Големата рецесија

светска финансиска и економска криза од крајот на 2007 до 2012 г.

Големата рецесија или финансиска криза од 2007 г. е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот. На многу места, страдаше и пазарот со недвижнини, резултирајќи со многу иселувања, запленувања и продолжени одмори. Многу економисти сметаат дека е најлошата финансиска криза после Големата криза од 1930-тите. Таа придонесе за пропаѓање на клучни бизниси, намалување на потрошувачката моќ пресметано во трилиони американски долари, значителен пад на економската активност, а владите мораа да преземат важни чекори. Многу мерки, со различна тежина биле предложени од експертите. Пазарни, но и регулаторни решенија се имплементирани, или пак се разгледуваат, додека сѐ уште има големи ризици за светската економија за периодот од 2010-2012 г.

Карта на светот која покажува раст на реален БДП за 2009

Колапсот на глобалниот пазар со куќи, кој го достигна врвот во САД во 2006, предизвика драстично паѓање на вредноста на акциите поврзани со недвижнините, наштетувајќи им на финансиските институции ширум светот. Прашањата во врска со платежната способност на банките, неможноста за издавање кредити и недовербата на инвеститорите имаа удар врз глобалните берзи, кадешто акциите доживеаа големи падови за време на крајот на 2008 и почетокот на 2009. Економиите во светот забавија во овој период какошто кредитните услови се затегнаа, а меѓународната трговија опадна. Критичарите тврдат дека агенцииите за кредитен рејтинг и инвеститорите не успеале прецизно да го оценат ризикот при финансиските зделки поврзани со хипотеки, а владите не ги прилагодиле нивните регулаторни практики кон финансиските пазари на 21 век. Владите и централните банки одговорија без преседан со фискално стимулирање, проширување на монетарната политика и финансиска помош на институциите.

Одлики и причини уреди

Првичната причина за кризата е падот на американскиот пазар со недвижнини кој го достигна својот врв околу 2005-2006 г. Високите стандардни стапки за повторно позајмување и променливи хипотеки почнаа да се зголемуваат веднаш после тоа. Зголемувањето на пакет кредитите, маркетингот и стимулирањата како лесни почетни услови и долгорочен раст на цените на куќите ги охрабри заемобарателите да прифатат ризични хипотекти надевајќи се дека набрзо ќе може да ги отплатат по попривлечни цени. Сепак, какошто каматните стапки се зголемуваа, а цените на куќите доживеаа умерен пад во многу делови на САД во 2006-2007 г., отплаќањето станало потешко. Активностите како поништување на хипотека се зголемиле драматично, какошто лесните почетни услови истекувале, цените на куќите не се зголемувале според очекуваното, а каматните стапки за променливи хипотеки се зголемиле. Ниските каматни стапки и големиот прилив на странски средства создале лесни кредитни услови за неколку години пред да почне кризата, поттикнувајќи го бумот со изградба на куќи и потрошувачка со заеми. Комбинацијата на овие два фактора придонела за бумот со продажба на куќи во САД. Различните заеми (на пр. хипотеки, кредит, лизинг) биле лесно достапни, а потрошувачите станале се позадолжени. Како дел од бумот со куќи и кредити, значително се зголемил бројот на финансиски договори како хипотекарни хартии од вредност и колатерални долгувања кои ја добивале својата вредност од хипотекарните плаќања и цените на куќите. Ваквата финансиска иновација им овозможила на институциите и инвеститорите од целиот свет да вложуваат во американскиот пазар со недвижнини. Но, со падот на цените, поголемите глобални финансиски институции кои позајмувале и вложувале во стандардните хипотекарни хартии од вредност, пријавиле значителни загуби. Ниските цени резултирале со помала вредност на куќите од самиот хипотекарен заем, што претставувало финасиски стимул за поништување на правото на ослободување од хипотека. Епидемијата на поништување на хипотеките која започна во САД кон крајот на 2006 продолжува да го црпи богатството на потрошувачите и ја намалува финансиската моќ на банкарските институции. Неможноста да се исплатат и губењето на други типови на заеми исто така се зголемило значително какошто кризата се проширила од пазарот со недвижнини во другите делови од економијата. Вкупните загуби се проценуваат на трилиони долари глобално.[1]

За време на бумот со куќи и кредити, повеќе фактори предизвикале финансискиот систем да се прошири, но и да стане покревок, процес познат како финансијализација. Изготвувачите на политики ја занемариле сè поголемата улога која ја имале финансиските институции како инвестиционите банки и хеџ фондовите, познати како и банкарски систем во сенка. Некои експерти сметаат дека овие институции биле исто толку важни како и комерцијалните (депозитарни) банки во снабдувањето на американската економија со кредити, но тие не биле предмет на истите регулирања. Овие институции, како и некои регулирани банки исто така си припишуваат долгови при снабдувањето со гореопишаните заеми и немале финансиска потпора доволна за покривање на големите загуби од невратените кредити и хипотекарните долгови. Овие загуби придонеле за намалена способност за издавање на кредити и со тоа се забавила економската активност. Загриженоста во врска со стабилноста на клучните финансиски институции ги натерала централните банки да обезбедат средства за се охрабри позајмувањето и да се врати надежта во пазарот со комерцијални хартии од вредност кој е интегрален дел од финансирањето на деловните операции. Владите исто така ги спасувале клучните финансиски институции и имплементирале економски стимулативни програми, преземајќи и дополнителни значајни финансиски мерки.

Раст на продажбата на куќи уреди

Во периодот меѓу 1997 и 2006, цената на една типична американска куќа се зголемила за 124%. За време на двете декади до крајот на 2001, националната просечна цена на куќите била од 2,9 до 3,1 пати поголема од просечниот годишен приход на едно домаќинство. Овој однос се зголемил на 4,0 во 2004 и 4,6 во 2006 г. Овој раст на цените на куќите резултирал со зголемување на каматните стапки за отплаќање на куќите или се јавила потреба за земање на друга хипотека обезбедена со проценување на цената.

Во програмата со наградување Пибоди Аворд, дописниците за NPR тврделе дека овој „огромен базен со пари” (претставен од 70 трилиони долари во светското фиксно инвестирање) бара поголеми камати отколку државните обврзници во таа деценија. Потоа, овој базен со пари речиси ја удвоил својата големина од 2000 до 2007, иако релативно сигурните инвестиции не растеле со таа брзина. Инвестиционите банки на Вол Стрит одговориле на ова со хипотекарни хартии од вредност и колатерални долгувања, кои добиле добар рејтинг од агенциите за кредитен рејтинг. Во суштина, Вол Стрит го поврзал овој базен со пари со пазарот на хипотеки во САД, со големи даноци кои се насобирале кај оние во синџирот со хипотеки, со продавање на заемите од хипотекарен брокер на помали банки кои ги финансирале брокерите, како и на гигантски инвестициони банки кои стоеле зад нив. Околу 2003 г. значително се намалил бројот на хипотеки кои потекнувале од традиционалното позајмување. Сепак, незапирливата голема побарувачка на хипотекарни хартии од вредност и колатерализирани долгувања предизвикала намалување на стандардите за позајмување, бидејќи сѐ уште имало можност за продавање на хипотеките во синџирот на понуди. Евентуално, овој шпекулативен раст на продажбата на куќи се покажал неодржлив.[2]

Колатералните долгувања им овозможиле особено на финансиските институции да обезбедат инвестициски средства за да го финансират повторното позајмување и другите типови на позајмување, проширувајќи и зголемувајќи ја продажбата на куќи и собирајќи големи такси. Суштински колатералните долгувања ги сместува плаќањата во готовина и другите долгувања во еден единствен кош, од кадешто се алоцираат парите во специфични акции во приоритетна секвенца. Овие акции кои обезбедуваат готовина први добиле рејтинг за нивото на инвестиции од рејтинг агенциите. Акциите со помал приоритет добиле готовина после тоа, со помали кредитни рејтинзи, но теоретски со поголема стапка на враќање на инвестираното.

