешт)

Фудбалски клуб Стеауа Букурешт или скратено ФКСБ или само Стеауа — професионален романски фудбалски клуб, од градот Букурешт. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал.

Стеауа Букурешт
Logo
Целосно имеФудбалски клуб Стеауа Букурешт
Држава Романија
Прекар
  • Рошалбаштри (Црвено-сини)
Основан7 јуни 1947; пред 77 години (1947-06-07)
како АСА Букурешт
ЛокацијаБукурешт, Романија
Бои         црвена и сина
СтадионАрена Национала
Капацитет55,634[1]
СопственикРоманија Георге Бекали
ПретседателРоманија Валериу Аргасеала
МенаџерРоманија Михај Теја
ЛигаЛига 1 Лига 1
2023–2024Лига 1, 1.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот првично бил дел од спортскиот клуб ЧСА Стеауа Букурешт и припаѓал на романската армија, но се разделил во 1998 година. Армијата го тужела фудбалскиот клуб во 2011 година и оттогаш е во конфликт во врска со сопственоста на брендот Стеауа, што резултирало со промена на името во акронимот ФКСБ на почетокот на 2017 година. Тоа е најуспешниот романски фудбалски клуб во сите натпреварувања, со 26 титули во домашното, 22 Купа на Романија, 2 Лига купа на Романија и 6 Суперкупа на Романија во домашните натпреварувања, а во меѓународните рамки, клубот бил победник на Европскиот куп на шампиони (КЕШ) и Суперкупот на Европа во 1986. Тие се воедно и првиот клуб од Источна Европа, кој го освоил Европскиот куп на шампиони во 1986 година, а во сезоната 1988-1989, тие повторно играле во финалето на ова натпреварување, но изгубиле од Милан.

Својте домашни натпревари Стеауа ги игра на Арена Национала, која има капацитет од 55,634 седечки места. Боите на клубот се црвената и сината. Првично, Стеауа настапувала во боите на романското знаме (сина, жолта и црвена), но потоа жолтата боја го изгубила своето значење. Неодамна, жолтата боја е повторно на спортската опрема на клубот, кога настапува на гостински натпревари.

Најголем соперник на Стеауа, се соседите Динамо Букурешт со кои имаат долгогодишно соперништво и се среќаваат во натпреварите познати како "Дерби на Романија" или "Вечно дерби".

