Фиторемидијација на почвата во Велес
Фиторемидијација во Велес за деконтаминација на почвата од тешки метали се проекти и активности кои од 2006 година биле спроведувани на почвата во Велес, Македонија.
Истражувања на загаденоста на почвата
уредиВелешката почва била загадена од тешки метали. Главен извор на загадувањето била Топилницата која од 2003 година не работела. Истражувањата кои во неколку наврати биле спроведувани на примероци од почвата покажале висока концентрацијата на олово, кадмиум и цинк во почвата се уште биле десетици пати поголеми од дозволеното.[1]
Според д-р Михаил Кочубовски од РЗЗЗ, кој со свои колеги учествувал во испитувањето во студијата од 2001 до 2003 година. Студијата покажала зголемени вредности на оловото во крвта кај велешани. Во 2004 година, кога Топилницата не работела, имало отстапувања, односно немало високи вредности.
Во испитувањата кои биле извршени во 2005 година повторно имало поголемо присуство на олово во крвта, што значело дека проблемот опстојувал и тоа преку загадената почва, оцениле експертите. Олово и кадмиум во крвта имало повеќе кај пушачите и кај нивните деца.
Во мониторингот за проектот "Детална геохемиска проспекција на тешките метали – микроелементи во агрикултурните почви на просторот меѓу „Башино село - Речани" во 2004 година, кој бил спроведен за квалитетот на почвата во Велес и велешко, д-р Симеон Јанчев од Техничко-металуршкиот факултет од Скопје со финансиска поддршка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање од спроведениот мониторинг на состојбата со животната средина по затворањето на Топилницата изјавил дека истражувањата покажале дека земјата е пребогата со олово и со кадмиум, значително подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на квалитетот на водите во реката Вардар. Тридецениското емитирање на тешки метали предизвикало голема контаминација на продуктивната почва во Велешко. Резултатите од истражувањата кои биле спроведени покажале дека апсорпцискиот капацитет на земјата за прифаќање ново количество тешки метали е на ниско гранично ниво.
За решавање на овој проблем работеле и стручњаци на шпанската „Ептиса“[2], проект кој бил финансиран од фондовите на ЕУ. Тие пресметале дека е потребно да се отстрани земјата во Велешко во длабочина од 50 см на јавните површини на вкупно 23 хектари, за што ќе биле потребни 2,4 милиона евра, а за фиторемедијација на 80 хектари земјоделски површина потребни биле финансиски средства од 1,7 милион евра.
Најконтаминирана прва зона со кадмиум била околу топилницата, микролокалитетот “Хладњача“ и пресекот на железничката линија. Екстремно контаминиран простор имало и околу Фабриката за талк, за тули кај Горна Брца. Освен реонот околу Топилницата кој е долг пет километри и широк два километри, загадувањето на почвата со олово било зголемено и од десната страна на Вардар. Урбаното подрачје на градот до центарот исто така бил во оваа прва контаминирана зона. Во истото подрачје имало и контаминацијата со цинк.
Прв пионерски чекор во Македонија на фиторемедијација
уредиВо 2006 година бил започнат проектот на фиторемедијација на загадената почва[3] со тешки метали кој се спроведувал во соработка со еколошкото друштво „Вила Зора“ Велес, локалната самоуправа, Факултетот за земјоделски науки и храна и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Фиторемедијација е природен процес на деконтаминирање на почвата со помош на растенија-фиторемедијатори. Овие растенија имаат природна способност за апсорција на ттешките метали од почвата. Од коренот, преку стеблото, тие ги транспортираат тешките метали во листот.
Истражувањата до кои дошле земјоделските експерти со тестирање и анализи на почвата кои ги извршиле во периодот на 2005 и 2006 година во Велес и велешко биле многу загрижувачки.
Професорите од Земјоделскиот факултет, на прес конференцијата на јавноста и ги презентирале податоците од првата извршена фиторемидијација (деконтаминација на почва од тешки метали) во Велес, која била извршена волонтерски заедно со Општина Велес и ЕД „Вила Зора“.
