Феноменологија (филозофија)

Феноменологија (од старогрчкото phainómenon „она што се појавува“ и lógos „наука“) e филозофско истражување на структурите на искуството и свеста. Едмунд Хусерл ја отпочнува како филозофско движење во раните години на XX век, кое е подоцна разработено од неговите германски следбеници во Гетинген и Минхен. Подоцна се шири во Франција и САД, во правец достатно различен од првобитната замисла на Хусерл.[1]

Феноменологијата во никој случај не е обединето движење: постои некаков пресек помеѓу мислителите, но истовремено и видни разлики. Следствено, „да се даде единствена и конечна дефиниција за феноменологијата е опасно, а можеби и парадоксално бидејќи таа нема тематски фокус. Всушност, не станува збор за доктрина, ниту филозофска школа, туку за стил на размислување, метод, отворено и секогаш ново искуство на различни резултати, што може да го збуни оној кој се обидува да ја дефинира.[2] Феноменологијата, онака како што ја дефинира Хусел, пред сѐ се занимава со системска рефлексија на структурата и појавите на свеста. Феноменологијата се разликува од картезијанскиот метод на анализа кој го гледа светот како множество од објекти, кои дејствуваат едни врз други.

Хусерловиот концепт е еднакво критикуван и развиван од неговите ученици, како Едит Штајн и Роман Ингарден, од страна на херменевтички филозофи, како Мартин Хајдегер, од егзистенцијалисти, како Николај Хартман, Габриел Марсел, Морис Мерло-Понти, Жан-Пол Сартр. Макс Шелер, Пол Рикер, Емануел Левинас исто така имаат работена со феноменологијата.

Наводи

уреди
  1. Zahavi, Dan (2003), Husserl's Phenomenology, Stanford: Stanford University Press
  2. Farina, Gabriella (2014) Some reflections on the phenomenological method. Dialogues in Philosophy, Mental and Neuro Sciences, 7(2):50-62.http://www.crossingdialogues.com/Ms-A14-07.htm