Фимвердухалс
Фимвердухалс (исл. Fimmvörðuháls, ⓘ) е област меѓу ледниците Ејафјатлајекитл и Мирдалсјекул во јужен Исланд. Низ овој премин поминува патот од Скогар до Торсмерк и е меѓу најпопуларните планинарски патеки во Исланд, иако е долга 22 km и се искачува на височина од 1000 m. Во Фимвердухалс има современа и удобна планинарска куќа во сопственост на планинарското здружение „Утивист“. Неадеку од тука постои и постара помалку опремена куќа наре наречена Балдвинскали. Патот од Скогар се одликува со особена убавина заради многубројните водопади. Пристапен е само од средината на јуни до крајот на август.
За подолго планинарење од 4-6 дена, на патот во Фимвердухалс може да се надоврзе патеката Лаугавегур помеѓу Ландманалаугар и Торсмерк.
Ерупција во 2010
уредиНа 20 март 2010 г. започнала ерупција на вулканот Ејафјатлајекитл во Фимвердухалс по неколкумесечниот период од мали земјотреси под ледникот Ејафјатлајекитл. Ерупцијата почнала околу 23:00 ч. и отворила расцеп од половина километар во северниот дел на преминот.[1] Една недела подоцна, ерупцијата во Фимвердухалс веќе образувало 300-метарски расцеп, а на северната патека се појавиле нови избувнати кратери[2] кон подрачјето на Торсмерк, популарен туристички природен резерват. Водичите морале да ги запрат турите за вулканолозите да ја проценат понатамошната состојба.[3]
Потоа, во април избувнал и самиот вулкан Ејафјатлајекитл во голема ерупција што го попречил воздушниот сообраќај во половина Европа. По овој настан стручњаците стравуваат од уште поголема ерупција во Катла.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Прва ерупција во Фимвердухалс“. 31 март 2010. Посетено на 16 април 2010. (англиски)
- ↑ „Ерупција во Фимвердухалс“. 9 април 2010. Посетено на 16 април 2010. (англиски)
- ↑ „Избувнатиот вулкан во Исланд образува нови кратери“. Ројтерс. 31 март 2010. Посетено на 31 март 2010. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Фимвердухалс“ на Ризницата ? |
- Место на ерупцијата на Фимвердухалс/Ејафјатлајекитл Архивирано на 20 декември 2012 г. (англиски)
- Фотогалерија - 1 април 2010, од islandsmyndir.is Архивирано на 19 декември 2010 г. (исландски)
- Фотогалерија - 30 март 2010, од islandsmyndir.is Архивирано на 14 мај 2011 г. (исландски)
- Фотогалерија - 28 март 2010, од islandsmyndir.is Архивирано на 14 мај 2011 г. (исландски)