До септември 2008, просечните цени за сместување во САД опаднале за 20% од нивниот врв во средината на 2006. Со падот на цените, позајмувачите на хипотеки со променливи стапки не можеле да ги отплатат за да ги избегнат повисоките плаќања поврзани со растечките камати и дошле во ситуација на банкрот. За време на 2007, позајмувачите почнале процес на поништување на хипотеките на околу 1,3 милиони поседи, што е зголемување за 79% од 2006. Бројот се зголемил на 2,3 милиони во 2008, што е зголемување за 81% од 2007 г. До август 2008, 9,2% од сите американски хипотеки биле или нелегални или во фаза на поништување. До септември 2009, овој процент се зголемил на 14,4%.[3]

Лесни кредитни услови уреди

Помалите камати го поттикнале позајмувањето. Од 2000 до 2003, Федералните Резерви го намалиле нивото на федерални средства од 6,5% на 1,0%. Овој потег е направен за да се олеснат ефектите од колапсот на интернет-берзата и терористичките напади од септември 2001, како и за справување со зголемениот ризик од дефлација.

Дополнителен притисок за намалување на каматите бил создаден и од американскиот висок и растечки дефицит на тековната сметка, кој го достигнал врвот заедно со бумот на куќите во 2006. Бен Бернанке објаснува како трговскиот дефицит ги натерал САД да земаат заеми од странство, при што се понудиле повеќе обврзници, а се намалиле каматните стапки.

Бернанке објаснил дека меѓу 1996 и 2004, американскиот дефицит на тековната сметка се зголемил за 650 милијарди, од 1,5% на 5,8% од БДП. Отплаќањето на овој дефицит ги приморало САД да земаат големи заеми од странство, главно од држави кои имале трговски суфицит, како што се азиските растечки економии и земјите-извознички на нафта. Според балансот на платежниот идентитет, држава (како САД) со таков дефицит на тековната сметка треба да има и соодветен суфицит (инвестирање) на капиталната сметка. Оттука, големите и растечки средства (капитал) од странство служи за финасирање на увозот. На овој начин се јавила побарувачка на различни типови на финансиски инвестиции, зголемувајќи ги цените на тие инвестиции, додека каматите се намалувале. Странските инвеститори ги имале овие средства за да ги дадат како заем и тоа бидејќи имале многу високи стапки за лични заштеди (до 40% во Кина), или поради високите цени на нафтата. Бернанке го нарекол ова „презаситена заштеда”. Приливот на средства (капитал или ликвидност) досегнал до американските финансиски пазари. Странските влади обезбедиле средства со купувањето на државните обврзници на САД и со тоа избегнале поголемо влијание од кризата. Од друга страна, американските домаќинства ги користеле позајмените странски средства за финансирање на потрошувачката и за зголемување на цените на сместувањето и финансиски инвестиции. Финансиските институции инвестирале странски средства во хипотекарни хартии од вредност.

Тогаш Федералните резерви ја значително зголемиле стапката на средствата во периодот меѓу јули 2004 и јули 2006 г.[4] Ова придонело за зголемување на едногодишната и петгодишната стапка на хипотеките со променливи стапки правејќи ги каматните стапки за променливи хипотеки поскапи за куќосопствениците. Ова веројатно придонело и за намалувањето на продажбата на куќи, какошто вредноста на имотите се движи обратнопропорционално со каматите и се зголемува ризикот за шпекулирање со сместувањето. Американските финансиски и средства од сместувањето драматично ја намалиле својата вредност после бумот со куќите.

Повторно позајмување уреди

Терминот повторно позајмување се однесува на квалитетот на кредитот земен од одредени заемобаратели, кои имаат ослабени кредитни истории и поголем ризик да не успеат да го вратат кредитот отколку оние кои позајмуваат по првпат.[5] Вредноста на американските хипотеки земени по вторпат е проценета на 1,3 трилиони долари заклучно со март 2007, а заложените хипотеки по првпат вределе повеќе од 7,5 милиони.

Освен лесните кредитни услови, постои доказ дека и притисоците од владата и конкуренцијата придонеле за зголемувањето на хипотеките по вторпат низ годините пред кризата. Поголемите американски инвестициони банки и претпријатија спонзорирани од владата како што е Фани Меј одиграле важна улога во зголеменото високо ризично позајмување.

Повторните хипотеки претставувале помалку од 10% од сите хипотеки до 2004 год, кога одеднаш скокнале на 20% и останало така сè до максимумот со продажбата на куќи во САД во 2005-2006. Непосреден настан со ова зголемување била одлуката на американската Комисија за хартии од вредност и берзи од април 2004, за олеснување на правилото за нето капитал што им овозможило на најголемите пет инвестициони банки драматично да ја зголемат нивната финансиска потпора и агресивно да го зголемат издавањето на хипотекарни хартии од вредност. Ова предизвикало дополнителен притисок врз Фани Меј и Фреди Мак што понатаму го зголемило нивното ризично позајмување. Стапката на престапност при исплаќањето на повторните хипотеки останала на 10-15% од 1998 до 2006 год, а после тоа почнала брзо да расте, скокајќи на 25% до почетокот на 2008 г.

Некои луѓе како Питер Џ. Волисон од Американскиот претприемнички институт,[6] сметаат дека корените на кризата потекнуваат токму од повторното позајмување од Фани Меј и Фреди Мак, кои се субјекти спонзорирани од владата. На 30 септември 1999, Њујорк Тајмс известува дека администрацијата на Клинтон го фаворизирала повторното позајмување:

Фани Меј, најголемиот национален обезбедувач на кредити за куќи е под зголемувачки притисок од Клинтоновата администрација да го прошири издавањето на заеми меѓу луѓето со мал и среден приход...Ближејќи се, дури и колебливо кон оваа нова област на давање заеми, Фани Меј е изложена на значително поголем ризик, кој можеби нема да предизвика некои тешкотии за време на просперитетните економски периоди. Сепак, корпорацијата субвенционирана од владата може да се најде во неволја за време на економски пад, при што ќе има потреба да биде спасувана од владата слично како штедната и кредитната индустрија во 1980-тите.[7]


Една студија на Одделението за резервни резерви на САД од 2000 г. во врска со трендовите на позајмување направена за 305 градови од 1993 до 1998 г. покажала дека 457 милијарди долари кредити за куќи се излеале од заемодавателите покриени со CRA во позајмувачите и соседствата со ниски и средни приходи. Сепак, само 25% од сите хипотеки земени по вторпат потекнувале од институции покриени со CRA (закон според кој банките треба да исполнат некои критериуми за да издаваат кредит), а 50% од повторните хипотеки потекнувале во потполност од институции кои биле ослободени од CRA.

Други истакнуваат дека вредноста на овие заеми не била доволна за да се предизвика криза со вакви размери. Во статија во Портфолио магазинот, Мајкл Луис зборувал со еден трговец кој забележал дека „Нема доволно Американци со слаб кредитен рејтинг кои земаат лоши заеми за да ги задоволат апетитите на инвеститорите за продажба на производот”. Во суштина, инвестиционите банки и хеџ фондовите ја користеле финансиската иновација за да синтетизираат повеќе заеми користејќи деривативни инструменти. „Тие создавале премногу заеми. Сто пати повеќе. Затоа загубите се многу поголеми од заемите.”

Економистот Пол Кригман во јануари 2010 тврдел дека симултаниот раст на цените на резидентните и комерцијалните недвижнини ја поткопува тезата на оние кои тврдеа дека Фани Меј, Фреди Мак, CRA или предаторското позајмување биле главните причини за кризата. Со други зборови, зголемениот раст на цените се јавил и во двата пазари, иако само пазарот со резидентни недвижнини бил погоден од овие потенцијални причини.[8]

Предаторско позајмување уреди

Предаторското позајмување се однесува на практиката на нескрупулозните заемобаратели, да земаат „несигурни” или „непроверени” заеми за несоодветни цели. Класичниот метод на мамка и улов бил употребуван од Кантривајд, кои рекламирале ниски камати за отплаќање на куќите. Таквите заеми биле опишани во долги договори со опширни детали, при што тие се претвориле во поскапи зделки на денот на затворањето. На пр. според рекламата окаматувањето би било 1 до 1,5%, но потрошувачот би бил изложен на променлива хипотекарна стапка при што би требало да плати повеќе отколку планираното. Ова создало негативна амортизација која потрошувачот може да не ја забележи долго после извршувањето на трансакцијата.

