Барн

мерна единица за пресечна површина во нуклеарната физика
(Пренасочено од Фемтобарн)

Барн (симб. b или б) — мерна единица за површина еднаква на 10−28 м2 (100 fm2). Првично е воведена во јадрената физика[1] за изразување на површината на напречниот пресекот на јадрата и реакциите. Денес наоѓа примена и во сите полиња на високоенергетската физика, за изразување на пресекот на некое расејување како мерка на веројатноста за заемодејство меѓу две мали честички. Еден барн е приближно еднаков на пресечната површина на јадрото на ураниумот. Бранот воедно е мерка за површина во јадрената четириполна и јадрената магнетна резонанција, каде служи за обројчување на заемодејството на јадрото со градиентот на електричното поле. Иако ова не е СИ-единица, истата се прифаќа за употреба со таквите единици поради постојаната употреба во честичната физика.[2]

Потекло на името

уреди

Името „барн“ потекнува од научниците на универзитетот „Пердју“ кои работеле на|атомската бомба време на Втората светска војна и се соочиле со потребата од таинствен назив за пресечната површина на типичното атомско јадро (10−28 м2). Бидејќи исфрлените честички се многу непрецизни, и потребни се многу обиди за да се постигне погодок во јадрата, тие се решиле за поимот barn (амбар), што произлегува од американскиот идиом „не може да погоди амбар по долгата страна“, кој се користи кога некој прави многу промашувања.[3]

Кратна и делови

уреди
Израз. во СИ-единици[4][5]
Единица Меѓун.
симбол
Макед.
симбол
м2 см2
мегабарн Mb Мб 10−22 10−18
килобарн kb кб 10−25 10−21
барн b б 10−28 10−24
милибарн mb мб 10−31 10−27
микробарн μb μб 10−34 10−30
нанобарн nb нб 10−37 10−33
пикобарн pb пб 10−40 10−36
фемтобарн fb фб 10−43 10−39
атобарн ab аб 10−46 10−42
зептобарн zb зб 10−49 10−45
јоктобарн yb јб 10−52 10−48

Во други единици

уреди

Предметаните пресеци честопати се изразуваат во гигаелектронволти (GeV) со претворањето ħ2c2/GeV2 = 0,3894 mb = 38.940 am2.

Во природни единици (каде ħ = c = 1), ова се упростува на GeV−2 = 0,3894 mb = 38.940 am2.

Изразено во СИ-единици

уреди

Во системот на СИ, за оваа потреба можат да се користат единици како квадратниот фемтометар (fm2).

Од СИ
1 pm2 = 10 kb
1 fm2 = 10 mb
1 am2 = 10 nb
1 zm2 = 10 fb
1 ym2 = 10 zb

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „барн“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „Non-SI units accepted for use with the SI, and units based on fundamental constants“. SI brochure (8th edition). BIPM. мај 2006. Посетено на 2009-03-13.
  3. „The Big Apple: "Can't hit the broad side of a barn" (baseball saying)“. 11 август 2014.
  4. Russ Rowlett (1 септември 2004). „Units: S“. How Many? A Dictionary of Units of Measurement. University of North Carolina at Chapel Hill. Архивирано од изворникот на 1998-12-03. Посетено на 2009-12-14.
  5. Green, Jonathon (декември 1987). Dictionary of Jargon. Routledge Kegan & Paul. стр. 487. ISBN 0-7100-9919-3. Посетено на 2009-12-14.

Надворешни врски

уреди