Историја

уреди

Стеауа е основан на 7 јуни 1947 година,по иницијатива на неколку офицери на Романската Кралска Куќа.По потпишувањето на указот од страна на генералот Михаил Ласкар,висок командант во романската кралска војска,клубот се формираше.Првобитното име на клубот беше АСА Букурешт (Asociația Sportivă a Armatei București – Army Sports Association).Спортсткото друштво се состоеше од 7 спортови,вклучувајќи и фудбал,под водство на Коломан Браун-Богдан.Во 1948 година,АСА се преименува во КСЦА (Clubul Sportiv Central al Armatei – Central Sports Club of the Army),а 2 години подоцна во КЦА(Casa Centrală a Armatei – Central House of the Army). Во 1949 година,КСЦА го освои својот прв трофеј,со победата над Клуж од 2-1,во финалето на романскиот Куп.Под името КЦА,клубот стигна до 3 трофеја во низа во првенството(1951,1952 и 1953 година),заедно со првата двојна круна во 1951 година.За време на педесеттите години на 21-от век,т.н. КЦА Golden Team(Златен тим) стана многу познат.Во 1956 година,фудбалската репрезентација на Романија,составена исклучиво од фудбалери на CCA,играше против Југославија во Белград и победи со 1-0.Во истата година,клубот предводен од Илие Саву,беше првиот романски клуб кој настапуваше на турнир во Англија,каде што постигна значајни резултати против тимовите на Лутон Таун,Арсенал,Шефилд Венздеј и Вулверхемптон Вондерерс. На крајот од 1961 година,CCA повторно го смени името во КСА Стеауа Букурешт(Clubul Sportiv al Armatei Steaua – Army Sports Club Steaua). Новото име на клубот во превод значи “ѕвезда” и беше прифатено поради црвената ѕвезда на нивниот грб,која е симбол на повеќето клубови од источна Европа.Следуваше слаб период од скоро 20 години,во кој клубот освои само 3 трофеја во лигата(1967-68,1975-76,1977-78).Сепак, тие освоија 9 трофеји во домашниот куп,па поради тоа го добија прекарот “специјалисти за куп”.На 9 април 1974 година,свечено беше отворен денешниот стадион на Стеауа,со пријателскиот натпревар против ОФК Београд.Долго време,без разлика дали се нарекуваше АСА,КСЦА,КЦА или Стеауа,тимот настапуваше на стотици стадиони низ земјата или во странство и на секој од нив се сметаше како домаќин.Стадионите: Венус,ОНЕФ(АНЕФ),Република,Националниот стадион и Генчеа, укажуваат на тоа дека изборот е направен или од сентименталното значење на натпреварите кои се одиграле или поради нивната историска вредност.Стадионите,на кои настапуваат тимовите на Гилешти,Униреа или Динамо,не се вклучени меѓу другите. Под водство на тренерите Емери Јенеи и Ангел Јорданеску,Стеауа постигнаа голем успех во лигата во сезоната 1984-85,освојувајќи го трофејот по пауза од 6 години.Клубот е првиот романски тим кој стигнал до финалето на ЕКШ и го освоил,со победата над Барселона на пенали (2-0,благодарение на голманот Хелмут Дукадам,кој ги одбрани сите 4 пенали на шпанците),откако натпреварот во регуларниот дел заврши 0-0.Со тоа Стеауа стана првиот клуб од Источна Европа,кој ја освоил титулата.Во 1987 г. го освоија и Европскиот Супер Куп,по победата над Динамо Киев.До крајот на деценијата,клубот остана во врвот на европскиот фудбал.Во сезоната 1987-88 се пласираше во полуфиналето на ЕКШ,а следната сезона во уште едно финале на истото натпреварување(каде што изгибија од Милан со 4-0).Во тој период,Стеауа освои и 4 последователни лигашки титули(1985-86,1986-87,1987-88,1988-89) и 4 домашни купа(1984-85,1986-87,1987-88,1988-89).Покрај тоа,во периодот од јуни 1986 до септември 1989 година,клубот од 104 натпревари без пораз во лигата,со што го поставија светскиот рекорд во тоа време и европскиот рекорд кој сè уште е актуелен. Револуцијата во Романија во 1989 година,ја доведе во државата до отворен и слободен пазар и поради тоа,неколку фудбалери во 80-тите години на 20 век го напуштија тимот и заминаа во западна Европа.По кратко повлекување,следуваше брзо закрепнување и Стеауа успеа да освои 6 последователни титули во лигата од 1992-93 до 1997-98 и 3 домашни купа во сезоните 1995-96,1996-97 и 1998-99,со што го израмни успехот на Чинезул Темишвар од дваесеттите години на 20 век.На меѓународна сцена,3-пати по ред успеаја да влезат во групната фаза од Лигата на Шампионите од сезоната 1994-95 до 1996-97.Во 1998 година,клубот се оддели од КСА Стеауа и го промени своето име за последен пат во Фк Стеауа Букурешт(Fotbal Club Steaua),предводен од романскиот стопанственик Виорел Паунеску.Тој лошо ја извршуваше својат работа и наскоро клубот западна во долгови.Позицијата на заменик претседател му беше понудена на уште еден стопанственик,Георге Бекали,со надеж дека ќе инвестира пари во клубот.На крајот,Бекали го купи мнозинскиот пакет акции во 2002 година,а во јануари 2003 година доминантната компанија,ја претвори во јавна и транспарентна. Поради неговиот контроверзно однесување,тој беше оспоруван од мнозинството на навивачи на Стеауа.Во сезоната 2004-05,тимот се квалификуваше во групната фаза од Купот на Уефа и потоа стана првиот романски клуб што “презимил” во некое европско натпреварување уште од 1993 година.(исто така успех на Стеауа).Следната сезона,клубот стигна до полуфиналето на Купот на Уефа,каде што беше елиминиран од Мидлсборо,благодарение на гол во последната минута.Во сезоната 2006-07,се пласираше во Лигата на Шампионите по пауза од 10 години, а истиот успех го повтори и во наредната сезона.Во домашното првенство,клубот освои две титули во сезоните 2004-05 и 2005-06 и романскиот Супер Куп во 2006 година,што претставува нивниот 50-ти трофеј во 59-годишната историја.