Кантривајд, тужени од калифорнискиот јавен обвинител Џери Браун за „Нелојални деловни практитки” и „Лажно рекламирање”, издавале хипотеки со високи цени на „куќосопственици со мал кредитен рејтинг“, променливи хипотекарни стапки кои им овозможиле на куќосопствениците исплаќање само на каматниот дел”.[9] Кога цените на куќите се намалиле, куќосопствениците со променливи хипотеки тогаш имале мал стимул за да ги исплатат месечните долгови, бидејќи нивниот главен капитал бил истрошен. Ова предизвикало финансиската состојба на Кантривајд да се влоши, на крајот резултирајќи со одлука на Управата за надзор на штедењето да се заплени заемодавателот.

Поранешните вработени во Америквест, водечкиот американски заемодавател на големо, го опишуваат системот во кој тие биле натерани да ги лажираат хипотекарните документи, а потоа да ги продаваат на банките на Волстрит кои имале желба за брз профит. Има сè повеќе докази дека ваквите измами со хипотеки може да претставуваат причина за кризата.

Дерегулација уреди

Критичарите тврделе дека регулаторната рамка не била во чекор со финансиската иновација, како на пр. банкарскиот систем во сенка, деривативите и вонбилансните финансирања. Во други случаи, законите се смениле или спроведувањето на нив ослабело во некои делови на финансискиот систем. Клучните примери вклучуваат:

  • Во октомври 1982, претседателот Роналд Реган го озаконил Депозитарниот институционален акт од Гарн-Св. Џермејн, кој го започнал процесот на банкарска дерегулација која ја потпомогнала кризата со заштедите и заемите кон крајот 80-тите и почетокот на 90-тите, како и финансиската криза од 2007-2010.
  • Во ноември 1999, претседателот Бил Клинтон го озаконил Грам-Лич-Блили актот, кој поништил дел од Глас-Стигал актот од 1933. Ова поништување било критикувано поради намалувањето на одвоеноста меѓу комерцијалните банки (кои традиционално биле конзервативни) и инвестиционите банки (кои биле склони на поголем ризик).
  • Во 2004, Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC) го либерализирале правилото за нето капитал, кое им овозможило на инвестиционите банки значително да го зголемат нивото на долгови до кое може да одат, поттикнувајќи го растот на хипотекарни хартии од вредност кои ги поддржувале повторните хипотеки. Комисијата признала дека саморегулирањето на инвестиционите банки придонело за разгорувањето на кризата.
  • Финансиските институции во банкарскиот систем во сенка не подлежат на истите регулации како депозитарните банки, овозможувајќи им да си припишат дополнителни должнички обврски поврзани со нивната финансиска подлога или капитална база. Ова било случај и покрај дебаклот на Долгорочниот капитал менаџмент во 1998, кадешто моќните институции во сенка кои доживеале неуспех со системски импликации.
  • Регулаторите и поставувачите на сметководствените стандарди им дозволиле на депозитарните банки како Ситигруп да префрлат значителни суми на вонбилансни средства и обврски во комплексни правни ентитети наречени структурни инвестициони инструменти, прикривајќи ја слабоста на капиталната база на фирмата или степенот на лостов ефект или преземен ризик. Една новинска агенција проценила дека првите четири американски банки ќе треба да вратат меѓу 500 милијарди и 1 трилион долари на нивната билансна состојба во текот на 2009. Ова ја зголемило неизвесноста за време на кризата во однос на финансиската состојба на поголемите банки. Вонбилансните ентитети биле исто така користени од Енрон како дел од скандалот поради кој пропаднала таа компанија во 2001.
  • Уште во 1997, претседателот на Федералните резерви Алан Гринспан се борел да го задржи пазарот со деривативи нерегулиран. По совет на Претседателската работна група за финансиски пазари, американскиот конгрес, како и претседателот на САД дозволиле саморегулирање на пазарот со неофицијални берзански деривативи со донесувањето на актот за модернизација на стоковите појави од 2000 г. Деривативите како замена на неисплатен кредит (CDS) може да бидат искористени за избегнување или шпекулирање на одредени кредитни ризици. Обемот на искористени замени на неисплатени кредити се зголемил 100 пати од 1998 до 2008, со проценки на долгот покриен од договорите на CDS, до ноември 2008, се движел од 33 до 47 трилиони долари. Вкупната фиктивна вредност на берзанските деривативи се зголемил на 683 трилиони до јуни 2008. Ворен Бафет фамозно ги нарекол деривативите „финансиско оружје за масовно уништување” на почетокот на 2003.

Зголемена задолженост и преоптовареност на лостовиот ефект уреди

Американските домаќинства и финансиските институции станале се позадолжени или со преоптоварен лостов ефект за време на годините пред кризата. Ова ја зголемило нивната ранливост од колапсот на бумот со куќите и ја влошило економската криза. Клучните статистики се:

  • Потрошувачите слободно користеле готовина од отплатениот дел од недвижнините, кој се зголемил двојно од 627 милиони долари во 2001 на 1.428 милијарди во 2005 г. какошто растела продажбата не недвижнините, вкупно околу 5 трилиони долари низ целиот период, придонесувајќи за економскиот раст на светско ниво. Американскиот хипотекарен долг поврзан со БДП се зголемил од просечно 46% за време на 1990-тите на 73% во текот на 2008, достигнувајќи 10,5 трилиони долари.
  • Долгот на американските домаќинства како процент од годишниот расположлив личен доход бил 127% кон крајот на 2007, споредено со 77% во 1990.
  • Во 1981, американскиот приватен долг бил 123% од БДП; а до третиот квартал од 2008 бил 290%.
  • Од 2004 до 2007, првите пет инвестициони банки во САД значително го зголемиле нивниот финансиски лостов ефект (види дијаграм), што ја зголемило нивната ранливост од финансиски шок. Овие пет институции пријавиле преку 4,1 трилиони долари долг за фискалната 2007 година, околу 30% од американскиот номинален БДП за 2007. Леман Брадерс била ликвидирана, Бер Стирнс и Мерил Линч биле продадени за оган цени, а Голдман Сакс и Морган Стенли станале комерцијални банки и подлегнале на построга регулација. Со исклучок на Леман, овие компании барале или добиле поддршка од владата.
  • Фани Меј и Фреди Мак, две американски претпријатија спонзорирани од владата, поседувале или гарантирале речиси 5 трилиони долари во хипотекарни долгувања во времето кога биле ставени под заштита на американската влада во септември 2008.

Кај овие седум ентитети имало висок лостов ефект и имале 9 трилиони долари во долгови или гарантни долгувања, огромна концентрација на ризик; но сепак не биле подложени на истата регулација како депозитарните банки.

Финансиска иновација и комплексност уреди

Терминот финансиска иновација се однесува на тековниот развој на финансиските производи кои имаат за цел да постигнат одредени цели на клиентите, како што е неутрализирањето на одредена изложеност на ризик (на пр. неуспешно исплаќање на кредитот) или за асистирање при добивањето на кредитот. Примери релевантни за кризата се: променлива хипотекарна стапка (ARM), претворање на повторните хипотеки во хипотекарни хартии од вредност (MBS) или колатерални долгувања за продажба на инвеститорите, што е некој вид на обезбедување; и форма на кредитно осигурување наречено замена на неиплатен кредит (CDS). Користењето на овие производи драматично се зголемило низ годините од почетокот на кризата. Овие финансиски производи варираат во комплексност и едноставност со кои би можеле да се вреднуваат во книговодството на финансиските институции.

Некоја финансиска иновација може да го има и ефектот на заобиколување на прописите, како вонбилансно финансирање кое го загрозува лостовиот ефект или капиталната отпремнина пријавена од поголемите банки. На пр., Мартин Волф на пишал во јуни 2009: „...огромен дел од тоа што банките го направиле во почетокот на оваа деценија-вонбилансните инструменти, деривативите и „банкарскиот систем во сенка” било за да се пронајде начин за регулација.”