Во период од две години 2007/09 година, во Велес, се извел првиот пионерски чекор во Македонија на отстранување на тешки метали со помош на растенија и втор на Балканот. Фиторемедијација експириментално била извршена на две локации во градот, во дворот на ООУ „Васил Главинов” и и на плацот на ЕСМ во близина на ветеринарната станица. Лечењето на земјата од тешките метали тие го спровеле со засадување на едногодишни растенија кои преку коренот, во себе ги складираат тешките метали. На парцелите биле засадени луцерка, бела детелина и маслодајна репка.[4]
Со овој обид кадмиумот во почвата бил исчистен до 77 отсто, споредбено со податоците пред засадување на растенијата. Експертите од Земјоделскиот факултет, кои го направиле истражувањето,од испитувањето на растенијата што биле посадени во 2006 година и го реализирале проектот за деконтаминирање на почвата од тешките метали изјавиле:
„Опитот е успешен и покажа дека на овој начин може да се исчисти загадената почва, а велешани да јадат незагадена храна„!Месноста Речани, која се наоѓа близу Велес, била еден од најизложените делови од загадувањето.Таму на големи површини се одгледувале земјоделски производи. Професор. д-р Татјана Прентовиќ изјавила: „Резултатите ни покажуваат дека од засадените растенија што ги тестиравме, овие растенија успешно извлекле од почвата огромни количества на тешки метали, тие извлекле од земјата и до 50% од тешките метали.Посебно алармантно е високото присуство на кадмиум, кого го има за десет пати повеќе од максимално дозволените вредности (МДК), додека оловото и цинкот се за нешто повеќе присутни од МДК. Македонија нема законски утврдено вакви вредности и работевме според стандардите на ЕУ“.[5]
Бидејќи Македонија немала правилник за присуство на тешките метали во почвата и растенијата, за споредба тие го земале правилникот за присуство на тешките метали во почвата и растенијата од Холандија. Таму целната вредност за олово била до 85 мг/кг, а на кадмиум е 0,8 мг/кг. Интервентна вредност над која почвата не смее да се користи е 530 мг/кг за олово и 1,2 мг/кг за кадмиум.[6]
Во енормно големи количини оловото, кадмиумот и цинкот се уште биле присутни и до 40 см во длабочина на почвата. Половина од количеството на тешките метали преку коренот на растенијата се разградувал и во земјоделските култури кои се одгледувале на обработливите површини во градот. Со нивното консумирање граѓаните биле изложени на огромни здравствени ризици.
Планирано било да се зголемат и површините на кои ќе се садат растенија какоː добиточна репка, кељ, бела детелина и луцерка. Со нивно садење спрема спроведените истражувања очекувале дека ќе се исчисти загадената почва.
Според изјавите на екологистите и фактичката состојба во градот во тој периот Државните институции не покажале голем интерес за чистење на почвата од тешките метали во Велес. Во 2006 година тие одобриле само 100 илјади денари за фиторемидијација.
Хемиската анализа на почвата во 2008 година
уредиИспитувањата на почвата за тотални и растворливи материи покажале огромно присуство на тешки метали на длабочина од 20-40 см во почвата.На локацијата на ЕСМ -Велес на длабочина од 20-40 см во почвата била евидентирана загаденост со кадмиум од 24,93мг/кг, во дворот на ООУ „Васил Главинов“
42,09 мг/кг додека МКД на овој тежок метал 1 1-3 мг/кг што покажува дека е ммногу пати над дозволеното.слична била и состојбата со олово и цинк во почвата при што биле застапени во концетрации и до 619,00 мг/кг а МКД на оваа длабочина е 50 мг/кг. високи концентрации на олово и цинк се наоѓале и во растенијата. на пример во тутунот концентрацијата на оловото била 72-87 мг/кг, во апанаѓот била 59-81 мг/кг, додека во зелката22-51 мг/кг а максимално дозволени граници на нивна концентрација се 5мг/кг.
Хемиската анализа на почвата во 2010 година
уредиХемиската анализа на почвата била извршена и во август 2010 година со експерти од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Резултатите од испитувањето кое било спроведено со хемиската анализа на земјата од Градскиот и од Младинскиот парк во Велес дала поразителни податоци за присуство на двата метала, кои се опасни за здравјето на луѓето.
Велешката почва била уште енормно загадена со тешките метали олово и кадмиум, Во најплиткиот слој земја во Младинскиот парк, кое е омилено место за забава и игра на велешките деца, средните вредности на кадмиум биле 15 пати повисоки од максимално дозволените, а кај оловото – и до четирипати повисоки и ги надминувале критичните гранични вредности.