Контроверзии низ историјата

уреди

Минатото на Стеауа и поврзаноста со романската армија,пред Револуцијата во 1989 година, е проследено со неколку контроверзии,како што е основањето на клубот,неговата активност исклучиво во Лига 1,трансфер на фудбалери и вклучување на фамилијата Чаушеску во работата на клубот за време на 80-тите години на 20 век. Клубот е основан на 7 јуни 1947 година,под името АСА Букурешт,од страна на романската кралска армија.Дебатите во врска со ова прашање,за формата на романската влада,се соочуваат против аргументите,според кои од една страна владата беше главно комунистичка,а од друга страна дека државата сè уште беше уставна монархија,со кралот кој претставува врховен командант на романската армија.Сепак,на почетокот на нивната прва сезона, Кармен Букурешт беше расформиран од политички причини,иако требаше да игра во плеј-офот за пласман во втората лига,а неговото место го зазеде АСА.Подоцна,тимот никогаш не испадна и моментално е еден од двете екипи кои единствено настапувале во првата лига,заедно со Динамо Букурешт. Од 1947 година,новата комунистичка влада воспостави стандарди,преку кои сите спортски асоцијации треба да се поврзани со одредена форма на синдикат или владина институција.Професионалниот фудбал беше укинат и играчите потпишаа за тимови како резултат на договори помеѓу владеачките институции и клубовите,а не како редовни трансакции на пазарната економија.Како клуб на армијата,на неколку млади талентирани играчи им беше нудено да се приклучат во редовите на Стеауа,каде што би имале обезбедено подобри услови,можност за поуспешна кариера,а исто така и да бидат ослободени од служење на задолжителниот воен рок.Георге Хаџи беше позајмен на овој начин од Фк Спортул Студентеск во 1987 г. за натпреварот од европскиот Супер Куп против Динамо Киев.Потоа тој продолжи да настапува за Стеауа по негова желба, и покрај противењето на неговиот поранешен клуб.,Во 1988 година,трансферот на Георге Попеску од Универзитатеа Крајова во Стеауа,претставува уште еден пример,очигледно без согласност на клубот или фудбалерот.Сепак,тој се врати во својот стар клуб по една сезона. Во текот на втората половина на 80-тите години на 20 век и во последните години од комунистичкиот режим во Романија,посвоениот син на диктаторот Николае Чаушеску,Валентин,беше вклучен во раководството на клубот.И покрај тврдењата за фаворизирање на клубот со купување на најдобрите фудбалери во земјата и дека 5-тата титула по ред е освоена со поткупување на судии или противнички тимови,Валентин Чаушеску во едно неодаменшно интервју изјави дека тој не сторил ништо друго освен тоа што го заштитил својот клуб од влијанието на Динамо Букурешт,преку Министерството за внатрешни работи.Сепак,релативно малку се знае во моментов,за улогата на Валентин Чаушеску во историјата на Стеауа.Тврдењата дека е вклучен во успехот на клубот,со користење на неетички методи,допрва треба да се докаже.Како последица на тоа,оваа тема е сè уште предмет за дискусија.