Неправилно проценување на ризикот уреди

Проценката на ризик се однесува на дополнителната компензација која ја бараат инвеститорите за да преземат дополнителен ризик, кој може да се мери со каматни стапки или надоместоци. Поради различни причини, учесниците во пазарот не го прецизно измериле ризикот својствен за финансиската иновација како хипотекарните хартии од вредност и колатералните долгувања или не го сфатиле сериозно ударот врз целокупната стабилност на финансискиот систем. На пр. проценувачкиот модел за колатерализираните долгувања не го одразил добро нивото на ризик на којшто бил изложен системот. Просечната стапка на наплата за „висококвалитетни” колатерални долгувања била околу 32 центи по долар, додека стапката на наплата за мецанин колатерални долгувања била околу 5 центи за секој долар. Овие масивни, практично незамисливи загуби драматично ја загрозиле завршната сметка на банките низ целиот свет, оставајќи ги со многу малку капитал за продолжување на операциите.

Друг пример е АИГ, кои ги осигурале долгувањата од разни финансиски институции преку користењето на замена на неисплатен кредит (CDS). Основната CDS трансакција ја вовлекла АИГ во примање на премии во размена за ветување дека ќе исплатат пари на страната А во случај страната Б да не успее да го врати кредитот. Сепак, АИГ немале финансиска моќ да ги остварат нивните многубројни CDS заложувања какошто кризата напредувала и компанијата била преземана од владата во септември 2008. Американските даночни обврзници обезбедиле 180 милијарди долари за владината поддршка на АИГ за време на 2008 и почетокот на 2009, преку која се влевале пари во различни области од трансакциите со замена на неисплатен кредит, вклучувајќи многу големи глобални финансиски институции.

Ограничувањата на широко користениот финансиски модел исто така не биле добро сфатени. Оваа формула имала под претпоставка дека цената на CDS во корелација со и можела да ја предвиди коректната цена на хипотекарните хартии од вредност. Бидејќи била многу прилагодлива, набрзо почнале да ја користат голем процент на CDO и CDS инвеститори, издавачи и рејтинг агенции. Според една wired.com статија:

Тогаш моделот се распадна. Набрзо почна крахирање, кога финансиските пазари почнаа да се однесуваат на начин каков што не очекувале корисниците на Ли формулата. Пукнатините станале цели кањони во 2008 г. кога сломовите во основата на финансискиот систем проголтале трилиони долари и го ставиле во опасност преживувањето на глобалниот банкарски систем. Формулата на Дејвид Ли Госијанска копула ќе биде запаметена во историјата како инструментална во предизвикувањето на неизмерни загуби кои го ставиле светскиот финансиски систем на колена.

Какошто финансиските средства станувале се покомплексни и било потешко да се вреднуваат, инвеститорите биле разубедени од фактот што меѓународните рејтинг агенции за обврзници, како и банкарските регулатори, на кои се потпреле, ги прифатиле како валидни некои комплексни математички модели кои теоретски ги прикажале ризиците како многу помали отколку што всушност биле во практиката. Џорџ Сорос изјавил дека: „Супер бумот прекинал кога новите производи станале толку компицирани при што властите не можеле веќе да ги пресметат ризиците и почнале да се потпираат на методите на менаџментот за ризик воден од самите банки. Слично, и рејтинг агенциите се потпирале на информациите од иницијаторите на синтетичките производи. Тоа било шокирачко избегнување на одговорност.”


Бум и колапс на банкарскиот систем во сенка уреди

Во говорот од 2008 г. претседателот и извршен директор на Банката за федерални резерви на Њујорк, Тимоти Гајтнер, кој станал секретар на Министерството за финансии на САД, во голем дел ја префрлил вината за замрзнувањето на кредитните пазари врз „трчањето” на ентитетите во „паралелниот” банкарски систем, познат и како банкарски систем во сенка. Овие ентитети станале критични за кредитните пазари кои ја сочинувале основата на финансискиот систем, но не биле подложни на истите регулаторни контроли. Понатаму, овие ентитети биле ранливи бидејќи давале краткорочни заеми во ликвидните пазари за да купат долгорочни, неликвидни и ризични средства. Ова значело дека пореметувањата во кредитните пазари кај нив би предизвикала декапитализација, продавање на нивните долгорочни средства и многу ниски цени. Тој го опишал значењето на овие ентитети:

На почетокот на 2007, средствата во вид на комерцијални хартии од вредност, во структурирани инвестициони инструменти, според тендерска стапка, тендерски обврзници и побарувања со варијабилна стапка, имале комбинирана вредност од околу 2,2 трилиони долари. Средствата финансирани преку ноќ во тристрано репо пораснале до 2,5 трилиони долари. Средствата држани во хеџ фондови пораснале околу 1,8 трилиони долари. Комбинираните завршни сметки на петте најголеми инвестициони банки изнесувале 4 трилиони долари. Како споредба, вкупните средства на петте најголеми банкарски холдинг компании во САД во тој педиод биле преку 6 трилиони долари, а вкупните средства на целокупниот банкарски систем биле околу 10 трилиони долари. Комбинираниот ефект на овие фактори бил финансиски систем ранлив на само-зајакнувањето на цената на средствата и кредитните циклуси.


Пол Кругман, добитник на Нобелова награда за економија, го опишал функционирањето на банкарскиот систем во сенка како „создавање јадро” кое ја предизвикало кризата. Тој го нарекол овој недостаток на контрола како „злоќудно запоставување.”

Какошто банкарскиот систем во сенка станал сопернички, дури го надминал во важност конвенционалното банкарство, политичарите и службениците требало да бидат свесни дека се создавала некаква финансиска ранливост која ја направила возможна Големата депресија и тие требало да одговорат со проширување на регулациите и финансиската безбедносна мрежа за да ги покријат овие нови институции. Влијателните фигури требало да прогласат едноставно правило: секој ентитет што ги обавува истите функции како банките, секој ентитет што треба да биде спасен во кризи, на истиот начин како банките, треба да биде регулиран како банка.


Раст на стоковните цени уреди

Балонот со пораст на цените на стоките се создал по колапсот со продажбата на куќите. Цената на нафтата речиси тројно се зголемила од 50 долари на 147 од почетокот на 2007 до 2008 г. пред да почне да паѓа какошто финансиската криза почнала да се шири кон крајот на 2008. Експертите дискутираат за причините, кои вклучуваат и проток на пари од недвижнините и другите инвестиции во стоки, како и шпекулирање и монетарна политика или зголеменото чувство за недостаток на суровини во брзорастечката светска економија, па така и вработувањата во тие пазари, како што е кинеското присуство во Африка. Растот на цените на нафтата би ги натерал потрошувачите да пренасочат поголеми суми за гориво, што создава притисок за пад на економскиот раст во земјите-увознички на нафта, какошто богатството се концентрира земјите-произведувачи на нафта.

На 3 јуни 2008, во сведочење пред Сенатот во Комитетот за трговија, наука и транспорт, поранешниот директор на CFTC Одделението за тргување и пазари (одговорно за спроведување) Мајкл Гринбергер посебно ја спомнува Интерконтиненталната берза со седиште во Атланта, основана од Голдман Сакс, Морган Стенли и Бритиш Петролеум којашто одиграла клучна улога во шпекулациите со идните цени на нафтата тргувани надвор од регулираните соодветни берзи во Лондон и Њујорк. Џорџ Сорос исто така сведочел пред Комитетот.

Било забележено дека и растот на цената на бакарот се појавил во исто време како и растот на нафтените цени. Бакарот тргуван за околу 2.500 долари за тон од 1990 до 1999 г., кога паднал на околу 1.600 долари. Ниската цена траела до 2004 кога цената на бакарот скокнала на 7.040 долари за тон во 2008. Во февруари 2010, бакарот бил тргуван за 6.500 долари за тон и цената постепено паѓала.

Продажбата на никел доживеала бум при крајот на 1990-тите, тогаш цената на никелот имплодирала од околу 51.000 долари/36.700 фунти за метрички тон во мај 2007 до околу 11.550 долари/8.300 фунти за метрички тон во јануари 2009. Цените почнале да се опоравуваат дури во јануари 2010, но повеќето од австралиските рудници за никел отишле под стечај до тогаш. Какошто цените за висококвалитетна руда на никел сулфат се опоравиле во 2010, така почнала да се опоравува и австралиската рударска индустрија.