Претседателот на Еколошкото друштво „Вила Зора“ д-р Ненад Коциќ, на презентацијата на резултатите пред јавноста од анализата на почвата изјавил:
„Резултатите добиени на одредени локации се застрашувачки - кадмиумот го има со 19,7 наспроти дозволените 0,8 мг/кг, а оловото 589 наспроти 85 мг/кг. Со овие податоци „Вила Зора“ ќе ги запознае министерствата за здравство, за животна средина и за земјоделство. Тешките метали преку синџирот на исхрана стигнуваат до организмот на човекот. Според лекарите, оловото се складира во коските, крвта и во бубрезите и е опасно за човековото здравје, а особено штетен е кадмиумот, кој е канцероген елемент и најмногу влијае на гастро-трактот. Стручњаци од Републичкиот завод за здравствена заштита и од Клиничкиот центар во Скопје од 2004 до 2006 година работеа на проучување на здравствената состојба на велешани, во проект финансиран од Владата. Во него како финален заклучок е наведено дека постои евидентен здравствен и еколошки ризик, тоа е загаденоста на почвата, кој мора да се реши. Во решавањето треба да се вклучат надлежните министерства и локалната власт.
- Во Велес треба да се санираат јавните површини - училиштата и детските градинки, игралиштата и кругот на овие институции. Треба да се сменат почвата, тревата, земјата, песокот, да се засадат дрва, цвеќиња“!
Деконтаминација на почвата во 2008 година
уредиПроцесот на деконтаминација Еколошкото Здружение „ВИЛА ЗОРА“ од Велес го започнале на две опитни површини. Биле поставени по принципот на двоен затворен рамномизирачки систем, во четири варијанти. Биле засадени три типа на растенија, луцерка, бела детелина и кељ. Растенијата биле редовно одржувани и надгледувани од страна на соработници-експерти. по 6 месеци со анализа на тие растенија било забележано апсорбирање на растворливата форма на тешките метали од 15-95 %.
Со цел да се споредат капацитетите за апсорбирање на тешките метали од повеќе видови на растенија, екологистите од Вила Зора следната година насадиле нови видови. Следната 2009 година тие вршеле тестирања со нови култури на пченка, лале и масодајна репка.
По две години деконтаминација на почвата со насади од луцерка резултатите од почвените анализи покажале дека на опитните површини имало значително деконтаминирање на почвата.
опитно место двор на ООУ „Васил Главинов“ Велес
форми на тешки метали мг/кг |
Cd | Pb | Zn |
---|---|---|---|
длабочина во см | Кадмиум | Олово | Цинк |
0-40 см во 2006 година | 38,82 | 619,00 | 945,50 |
0-40 см во 2008 година | 8,71 | 340,50 | 401,00 |
Деконтаминација на почвата со маслодајна репка во 2011 година
уредиВо 2011 година ЕД "Вила Зора" преку предавања и едукација, на локалните земјоделци им ја презентирала потребата од маслодајната репка на земјоделските површини во околината на Велес. Стручњаците од истражувањата посочувале дека маслодајната репка има голема моќ за апсорпција на тешките метали, со кои прекумерно е богата велешката почва. Оваа култура да се одгледува во Велешко, бидејќи од маслодајната репка ќе имаат двојна корист, економска и еколошка.. Од репката потоа ќе може да се преработува и да се добива биогориво.
Тогашниот претседател на ЕД "Вила Зора" д-р Ненад Коциќ изјавил: Задоволни сме од одѕивот на земјоделците. Тие сакаат да ја исчистат почвата од оловото и кадмиумот. Овој процес ќе биде долг, но за три години ги очекуваме првите резултати, кога на некои земјоделци ќе им доделиме и сертификат дека почвата е еколошки чиста и деконтаминирана од тешки метали.
Поради ограничениот буџет со кој располагало ова еколошко друштво, тие можеле да одговорат на барањата за одгледување маслодајна репка на неколкумина земјоделци. Екологистите се обврзале да им даваат семе и да ја откупуваат репката, за потоа маслодајната репка да биде преработена во биогориво.