Грб и бои на клубот

уреди

Аса Букурешт е основан кралската војска на 7 јуни 1947 година,без официјален грб на клубот. Како што комунистите ја презедоа целосната контрола над државата на 30 декември 1947 година,така Кралската армија стана армија на народот и клубот АСА автоматски со неа.Инспириран од Црвената армија,новиот министер за одбрана одлучи да создаде грб за клубот,кој се состоеше од буквата А означена во црвена ѕвезда(симболот на Црвената армија),поставена на сина тркалезна површина.Новиот министер го смени и името на клубот во КСЦА. Две години подоцна,промената на името во КЦА,заедно со новиот грб,кој се состоеше од истата црвена ѕвезда,внатре означена со буквите КЦА и опкружена со ловоров венец.Прифатениот грб на клубот од 1961 година,кој редизајниран наликува на денешниот симбол: црвените и сини пруги во позадина со златна ѕвезда во средина,што го означува романското знаме.Обликот на грбот е редизајниран во 1974 година,откако клубот се пресели на стадионот Генчеа. По Револуцијата во 1989 година,Армијата одлучи да ги прекине сите врски со поранешниот комунистички режим.Во 1991 година,КСА Стеауа за последен пат го промени својот грб и додаде орел,кој го имаше на грбот на Министерството за одбрана и на државниот грб. Во 1998 година,Стеауа додаде 2 жолти ѕвезди на над грбот на клубот и со тоа ги означи 20-те освоени титули во првенството,заедно со ознаката за фудбалски клуб(Fotbal Club). Во 2003 година,новиот управен одбор на клубот,предводен од Георге Бекали, ја изврши последната промена на грбот,што претставува враќање на стариот амблем од периодот од 1974 до 1991 година,редизајниран со двете жолти ѕвезди над него. Во текот на нивната прва сезона од основањето,Стеауа носеше дресови со жолти и црвени пруги во комбинација со сини шорцеви,што го симболизира романското знаме. Со стартот на следната сезона,жолтата боја беше отстранета,па официјални бои на клубот до денес останаа црвената и сината. Стеауа никогаш немаше стандардна фудбалска опрема за натпреварите.Сепак,најупотребувана комбинација беа црвените дресови,сините шорцеви и црвените чорапи.Останатите варијанти беа целосно црвени,целосно сини и исто така дресови во вертикални црвени и сини линии во текот на 60-тите и 70-тите години на 20 век.Ретко се носеше друга боја на фудбалска опрема.Исклучоци беа финалето од ЕКШ во 1986 година,во кое Стеауа за првпат во историјата,настапуваше во целосна бела комбинација,потоа комбинацијата за гостувања од сезоната 1999-00(жолта и црвена),третата комбинација на фудбалска опрема од сезоната 2005-06(жолта и црна) и комбинацијата за гостински натпревари од сезоната 2008-09(целосно жолта). Комбинацијата на фудбалска опрема за натпреварите на домашен терен од сезоната 2008-09,што беше различна од претходните сезони,се состоеше од вертикални црвени и сини линии на дресовите со сини шорцеви,додека гостинската комбинација беше целосно жолта.Се појавуваа разни комбинации на оваа фудбалска опрема. Моментално компанијата Најк ја изработува фудбалската опрема на Стеауа,со која се под договор од 2002 година,по долгата соработка со Адидас.Во 1988 г. Стеауа беше првиот тим од Романија,кој на дресовите го носеше името на компанијата за автомобили Форд.Потоа се појавија неколку други спонзори како: Кастрол;Филипс,Си-Би-Ес(CBS),Банкорекс(првично BRCE),Дајалог(моментално Оренџ) и RAFO.Од септември 2007 година,нов спонзор на клубот на дресовите е СитиФајненшл(CitiFinancial),чијшто едногодишен договор со нив чини 1,3 милиони евра.