Системска криза уреди

Друга анализа, различна од објаснувањето на главните струи, е тоа дека финансиската криза е само симптом на друга, подлабока криза, која е систематска криза на самиот капитализам. Според Самир Амин, египетски марксистички економист, постојаното намалување на растот на бруто-домашниот производ во западните земји од раните 1970-ти создало растечки вишок на капитал кој недоволно бил искористен за профитабилни инвестиции во реалната економија. Алтернатива било да се насочи вишокот во финансискиот пазар, кој станал повеќе профитабилен отколку продуктивното капитално инвестирање, особено со последователно дерегулирање. Според Самир Амин, овој феномен довел до повторлив финансиски раст (како експанзијата со интернетот) и е длабоката причина за финансиската криза од 2007-2010.

Џон Белами Фостер, аналитичар за политичка економија и уредник на Monthly Review, верува дека намалувањето на стапката на раст на БДП од раните 1970-ти е поради растечката заситеност на пазарот.

Џон С. Богл напишал за време на 2005 дека серија на нерешени предизвици се соочуваат со капитализмот кои придонеле за минатите финансиски кризи и на нив не им било доволно обратено внимание:

Корпоративна Америка заскитала во голема мера бидејќи моќта на менаџерите долго време била буквално неконтролирана од нашите чувари... Тие не успеале да „држат око на овие гении” на кои тие ја довериле одговорноста за водење на најголемите американски корпорации.


Тој цитира посебни тематики, меѓу кои:

  • „Менаџерскиот капитализам” за кој тој тврди дека го заменил „сопственичкиот капитализам,” што значи дека менаџментот ја води фирмата за нејзина полза, наместо акционерите, тоа е варијација на проблемот директор-извршител;
  • Менаџирани приходи, главно се фокусира на цената на акциите отколку создавање на вистински вредности;
  • Неуспехот на чуварите, вклучувајќи ревизори, одбор на директори, аналитичари од Вол Стрит и кариерните политичари.

Улогата на економското предвидување уреди

Финансиската криза не била опширно предвидена од главната струја на економисти, кои наместо тоа зборувале за Големо забавување. Некои хетеродоксни економисти ја предвиделе кризата, со различни аргументи. Дирк Беземер, во своето истражување навел 12 економисти кои ја предвиделе кризата (со издржани аргументи и проценки за периодот): Дин Бејкер (САД), Вајн Годли (САД), Фред Харисон (В.Британија), Мајкл Хадсон (САД), Ерик Јаншен (САД), Стив Кин (Австралија), Јакоб Брохнер Мадсен и Јенс Кјаер Соренсен (Данска), Курт Рихебахер (САД), Нуриел Рубини (САД), Питер Шиф (САД) и Роберт Шилер (САД). Дадени се примери и од други експерти кои дале индикации за финансиската криза. Насловна тема во часописот BusinessWeek тврди дека економистите не успеале да ја предвидат најлошата меѓународна криза од Големата депресија во 1930-тите. Електронскиот бизнис весник на Вортон школата од Универзитетот на Пенсилванија испитува зошто економистите не успеале да ја предвидат големата глобална финансиска криза. Популарните статии објавени во масовните медиуми ја убедиле широката јавност да верува дека мнозинството економисти не успеале во своите обврски да ја предвидат финансиската криза. На пр., статија во Њујорк Тајмс информира дека економистот Нуриел Рубини предупредил за таква криза уште во септември 2006, а понатаму се наведува дека професијата на економистите е неуспешна во предвидувањето на рецесиите. Според Гардијан, Рубини бил смешен со предвидувањето на колапс на пазарот со куќи и светска рецесија, додека Њујорк Тајмс го етикетирале како „Д-р Судбина”. Повеќето од главната струја финансиски економисти веруваат дека финансиските кризи се едноставно непредвидливи, следејќи ја делотворната пазарна хипотеза на Јуџин Фама и поврзаната хипотеза за спонтано движење, кои соодветно тврдат дека пазарите ги содржат сите информации во врска со можните промени во иднина, како и тоа дека движењата на финансиските цени се спонтани и непредвидливи.

Удар врз финансиските пазари уреди

Удар врз финансиските институции уреди

 
Редица пред британската банка Нортерн Рок.

Меѓународниот монетарен фонд проценил дека големите американски и европски банки изгубиле повеќе од 1 трилион долари во штетни инвестиции и од лошите заеми од јануари 2007 до септември 2009. Овие загуби се очекува да достигнат 2,8 трилиони од 2007 до 2010 г. Загубите на американските банки било предвидено да достигнат 1 трилион, а на европските 1,6 трилиони долари. ММФ процениле дека американските банки достигнале 60% од нивните загуби, но европските само 40%.

Една од првите жртви била британската банка од средна големина Нортерн Рок. Преоптовареноста на бизнисот со лостовите ефекти предизвикало банката да бара заштита од Бенк оф Ингланд. За возврат, ова предизвикало паника кај инвеститорите и повлекување на парите од банката во средината на 2007. Повиците од либералниот демократ Винс Кејбл за национализирање на банката биле првично игнорирани; сепак, во февруари 2008 британската влада (неуспевајќи да најде приватен купувач) омекнала и банката била преземена во јавни раце. Проблемите на Нортерн Рок се покажаа како ран показател за неволјите што подоцна ќе ги имаат другите банки и финансиски институции.

На почетокот, погодени компании биле оние што биле директно вклучени во изградбата на домовите и издавањето на станбените кредити како Нортерн Рок и Кантривајд Фајненшл, бидејќи тие веќе не можеле да бидат финансирани преку пазарот со кредити. Преку 100 заемодаватели (на станбени кредити) банкротирале за време на 2007 и 2008. Загриженоста дека ќе пропадне инвестиционата банка Бер Стирнс резултирала со нејзината брза продажба на ЏП Морган Чејс. Кризата го достигнала својот врв во септември и октомври 2008. Неколку поголеми институции пропаднале, биле принудно продадени или биле преземени од владата. Тука спаѓаат Леман Брадерс, Мерил Линч, Фани Меј, Вашингтон Мјучл, Ваховија и АИГ.

Кредитните пазари и банкарскиот систем во сенка уреди

Во текот на септември 2008 кризата го достигнала своето најкритично ниво. Имало еквивалент меѓу повлечените пари од банките и заедничките фондови од пазарот на пари, кои биле често инвестирани во комерцијални хартии од вредност издавани од корпорациите за да ги финансираат нивните операции и платни списоци. Повлекувањата од пазарот на пари изнесувале 144,5 милијарди долари во текот на една недела, споредно со 7,1 милијарди во претходната недела. Ова ја намалила способноста на корпорациите да го заменат нивниот краткорочен долг. Американската влада одговорила со проширување на осигурувањето на сметките на пазарот на пари аналогно со депозитното осигурување на банките преку привремена гаранција, како и со програми на Федералните резерви за купување на комерцијални хартии од вредност. Ширењето на ТЕD, показател на согледаниот кредитен ризик во општата економија, скокнал во јули 2007, потоа испарил за една година и после тоа повторно скокнал дури повисоко во септември 2008, достигнувајќи рекорд од 4,65% на 10 октомври 2008 г.

На драматичниот состанок на 18 септември 2008, државниот секретар Хенри Полсон и директорот на Федералните резерви Бен Бернанке се сретнале со главните законодавци за да го предложат итниот финансиски план од 700 милијарди долари. Бернанке наводно им рекол: „Ако не го направиме ова, може нема да имаме економија во понеделник.” акт за економска стабилизација, кој ја имплементирал Програмата за опуштање на проблематичните инвестиции (TARP), бил ставен во закон на 3 октомври 2008.

Економистот Пол Кругман и секретарот за финансии на САД Тимоти Гајтнер ја објаснуваат кредитната криза преку имплозијата на банкарскиот систем во сенка, кој постигнал речиси иста важност како и традиционалниот комерцијален банкарски сектор, какошто е опишано погоре. Без можност да се обезбедат инвеститорски средства во размена за повеќе типови на хипотекарни хартии од вредност или инвестициони комерцијални хартии од вредност, инвестиционите банки и другите ентитети во банкарскиот систем во сенка не можеле да обезбедат средства за фирмите што работат со хипотеки и другите корпорации.