За овој проект тие екологистите обезбедиле средства преку норвешката амбасада, со кои била купена и инсталирана опрема во АД "Благој Ѓорев", Велес кој им ги ставил бесплатно на располагање нивните простории, вработен и технички капацитет. Од продажбата на биогоривото од "Вила Зора" планирале во наредниот период да го финансираат одгледувањето на маслодајната репка.
Во периодот на 2015 година екологистите ги повикале и преку локалните медиуми, земјоделците кои се заинтересирани да одгледуваат маслодајна репка или да постават зеолит на своите земјоделски површини да дојдат во здружението.[7]
Присуството на тешки метали се зголемува во 2018 година
уреди„Да ја заштитиме почвата“ е проект на екологистите кој бил финансиран од УСАИД за деконтаминација на загадената почва во Велес и околината со засадување на маслодајна репка како фиторемедијатор во периодот 2018/2019, а потоа преку лабораториски анализи на почвата од страна на стручњаци од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес утврдиле дека и после деконтаминацијата во почвата уште е присутно загадувањето со тешки метали.
Почвата во Велешко близу Топилницата не само што била загадена, туку присуството на тешки метали на почвата се зголемувала иако таа не работела веќе 15 години. Вакви резултати покажале испитувањата кои ги спровело еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес во 2018 година, кои биле презентирани пред јавноста и медиумите во 2019 година. Високите вредности на тешки метали во почвата се однесувале на површините кои се наоѓале во близина на Топилницата, во месностите: Речани, Шорка и кај Башино Село.
Кире Кочов од ЕД „Вила Зора“ изјавил; „Во 2018, присуството на тешките метали беше високо над референтните. Оловото го имаше 201,6 мг/кг, а кадмиумот 7,2 на длабочина до 20 сантиметри. Годинава, откако извршивме деконтаминација и чистење на почвата, се покажаа и повисоки вредности, што е изненадувачки. Оловото беше присутно со 218, а кадмиумот со 11 мг/кг. Присуството на тешки метали на длабочина од 21-40 см е со тренд на опаѓање. Во 2018 оловото било присутно со 195,2 мг/кг, а кадмиумот со 7,2 мг/кг. По чистењето на почвата во 2019 година резултатите беа далеку подобри. Оловото го имаше 82 мг/кг, а кадмиумот 3,6. Ова ни покажува дека маслодајната репка, со која вршевме деконтаминација, успеала да апсорбира дел од тешките метали. Кај неа, во листот и коренот измеривме присуство на 3мг/кг олово и 2 мг/кг кадмиум“.
Постапката за замена на почвата од јавните површини во градот и поблиската околина во 2019 година е прекината.[8] Од Еколошкото друштво „Вила Зора“ посочиле дека сè додека не исчисти Депонијата со троска, што се наоѓа на влезот во градот од правец на Скопје нема ефект врз почвата врз која се врши деконтаминација. Согласно член 51 од Закон за животна средина, општините се должни сите информации во врска со животната средина да им ги направат достапни на граѓаните.
-
насади со луцерка за деконтаминација на загадената почва во Велес
-
Влезот на Топилница за олово и цинк во Велес
Наводи
уреди- ↑ „Магдонос, кромид, домат - зачинети со метали“. Радио МОФ (англиски). 2020-03-14. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „„Ептиса": Бранислав Димитријевиќ во Ерменија беше ангажиран од лидерската консултантска компанија“. Фактор Портал. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Загадување на почвата“. Википедија. 2024-01-03.
- ↑ „Деконтаминација на почвата во Велес“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2024-05-31.
- ↑ Телевизија Здравкин (2015-12-21), ЕД „Вила Зора“ започнува со деконтаминација на почвата 21.12.2015, Посетено на 2024-05-31
- ↑ „ЕКОЛОГИСТИТЕ ПРЕСТАНАА СО ЧИСТЕЊЕ НА ПОЧВАТА ВО ВЕЛЕС ОТИ И НОВАТА ПОЧВА Е ЗАГАДЕНА СО ТЕШКИ МЕТАЛИ“. Сакам Да Кажам. 2019-07-02. Посетено на 2024-05-31.
Надворешни врски
уредиНајнови истражувања за загедоност на почвата
Во Велес се чисти земјата од тешките метали
Зеленчук збогатен со олово и кадмиум
Бесплатна деконтаминација на земјоделските површини во Велес, со зеолит и маслодајна репка