Стадион

уреди

На првите три натпревари по основањето,Стеауа настапуваше на стадинот Венус,кој веќе не постои.Отворен во 1931 година,објектот претходно беше во сопственост на Венус Букурешт,клуб кој се расформира во 1949 година.По рушењето на стадионот по наредба на комунистичкиот режим,Стеауа своите натпревари ги играше на трите најголеми повеќенаменски стадиони во Букурешт:ANEF,Република(изграден во 1926 година,а срушен во 1984,за на негово да се изгради Палатата на парламентот) и 23 август(изграден во 1953 година).Од последните два стадиони,23 Август(моментално се нарекува Национал) се користеше повеќе,кога во ист ден клубовите од Букурешт имаат натпревари или за важните натпревари во европските натпреварувања,додека Република за редовни натпревари во рамките на Лигата. Стеауа ги игра своите натпревари на стадинот Генчеа,сместен во југозападен Букурешт.Како дел од спортскиот комплекс на Стеауа(Complexul Sportiv Steaua),стадинот е отворен на 9 април 1974 година,со пријателскиот натпревар меѓу истоимениот клуб о ОФК Београд,што во тоа време претставува единствениот стадион некогаш изграден во комунистича Романија,без атлетска патека. Првичниот капацитет на стадионот беше за 30 000 лица на клупи.Големо реновирање се случи во 1991 година,што вклучуваше поставување на рефлектори,изградба на соба за ВИП личности,како и поставување на седишта,со што капацитетот се намали на 28 139. По втората реконструкција во 2006 година,со која беше опфатена и обнова на тревата на теренот,Генчеа доби можност да биде домаќин на натпревари од Лигата на Шампионите.Според класификацијата на УЕФА за европски стадиони,Генчеа е стадион од трета категорија.Во последно време,постојат информации дека ќе се зголеми капацитетот на стадионот на 45 000 или 60 000 седишта. Репрезентацијата на Романија исто така настапува на овој стадион.Првиот натпревар го одигра во март 1977 година против Турција.Оттогаш,има одиграно 59 натпревари,од кои последниот во октомври 2006 година против Белорусија.Исто така,на овој стадион во 1998 година,одиграни се неколку натпревари од Европското првенство за фудбалери помлади од 21 година,меѓу кои и финалето. КСА Стеауа го користеше долго овој стадион,кој беше изграден по наредба на Министерството за одбрана во внатрешноста на поранешна воена база. Од 2011 година,Стеауа ги игра своите натпревари од европските натпреварувања и другите позначајни натпревари на новиот стадион Национална Арена(Arena Nationala).