Ова значело дека речиси една третина од американскиот механизам за позајмување бил замрзнат, а тој тренд продолжил и во јуни 2009. Според Брукингс Инститјушн, традиционалниот банкарски систем нема капитал за да ја затвори оваа празнина до јуни 2009: „Ќе бидат потребни неколку години со големи профити за да се собере доволно капитал за да се подржи тој дополнителен обем на позајмување.” Авторите исто така укажуваат на тоа дека некои форми на секјуризација „веројатно ќе исчезнат засекогаш, бидејќи биле артефакт на претерано разлабавени кредитни услови.” Додека традиционалните банки ги подигнале нивните стандарди за давање заем, колапсот на банкарскиот систем во сенка е примарната причина за кратењето на средствата достапни за позајмување.

Ефекти врз богатството уреди

 
Седиштето на Леман Брадерс во Њујорк.

Има директна врска меѓу намаленото богатство и намалената потрошувачка и деловните инвестирања, кои заедно со владиното трошење го претставуваат економскиот мотор. Меѓу јуни 2007 и ноември 2008, проценките се дека Американците изгубиле просечно повеќе од една четвртина од нивната колективна нето вредност. До почетокот на ноември 2008, пространиот берзански индекс на САД S&P 500 бил за 45% послаб од највисоката вредност во 2007. Цените на недвижнините опаднале за 20% од нивниот врв во 2006, со сигнализиран потенцијален пад од 30-35%. Вкупниот сопственички капитал во САД кој бил вреднуван на 13 трилиони долари во својот врв во 2006, опаднал на 8.8 трилиони долари до средината на 2008 и сѐ уште паѓал кон крајот на 2008. Вкупните инвестиции во пензиите, втората најголема инвестиција на американските домаќинства, опаднале за 22%, од 10,3 трилиони во 2006 на 8 трилиони долари во средината на 2008. За време на истиот период, штедните и инвестициските средства (несметајќи ги пензиските заштеди) се намалиле за 1,2 трилиони, а пензиските средства се намалиле за 1,3 трилиони долари. Вкупно, овие загуби изнесуваат вртоглави 8,3 трилиони долари. Од својот врв во вториот квартал на 2007, богатството на домаќинствата е помало за 14 трилиони долари.

Понатаму, американските куќосопственици се здобиле со значителен капитал во годините пред кризата, што не било случај по колаборирањето на цените на недвижнините. Слободната готовина здобиена од исплатениот дел на недвижнините која ја користеле потрошувачите двојно се зголемила од 621 милијарди во 2001 на 1.428 милијарди долари во 2005 какошто растела продажбата на куќи, вкупно приближно 5 трилиони за периодот. Американскиот долг со станбени кредити поврзан со БДП се зголемил од просечно 46% за време на 1990-тите на 73% за време на 2008 г., достигнувајќи 10,5 трилиони долари.

За да се спротивстави на овој пад во потрошувачката и капацитетот на позајмување, американската влада и Федералните резерви на САД издвоиле 13,9 трилиони долари, од кои 6,8 трилиони биле инвестирани или потрошени до јуни 2009 г. Всушност, Федералните резерви од „позајмувач во крајна нужда” станале „единствен позајмувач” во значителен дел од економијата. Во некои случаи Федералните резерви сега може да се сметаат како „купувач во крајна нужда.”

Економистот Дин Бејкер вака ја објаснил намалената достапност на кредитот:

Да, потрошувачите и стопанствениците не може да земат кредит толку лесно како пред една година. Има многу добра причина за позатегнати услови. Десетици милиони куќосопственици кои имале значителен капитал во нивните куќи пред две години, денес имаат малку или воопшто немаат. Бизнисите се соочуваат со најлошата криза од Големата криза. Ова има улога врз одлуките за кредити. Куќосопственик со капитал во неговиот дом има голема веројатност да не може да исплати кредит за автомобил или долг на кредитна картичка. Тие попрво би го повлекле овој капитал отколку да го изгубат нивниот автомобил и/или да им биде забележено во нивната кредитна историја дека не исплатиле долг. Од друга страна, куќосопственик кој нема капитал има голем ризик да не може да го исплати станбениот кредит. Во случајот со бизнисите, дали заслужуваат кредит зависи од нивните идни профити. Изгледите за профит се многу полоши во ноември 2008 отколку што биле во ноември 2007 (секако, за аналитичарите со чисто око, тие не изгледале добро и една година пред тоа). Додека многу банки се очигледно на работ, потрошувачите и бизнисите би можеле да се соочат со многу потешкотии при добивањето на кредит токму сега дури ако и финансискиот систем е цврсто солиден. Проблемот со економијата е загубата на приближно 6 трилиони долари во вид на богатство во недвижнини и дури поголема сума во вид на богатство на берза. Економистите, економските изготвувачи на политики и економските репортери виртуелно го пропуштиле бумот со продажба на куќи. Ако сѐ уште не можат да го забележат ударот од тој бум какошто колапсот на продажбата на куќи се претворил во најлошата рецесија во пост-воената ера, тогаш тие ја погрешиле професијата.


[10]}}

Во срцето на портфолијата на многу од овие институции биле инвестициите чии средства потекнувале од спакуваните хипотеки за куќи. Изложеноста на овие хипотекарни хартии од вредност или на кредитните деривативи користена да ги осигура од неуспех, предизвикала пропаѓање или преземање на неколку главни фирми како Леман Брадерс, АИГ, Мерил Линч и HBOS.

Глобална зараза уреди

Кризата се развила брзо и се проширила во глобален економски шок, резултирајќи со пропаст на многу европски банки, пад на разни берзански индекси и големи кратења на пазарната вредност на акциите и стоките.

Хипотекарните хартии од вредност и колатерализираните долгувања биле купувани од корпорациски или институционални инвеститори на глобално ниво. Деривативите како размена на неисплатен кредит исто така ја зголемиле поврзаноста меѓу големите финансиски институции. Уште повеќе, смалувањето на лостовиот ефект во финансиските институции, какошто акциите биле продавани за да се исплатат долгувањата кои не можеле да бидат финансирани во замрзнатите кредитни пазари, понатаму ја забрзале солвентноста на кризата и предизвикале намалување на меѓународната трговија. Светските политички водачи, националните министри за финансии и директорите на централните банки ги координирале нивните напори во намалувањето на стравовите, но кризата продолжила. Кон крајот на октомври 2008 се развила валутна криза, со тоа што инвеститорите префрлале огромен капитал во посилни валути како јен, долар и швајцарски франк, што натерало многу засегнати економии да побараат помош од Меѓународниот монетарен фонд.

Ефекти врз глобалната економија уреди

Глобални ефекти уреди

Има бројни коментари во врска со тоа дека ако ликвидната криза продолжи, може да се јави продолжена рецесија или полошо од тоа. Продолжениот развој на кризата предизвикал страв во некои кругови за глобален економски колапс иако денес има многу претпазливи оптимистични предвидувачи покрај неколкуте истакнати извори кои остануваат песимисти. Финансиската криза веројатно ќе го создаде најголемиот банкарски потрес од поранешното штедно и позајмувачко пропаѓање. Инвестиционата банка UBS изјавила на 6 октомври дека 2008 година ќе види јасна глобална рецесија, без веројатност да заздрави во наредните две години. Три дена подоцна, економистите од UBS го најавиле „почетокот на крајот” на кризата, а светот почнал да ги спроведува неопходните мерки за справување со кризата: инјекција во вид на капитал од владите; систематизирана инјекција; намалување на каматите за им се помогне на заемобарателите. Велика Британија започнала системска инјекција, а светските централни банки денес ги намалуваат каматните стапки.UBS истакнала дека САД треба да имплементираат системска инјекција. Понатаму тие исто така истакнале дека ова ја поправа само финансиската криза, но тоа на економски значело „најлошото сѐ уште не дошло”. UBS го проценила очекуваното времетраење на рецесијата на 16 октомври: во еврозоната би траела два квартали, во САД три квартали и во Велика Британија би траела четири квартали. Економската криза во Исланд ги вклучила сите три најголеми банки во земјата. Споредено со големината на својата економија, Исланд претрпел најголем банкарски колапс во историјата на економијата.

