Филип од Белгија
Филип (со полно име: Филип Леополд Лодевик Марија холандски: Filip Leopold Lodewijk Maria; француски: Philippe Léopold Louis Marie; роден на 15 април 1960) е крал на Белгија.
Филип | |||||
---|---|---|---|---|---|
Кралот Филип во 2021 | |||||
Белгиски крал | |||||
На престол | 21 јули 2013 – денес | ||||
Претходник | Алберт II | ||||
Престолонаследник | Елизабета | ||||
Роден(а) | 15 април 1960 Брисел, Кралство Белгија | ||||
Сопружник | Матилда д'Удекем д'Акоз (в. 1999) | ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија | Белгија | ||||
Татко | Алберт II Белгиски | ||||
Мајка | Паола Руфо од Калабрија | ||||
Вероисповед | Римокатолицизам | ||||
Потпис |
Биографија
уредиФилип е роден на 15 април 1960 година во замокот Белведер во Лаекен северно од Брисел. Тој е најстар син на кралот Алберт II и кралицата Паола. Бил крстен на 17 мај во црквата Свети Жак-сур-Куденберг во Брисел.
Принцот Филип станал прв принц од Белгија кој посетувал редовно училиште наместо традиционалното домашно образование. На 26 септември 1980 година бил назначен за втор поручник и положил офицерска заклетва.[1] Филип своето образование го продолжил на Колеџот Тринити, Оксфорд, а постдипломски студии посетувал на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, каде што дипломирал политички науки во 1985 година. [1] Во 1989 година, во војската бил унапреден во чин полковник.
Во 1993 година, кралот Бодуен починал, Алберт станал нов крал, а Филип станал престолонаследник и ја добил титулата војвода од Брабант.
На 25 март 2001 година, Филип станал генерал-мајор во копнената и воздушната компонента и добил чин заменик адмирал во поморската компонента.[1]
Филип на 4 декември 1999 година во Брисел се оженил со Матилда д'Удекем д'Акоз, ќерка на валонски гроф од белгиско благородничко семејство и потомок на полските благороднички семејства. Тие имаат четири деца:
- Принцезата Елизабета (родена на 25 октомври 2001 година)
- Принцот Габриел (роден на 20 август 2003 година),
- Принцот Емануел (роден на 4 октомври 2005 година) и
- Принцезата Елеоноре (родена на 16 април 2008 година).
Кралот Алберт II на 3 јули 2013 година објавил дека на 21 јули 2013 година ќе абдицира во корист на Филип. [2] Приближно еден час по абдицирањето на кралот Алберт Втори, принцот Филип положил заклетва како крал на Белгија.[3] Неговото најстаро дете, принцезата Елизабета, станала негова наследничка и се очекува да стане прва кралица на Белгија.
Владеење
уредиФилип имал улога во формирањето коалициска влада по белгиските федерални избори во 2014 година.[4]
Во 2020 година, Филип изразил жалење за „актите на насилство и суровост“ извршени во Слободната Држава Конго. [4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „The Belgian Monarchy“. Посетено на 22 July 2016. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Official“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Price, Matthew (3 July 2013). „Belgium's King Albert II announces abdication“. BBC News. Посетено на 3 July 2013.
- ↑ „Belgium's King Albert II gives up throne to son“. CNN. 21 July 2013. Посетено на 21 July 2013.
- ↑ 4,0 4,1 Moens, Barbara; Gijs, Camille (6 July 2020). „Of race and royalty: How the king surprised Belgium“. Politico. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „politico“ е зададен повеќепати со различна содржина.
Надворешни врски
уреди- Официјална биографија од веб-страницата на белгиското кралско семејство
- Статија на DHnet ( француски ) за образованието и воената кариера на принцот Филип.