Навивачи

уреди

Според своите резултати,Стеауа е најуспешниот романски клуб и има најголем број на навивачи во државата.Анкетата од Јуни 2007 година,покажа дека околу 42 % од Романците навиваат за Стеауа,додека 12 % за Динамо Букурешт, а 9 % за Рапид Букурешт. Најголемата концентрација на навивачи е во населбите во близина на стадионот,во јужниот дел на Букурешт,град кој географски е поделден од реката Дамбовица.Исто така клубот ужива огромна поддршка од навивачите во внатрешноста на државата,како и надвор од границите,помеѓу романските емигранти. Ултрас движењето меѓу навивачите на Стеауа започна во 1995 година,кога беа поставени темелите на Армата Ултра(Armata Ultra),првата ултра група од Букурешт(и втора во Романија по групата Commando Viola Ultra Curva Sud,која го поддржува тимот на Политехника Темишвар).Набрзо,навивачката група се зголеми,но во 2001 година,се распадна поради проблеми меѓу членовите.Моментално навивачите на Стеауа се поделени во неколку групи(Tineretului Korps,Nucleo,Insurgentii,Armata 47 Vest,Roosters,Shadows etc.)повеќето од нив сместени на северната трибина(Peluza Nord).Друг дел од навивачките групи(Ultras,Stil Ostil,Glas,Vacarm,Banda Ultra,Hunters,South Boys,Outlaws,ERA) се сместени на јужната трибина(South End). Од 2006 година,навивачите формираа свое официјално здружение,наречено АИСС(Asociatia Independenta a Suporterilor Stelisti-Steaua Supporters’Independent Association).АИСС е формирано како правен субјект со свои наведени цели на заштита на интересите и имиџот на навивачите на Стеауа,како и идентификување и промовирање на трајните вредности на клубот. Важна тема на разговор за навивачите претставува расизмот.Ова произлегува од нивното соперништво со навивачите на Рапид Букурешт,кои често се претставени како етнички Роми.Проблемот се зголемува во одредени стиуации,при инциденти помеѓу навивачките фракции на Стеауа и Рапод.Во 2005-06 година,во квалификацискиот натпревар за Лигата на Шампионите против тимот на Шелбурн,се слушнаа расистички скандирања од дел од публиката,што доведе до суспензија на домашниот терен од еден натпревар во текот на истата сезона. Во последно време,инцидентите со навивачите е еден од најголемите проблеми на клубот.Во последните три сезони,стадионот Генчеа беше суспендиран 11 пати во домашната лига и еднаш во Купот на Уефа,поради проблеми со публиката,расистички скандирања и запалени светлечки ракети. Во 2009 година,Уефа ја казни Стеауа со два натпревари пред празни трибини поради расистички транспаренти на нивните навивачи во рамките на второто квалификациско коло против унгарскиот тим Ујпешт. Стеауа има најголемо соперништво со екипата на Динамо 1948 Букурешт.Големото дерби(Marele Derby) е најважниот натпревар во романскиот фудбал во последните 60 години,бидејќи Стеауа и Динамо(Стеауа има три победи помалку од соперникот) се двата најуспешни клубови во државата.Приврзаниците “црвени кучиња”(red dogs) имаат лоша статистика на нивната страница на Википедија.Тие ги бројат само натпреварите во лигата,што значи дека може да имаат предност од 9 победи во поглед на статистиката на навините натпревари ,но тоа е лага и со тоа можеби сакаат да ја прикријат нивната фрустрација. Досега,Стеауа и Динамо вкупно имаат одиграно 150 натпревари во романската Лига 1,Купот и романскиот Супер Куп.Динамо има 54 победи,Стеауа има 51 победа,а 45 натпревари завршиле нерешено.Двата клуба заедно имаат освоено 41 титула(Стеауа-23;Динамо-18),односно 23 титули од последните 26 сезони.Ова дерби всушност претставува судир на поранешните клубови на романската армија(Стеауа) и Министерството за внатрешни работи(Динамо).Често се случуваат судири помеѓу двете навивачки групи внатре и надвор од стадионот.Најголемиот инцидент се случи пред почетокот на натпревар во 1997 година,кога навивачите на Динамо го запалија секторот од јужната трибина на стадионот,каде што беа сместени.Во периодот меѓу октомври 1991 година и април 2000 година,Стеауа не беше поразена од своите најголеми соперници на 19 официјални натпревари во рамките на Лига 1 и Купот.Во период од 17 години и 7 месеци,Динамо Букурешт не успеа ниту еднаш да ја победи Стеауа на гостински терен во домашното првенство. Клубот има големи соперништво и со Рапид Букурешт.Неколку натпревари во последните години завршуваат со сериозни судири меѓу навивачите.Во сезоната 2005-06,соперништвото се зголеми откако Стеауа го елиминираше Рапид во нивното меѓусебно четвртфинале во Купот на Уефа.Локалните спортски весници објавија дека двата клуба ги дели линијата на трамвајот со број 41,што ги поврзува стадионот Генчеа со стадионот Валентин Станеску. Исто така,Стеауа има помали и историски соперништва со клубовите што не се од Букурешт,како Универзитатеа Крајова,Политехника Темишвар,Петролул Плоешти и Универзитатеа Клуж.