Кон крајот на октомври UBS ги променила своите согледувања во врска со кризата уште попесимистички: претстојната рецесија би била најлоша од Регановата рецесија во 1981 и 1982 г., со негативен раст во 2009 во САД, еврозоната, Велика Британија; многу слабо заздравување во 2010; но не толку лоша како Големата криза.

Брукингс инститјушн изјавиле во јуни 2009 дека американската потрошувачка изнесувала повеќе од една третина од растот во глобалната потрошувачка меѓу 2000 и 2007 г. „Американската економија трошела премногу и позајмувала премногу низ годините, а остатокот од светот зависел од американскиот потрошувач како извор на глобална побарувачка.” Со рецесијата во САД и зголемените штедни стапки за американските потрошувачи, намалувањата на растот биле драматични насекаде. За првиот квартал од 2009, годишната стапка на пад на БДП била 14,4% во Германија, 15,2% во Јапонија, 7,4% во Велика Британија, 18% во Летонија, 9,8% во еврозоната и 21.5% во Мексико.[11] 9.8% in the Euro area and 21.5% for Mexico.[12]

Некои земји во развој кои имале голем економски раст доживеале значително забавување. На пр. прогнозите за раст во Камбоџа покажале пад поголем од 10% во 2007 до приближно нула во 2009 г., а Кенија би постигнала раст од само 3-4% во 2009, споредено со 7% во 2007. Според истражувањето на Прекуморскиот институт за развој, намалениот раст може да се припише на падовите во трговијата, стоковните цени, инвестирањето и намалениот прилив на пари испратен од емигрантските работници (кој достигнал рекорд од 251 милијарди долари во 2007, но од тогаш опаднал во многу земји).

До март 2009, арапскиот свет изгубил 3 трилиони долари поради кризата. Во април 2009, невработеноста во арапските земји била т.н. „временска бомба”. Во мај 2009, ОН известиле за пад на странските инвестиции во економиите од Средниот Исток поради бавниот пораст на побарувачката на нафта. Во јуни 2009, Светската банка прогнозирала тешка година за арапските земји. Во септември 2009, арапските банки пријавиле загуби од околу 4 милијарди долари од почетокот на глобалната финансиска криза.

Економски ефекти во САД уреди

Реалниот бруто-домашен производ (производството на добра и услуги од страна на работната сила и институциите сместени во САД) се намалил на годишно ниво од околу 6 проценти во четвртиот квартал на 2008 и првиот квартал од 2009, наспроти активноста во периодот од претходната година. Стапката на невработени во САД се зголемила на 10,2% до октомври 2009, што е највисока стапка од 1983 г. и речиси двојно поголема од пред кризата. Просечните неделни работни часови се намалиле на 33, што е најниско ниво откако владата почнала да води вакви статистики во 1964 год

Официјални економски проекции уреди

На 3 ноември 2008, Комисијата на ЕУ во Брисел прогнозирала екстремно слаб раст на БДП во 2009, до 0,1% за државите во еврозоната (Франција, Германија, Италија итн.) и дури негативна стапка во Велика Британија (-1,0%), Ирска и Шпанија. На 6 ноември, ММФ во Вашингтон лансирале цифри кои ја прогнозирале светската рецесија до -0,3% за 2009 г., просек земен за развиените економии. На истиот ден, Банката на Англија и Централната банка за еврозоната ги намалиле нивните каматни стапки од 4,5% на 3%, односно од 3,75% на 3,25%. Како последица на тоа, почнувајќи од ноември 2008, неколку земји лансирале „пакети за помош” на нивните економии.

Извештајот на американскиот Комитет за отворен пазар на Федералните резерви од јуни 2009 тврдел:

...темпото на економска контракција се намалува. Состојбите во финансиските пазари воглавно се подобрија во изминатите месеци. Потрошувачката на домаќинствата покажала понатамошни знаци на стабилизирање, но сѐ уште е погодена од тековните губења на работни места, помалото богатство во недвижнини и строгите кредитни услови. Бизнисите се враќаат на фиксното инвестирање и вработување, а изгледа дека прават напредок во привлекувањето на инвентарски акции за подобро усогласување со продажбата. Иако економската активност е веројатно да остане слаба за некое време, Комитетот продолжува да ја применува таа политика за да ги стабилизира финансиските пазари и институциите, фискалниот и монетарен стимул, а пазарните влијанија ќе придонесат за постепено обновување на одржливиот економски раст во контекст на ценовната стабилност.[13] Економските проекции на Федералните резерви и претседателите на Банката на резервите вклучуваат враќање кон типичните нивоа на раст (БДП) од 2-3% во 2010; маса на невработени во 2009 и 2010 г. и околу 10% умерена невработеност во 2011; и инфлација која останува на типичните нивоа околу 1-2%.[14]


Одговор на финансиската криза уреди

Итна ситуација и краткорочни решенија уреди

Американските Федерални резерви и централните банки во светот преземале чекори за зголемување на приливот на пари за да се избегне ризикот од дефлаторна спирала, кадешто помалите плати и поголемата невработеност довеле до самоинтензивирање на падот на глобалната потрошувачка. Освен тоа, владите изгласале големи фискални стимулни пакети, земајќи заеми и трошејќи за да го запре намалувањето на побарувачката во приватниот сектор предизвикано од кризата. САД спровела два стимулни пакети, со вкупна вредност од речиси 1 трилион долари за време на 2008 и 2009 година.

Ова замрзнување на кредитите го довело глобалниот финансиски систем на работ од колапс. Одговорот на Федералните резерви, Европската централна банка и другите централни банки бил брз и драматичен. За време на последниот квартал од 2008, овие централни банки купиле 2,5 трилиони долари од владиниот долг и ги загрозиле приватните инвестиции од банките. Ова била најголемата инјекција за ликвидност во кредитниот пазар и најголема монетарна политичка акција во светската историја. Владите на европските нации и САД исто така го зголемиле капиталот на нивните национални банкарски системи за 1,5 трилиони долари, купувајќи новоиздадени привилегирани акции во нивните најголеми банки.

Владите на овој начин исто така финансиски потпомогнале разни фирми, насобирајќи големи финансиски долгувања. До денес, разни владини агенции на САД обврзале или потрошиле трилиони долари во заеми, купување на средства, гаранции и директно трошење. За преглед на американските владини финансиски аранжмани и инвестиции поврзани со кризата, погледнете ја статистичката карта за финансиската помош на CNN - Bailout Scorecard..

Регулаторни предлози и долгорочни решенија уреди

Претседателот на САД Барак Обама и главните советници вовеле неколку регулаторни предлози во јуни 2009. Предлозите се однесуваат на заштита на потрошувачите, извршно плаќање, услови за банкарско работење или потребен банкарски капитал, проширена регулација на банкарскиот систем во сенка и деривативите, како и зголемен авторитет на Федералните резерви за безбедно да ги насочуваат системски важните институции и др. Во јануари 2010, Обама предложил дополнителни регулации кои ја ограничувале способноста на банките да се впуштат во трговија со имот. Предлозите добиле прекар „Волкеровото правило”, поради Пол Волкер, кој јавно дискутирал за предложените промени.