Статистика и рекорди

уреди

Моментално Стеауа може да се пофали дека е најуспешниот клуб во Романија.Со 62 сезони поминати во Лига 1,заедно со Динамо Букурешт(61 сезона),се единствените тимови што настапувале само во првата лига.Во исто време,клубот го држи рекордот за најмногу освоени титули во Лига 1(23),во Купот(21) и во Супер Купот(5).Помеѓу 1993 и 1998 година,тимот 6 пати последователно го освојуваше првенството,со што го израмни рекордот на Чинезул Темишвар од 20-тите години на 20-от век. На меѓународно ниво,Стеауа е единствениот романски клуб што освоил европски трофеи(ЕКШ во 1986 година и европскиот Супер Куп во 1987 година) и учествувал во два финалиња(во 1986 и 1989 година). За три години и три месеци(јуни 1986-септември 1989),Стеауа немаше пораз на 104 натпревари во лигата и така го постави светскиот рекорд,а сè уште го држи европскиот рекорд.Помеѓу ноември 1989 и август 1996 година,немаа пораз на 112 натпревари во лигата на нивниот стадион Генчеа.Во 1988 г.тимот оствари уште еден рекорд од 17 последователни победи,еднаков на рекордот на Динамо Букурешт,остварен една година подоцна. Тудорел Стоица е фудбалерот со најмногу настапи за Стеауа во Лига 1,рекорд што тешко ќе биде надминат во блиска иднина,бидејќи ниеден од моменталните играчи не е ниту првите десет.Најдобриот стрелец во историјата на клубот во лигата е Ангел Јорданеску со 146 голови,рекорд кој исто како и погоре споменатите тешко може да се надмине.Рекордот за најмногу настапи во репрезентацијата го држи Доринел Мунтеану со 134 натпревари,а Георге Хаџи ги држи рекордите за најдобар стрелец во репрезентацијата со 35 голови и за романски фудбалер со најмногу натпревари во европските купови со 93 настапи.

Сопственост

Отсекогаш Стеауа е познат како клуб на романската армија,основан во 1947 година,како дел од спортското друштво.Во тоа време клубот се нарекуваше КСА Стеауа Букурешт. Со цел да се почитуваат правилата на Уефа,фудбалскиот клуб се оддели од спортското друштво во 1988 година,во сопственост и финансиран од непрофитна организација наречена АФК Стеауа Букурешт(AFC Steaua Bucurest),со која претседава стопанственикот Виорел Паунеску. Во јануари 2003 година,инвеститорот и денешен политичар Георге Бекали,кој веќе имаше 51 % од акциите во спортското друштво(а подоцна ги купи сите),стана сопственик на клубот. Во моментов,Бекали не е официјално поврзан со клубот,бидејќи постепено се откажува од неговите акции.Сепак,фактите кажуваат дека денешните акционери во клубот се всушност неколку негови внуци,кои му се лојални и со тоа очигледно е дека Бекали е сè уште на чело на Стеауа.Неофицијалното објаснување за ваквата ситуација е претставено со големата сума на неплатени даноци,насобрани од претходните сопственици на клубот,компанијата АФК Стеауа Букурешт.Тие го избегнаа плаќањето на даночните власти,со пренесување на своите средства во новоформирана компанија,а старата компанија отиде под стечај. Моментално Георге Бекали е многу контроверзна личност,чие раководење со клубот и тимот често е опишано од медиумите и навивачите како апсолутистичко и диктаторско. Одлуките како таа да се продаде Стеауа на даночните власти,по скандалот со неплатени даноци,користењето на клубот за промоција на политичката партија New Generation Christian Democrat Party,со која тој претседава,забраната за музичкиот концерт на групата Квин(Queen) на стадионот Генчеа поради сексуалната ориентација на фронтменот Фреди Меркјури и големиот број отпуштања на тренери(меѓу кои и Георге Хаџи),се само дел од причините за моменталното незадоволство на мнозинството навивачи кон работата на Бекали.

Популарноста на Стеауа

уреди

Голем број музичари или телевизиски и филмски режисери добија инспирација од идеи поврзани со клубот,поради неговата огромна популарност во Романија.Сепак,популарноста се зголеми по Романската револуција во 1989 година,бидејќи пред тоа медиумските програми беа најчесто контролирани од поранешниот комунистички режим.Во 2002 година,романскиот филм Фурија(Furia) прикажа сцени во кои навивачките групи на Стеауа и Динамо се пресметуваат меѓусебе на улиците по натпреварот на тимовите.Комичното шоу Мондении(Mondenii) на телевизијата Прима(Prima) често емитува пародиски скечеви со сопственикот на Стеауа Георге Бекали,фудбалерите и другите претставници на клубот.Серијата Ла Блок(La bloc) на телевизијата Про(Pro) емитуваше епизода во која ликовите Нелу и Костел се појавуваат како претставници на Стеауа во натпревар за паркинг простор против двајца други соседи,кои се претставници на Динамо Букурешт. Неколку музички примери ја прикажуваат поврзаноста со Стеауа.Освен клупските химни објавени во периодот од Марсел Павел,Бере Гратис,Газ пе Фок,во 2006 година е објавен албум како компилација од Мирча Винтила, Чиканос,Богдан Дима и неколку други музичари.Деликт и Ултрас се две пораншни хип-хоп групи,чии членови ја отпеаја непостоечката навивачка група Армата Ултра и секогаш ќе прикажуват материјали поврзани со навивачите.Исто така,Волтај,во нивната песна MSD2 ги спомнаа(им се обраќа на)навивачите со стихот “Poți să fii câine sau poți fi stelist”(Можеш да бидеш куче или навивач на Стеауа). Поврзаноста на клубот со песната Марија(Maria)на германската група Скутер(Scooter),претставува една од најпознатите наводи на поп-културата.Во 2003 г. на северната трибина од стадионот, првпат и спонтано беше чуена песната,испеана од навивачите кога Стеауа ќе постигне гол.Ототогаш,тоа е неофицијална химна на клубот и се пушта на стадионот пред почетокот на секој натпревар.Сепак,песната ја губи својата популарност меѓу симпатизерите на Стеауа,главно поради тоа што стана премногу комерцијална и многу навивачи не се чувствуваат повеќе тесно поврзани со неа.

Успеси

Домашни натпреварувања

уреди

Лига:

  • Лига 1:

Освојувачи(23 пати):1951,1952,1953,1956,1959-60,1960-61,1967-68,1975-76,1977-78,1984-85,1985-86,1986-87,1987-88,1988-89,1992-93,1993-94,1994-95,1995-96,1996-97,1997-98,2000-01,2004-05,2005-06 • Второ место(13 пати):1954,1957-58,1962-63,1976-77,1979-80,1983-84,1989-90,1990-91,1991-92,2002-03,2003-04,2006-07,2007-08

Купови

уреди
  • Романскиот Куп:

Освојувачи(21 пат):1948-49,1950,1951,1952,1955,1961-62,1965-66,1966-67,1968-69,1969-70,1970-71,1975-76,1978-79,1984-85,1986-87,1987-88,1988-89,1991-92,1995-96,1996-97,1998-99,2010-11 Вицешампиони(7 пати): 1953,1963-64,1976-77,1979-80,1983-84,1985-86,1989-90

  • Супер Куп:

Освојувачи(5 пати):1994,1995,1998,2001,2006 Вицешампиони(3 пати):1999,2005,2011

Европски натпреварувања

уреди
  • Лига на Шампиони/Европски Куп на Шампиони:

Шампиони(еднаш):1985-86 Вицешампиони(еднаш):1988-89 Поразени во полуфинале(еднаш):1987-88

  • Супер Куп на Уефа/Европскиот Супер Куп:

Шампион(еднаш):1986

  • Европа Лига/Купот на Уефа:

Полуфиналисти(еднаш):2005-06

  • Куп на победници на купови на Уефа/Европски куп на победници на купови:

Четвртфиналисти(2 пати):1971-72,1992-93

Светски клупски натпреварувања

уреди
  • Интерконтинентален Куп:

Освојувач(еднаш): 1986

Наводи

уреди
  1. „Am cucerit Europa şi-n tribune! » Steaua – Chelsea a fost urmărit de cei mai mulţi suporteri dintre meciurile din optimile Europa League“.

Надворешни врски

уреди