Разни регулаторни промени биле предложени од економисти, политичари, новинари и бизнис водачи за да се намали влијанието на тековната криза и да се спречи повторно појавување. Сепак, до ноември 2009, многу од предложените решенија сѐ уште не биле спроведени. Тие вклучуваат:

  • Бен Бернанке: Воспоставување на резолуциски процедури за затворање на проблематичните финансиски институции во банкарскиот систем во сенка, како инвестиционите банки и хеџ фондовите.
  • Џозеф Стиглиц: Ограничување на лостовиот ефект што финансиските институции може да го присвојат. Побарување на екзекутивна компензација за поефикасно долгорочно остварување. Враќање на одделното комерцијално (депозитарно) и инвеститорско банкарско воспоставено од Глас-Стигал актот во 1933 и укинато во 1999 г. од Грам-Лич-Блили актот.
  • Сајмон Џонсон: Поделба на институциите кои се „преголеми за да пропаднат” за да се намали системскиот ризик.
  • Пол Кругман: Регулирање на институциите кои „делуваат како банки“ слично како кај банките.
  • Алан Гринспан: Банките треба да имаат поцврста капитална подлога, со градуирани регулаторни капитални обврзувања (на пр. однос на капитал кој се зголемува со зголемувањето на банката), за да ги „обесхрабри да станат преголеми и монополски”.
  • Ворен Бафет: Побарување за минимална основа за исплаќање на станбените кредити од најмалку 10% и потврда за приходи.
  • Ерик Динало: Осигурување дека секоја финансиска институција го има потребниот капитал за да извршува своите финансиски обврзувања. Регулирање на кредитните деривативи и осигурување дека тие се тргувани на доброкапитализирани берзи за да се ограничи ризик од спротивната страна.
  • Регхарем Рејџан: Побарување финансиските институции да задржат доволен „контингентен капитал” (на пр. премии за платежно осигурување на владата за време на периоди на експанзија, во замена за плаќања во време на криза).
  • Кралскиот Трезор: Контингентен капитал или капитално осигурување кое го држи приватниот сектор може да додаде обични акции во време на криза. Има разни предлози (на пр. Равив 2004, Фленери 2009) според кои банките би издавале фиксиран приходен долг кој би се претворил во капитал според предодреден механизам, специфичен по банка (поврзан со нивоата на регулаторен капитал) или поопшта мерка за кризата. Алтернативно , според капиталното осигурување, осигурувачот би добил премија за согласноста да и обезбеди сума на капитал на банката во случај системска криза. Според Равив (2004) предлогот, на 3 ноември, Лојдс банкарската група (LBG), најголема британска малопродажна банка, изјавила дека ќе го претвори постојниот долг во околу 7,5 милијарди фунти (12,3 милијарди долари) „основен контингентен капитал од група 1” (наречен CoCos).Ова е вид на долг кој автоматски ќе се претвори во акции ако банкарската капитална подлога падне под 5%.
  • A. Мајкл Спенс и Гордон Браун: Воспоставување на систем за рано предупредување за помогне при откривањето на системскиот ризик.
  • Најел Фергусон и Џефри Сакс: Воведување на кратења на поседувачите на обврзници и контрагентите пред употребата на парите на даночните обврзници во финансиска помош. Со други зборови, поседувачите на обврзници кои имаат барање за 100 долари, нивното барање ќе се смали на 80 долари, создавајќи 20 долари во сопственички капитал. Ова се исто така нарекува долг за замена на капитал. Тоа се често прави при стечај, кадешто тековните акционери се збришуваат, а поседувачите на обврзници стануваат новите акционери, согласувајќи се да го намалат долгот на претпријатието во процесот. Ова се случи со Џенерал Моторс, како пример.
  • Нуриел Рубини: Национализирање на несолвентните банки. Намалување на хипотекарниот баланс да им се помогне на куќосопоствениците, давајќи удел на заемодавателот во секое идно покачување на вредноста на недвижнината.
  • Адер Тарнер: Во август 2009, во интервју на тркалезна маса во Проспект магазинот, Адер Тарнер ја поддржал идејата за нови глобални даноци за финансиските трансакции, предупредувајќи дека „проголтаниот” финансиски сектор кој плаќал прекумерни плати премногу пораснал за општеството. Предлогот на лорд Тарнер дека „Данокот на Тобин” (наречен по економистот Џејмс Тобин) треба да се земе предвид за финансиските трансакции кои се вршат во светот.
  • Де Фазио данок за финансиска транскација, само во САД (не меѓународно), предложената легислатива била претставена на 3 декември 2009, била составен дел од законот на Претставничкиот дом на САД наречен „Х.Р. 4191: Оставете Вол Стрит да плаќа за обновувањето на актот на Мејн Стрит од 2009”. Тоа е предложен дел од легислатива кој бил претставен во Претставничкиот дом на САД за да се процени минијатурен данок врз американските трансакции со акции на финансискиот пазар („Вол Стрит”). Ако се изгласа, парите насоберени од овој данок ќе се искористат за обнова на „Мејн Стрит”. На денот кога бил предложен, имал поддршка од 22 претставници.
  • Волкерово правило (во САД), одобрено од претседателот Барак Обама на 21 јануари 2010. Во сржта, тоа е предлог на американскиот економист Пол Волкер за ограничување на банките да прават шпекулативни инвестиции од кои немаат корист нивните клиенти. Волкер тврдел дека таквата шпекулативна активност одиграла клучна улога во финансиската криза од 2007-2010 година.
  • На 21 април 2010, ММФ предложиле два типа на даноци за банките „Данокот на финансиски активности" доаѓа во два вида. Едноставната верзија е директен данок на бруто профитот на банката, пред кратење на компензацијата. „Придонес за финансиска стабилност" би првично имал рамна стапка, но овој данок би бил се менувал, така што поризичните бизниси би плаќале повеќе. Второ, покомплексен данок би бил наметнат врз банките со преголеми профити и плаќања.[15]

Гнев на јавноста:„Балон машини" и „Вампирски лигни” уреди

Финансиската криза испровоцирала раширување на статии и книги кои не потекнувале од научните и финансиски кругови. Најзабележливи биле статиите и книгите од авторот Вилијам Грајдер, економистот Мајкл Хадсон, авторот и поранешен продавач на обврзници Мајкл Луис, конгресменот Рон Пол, авторот Кевин Филипс и националниот дописник на магазинот Ролинг Стоун, Мат Таиби . Освен тоа, бројни блогови доживеале феноменски раст, вклучувајќи ги The Baseline Scenario од Џејмс Квок и Сајмон Џонсон, The Big Picture од Бери Ритхолц, Calculated Risk од Бил Мекбрајд и Zero Hedge од „Тајлер Дарден.” Мат Таиби особено создал точка на промена во сфаќањето на јавноста за кризата со неговата статија од јули 2009, „Големата американска балон машина: Како Голдман Сакс ја разнел економијата”, кадешто тој го опишува Голдман Сакс како „голема вампирска лигна обвиткана околу лицето на човештвото, немилосрдно цицајќи се што мириса на пари”.[16]

Наводи уреди

  1. IMF Loss Estimates
  2. „NPR-The Giant Pool of Money“. Архивирано од изворникот на 2012-06-07. Посетено на 2010-04-23.
  3. „MBA Survey-Q3 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-06-07. Посетено на 2010-04-23.
  4. Fed Historical Data-Fed Funds Rate
  5. FDIC-Guidance for Subprime Lending
  6. What Got Us Here?, December 2008“. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 2010-04-23.
  7. Holmes, Steven A. (30 септември 1999). „Fannie Mae Eases Credit To Aid Mortgage Lending“. The New York Times. стр. section C page 2. Посетено на 2009-03-08.
  8. Krugman-CREative Destruction-NYT Conscience of a Liberal Blog-January 2010
  9. „BofA Modifies 64,000 Home Loans as Part of Predatory Lending Settlement | Debt Relief Blog“. Thinkdebtrelief.com. 2009-05-25. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2009-11-11.
  10. Baker, Dean (29 ноември 2008). „It's Not the Credit Crisis, Damn It!“. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2009-03-08.
  11. „Untold Stories: Latvia: Sobering Lessons in Unregulated Lending“. Pulitzercenter.typepad.com. 2009-05-18. Посетено на 2009-11-11.
  12. „Brookings-Baily and Elliot-The U.S. Financial and Economic Crisis-June 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-06-07. Посетено на 2010-04-24.
  13. FOMC Statement 24 јуни 2009
  14. Minutes of the FOMC April 2009
  15. Peter Thal Larsen (23 април 2010). „Low-FAT diet“. Reuters Breaking News. Архивирано од изворникот на 2010-04-24. Посетено на 23 април 2010.
  16. The Great American Bubble Machine: How Goldman-Sachs blew up the economy Архивирано на 16 април 2010 г., Rolling Stone, 13 јули 2009

Надворешни врски и понатамошно читање уреди