Фан Ноли
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Теофан Стилиан Ноли (подобро познат како Фан Ноли, 6 јануари 1882 - 13 март 1965) беше еден албански-американски писател, научник, дипломат, политичар, историчар, оратор и основач на Албанската Православна Црква, служеше како премиер и регент на Албанија во 1924 година.[1]
Фан Ноли беше побаран да ја води Јунската револуција во 1924. Тој тогаш служеше како премиер сè додека неговата револуционерна влада не беше срушена од Ахмет Зогу. Беше протеран во Европа и од таму замина за Америка засекогаш во 1930 год и поднесе барање за Американското државјанство и се согласи да ја заврши неговата политичка кариера. Оцтатокот од животот го поина како академик, религиозен водач и писател.
Фан Ноли е почитуван во Албанија како шампион на книжевноста, хисторијата, теологијата, дипломацијата, новинарството, музиката и националното единство. Тој играше значителна улога во зацврстувањето на Албанскиот јаз. како национален јазик на Албанија со бројни преводи не ремек делата на светската книжевност.
Неговиот придонес за книжевноста на Англискиот јазик е исто така многузначаен:како научник и автор на серии изданиа за Скендербег, Шекспир, Бетовен, религиски текстови и преводи.
Животопис
уредиНоли беше роден во Албанската заедница на Ибрик Тепе, источна Тракија како Теофанус Стилианос Мавроматис. Како млад Ноли се расшета по Средоземјето живејќи во Атина (Грција), Александрија (Египет), и Одеса (Русија) работејќи како глумец и преведувач. Тој зборувал на 13 јазици.
Низ неговите контакти со движењето на албанските иселеници, тој стана силен поддржувач на националното движењеи замина за Бостон во 1906 со цел да ја мобилизира Албанската емигрантска заедница. Во тоа време во Бостон некои албански христијани беа дел од Грчката Православна црква и беа против националната цел. Кога еден грцки православен свештеник одбиваше да спроведе погребни ритуали за Кристаќ Дишница - член на албанската заедница од Хадсон, Масачусетс, поради неговите национални активности, Ноли и една група на албански националисти во Нова Англија ја создадоа Албанската Православна Црква.
Ноли првиот човек на црквата беше назнацен за свештеник во 1908 од страна на рускиот православен епископ во Америка.
Во 1908 година Ноли почна да студира во Харвард, каде што дипломираше во 1912.
Се врати во Европа да ја поддржува независноста на Албанците, каде што за првпат дојде во Албанија во 1913. Тој се врати во Америка за време на Првата светска војна, служејќи како водач на организацијата Ватра кое и го направи водач на Албанската дијаспора. Неговите дипломатски напори во Америка и Женева доведоа Ноли да ја добие поддршката на Претседателот на Америка Вилсон за независна Албанија и во 1920 ја доби поканата за членство во Друштвото на Народите. Иако Албанија веќе ја имаше декларирано својата независноство 1912, членството во Друштвото на Народите доведе до нови меѓународни признавања - a до тогаш не реализирани.
Во 1921 Ноли влегол на Албанскиот парламент како член на партијата либерална Ватра-водечката либерална партија во земјата.Тој служеше кратко како министер за надворешни работи во министерството на Џафер Упи.
Во 1923 бил просветен за епископ на новата промовирана автокефална Албанска православна црква. Ова беше период на судири во земјата помеѓу либералите претставени од Ватра и конзервативците предводени од премиерот Ахмет Зогу. После неуспешен обид за атентат против Зогу, конзервативците им се одмаздија убивајќи го исто така популарниот либерален политичар Авни Рустеми. Говорот на Ноли на погребот на Рустеми беше толку влијателен штоподдржувачите на либералната партија се соединиа и го натераа Зогу да побегне во Југославија (Март 1924). Зогу беше кратко наследен од неговиот очув Шефќет Верлаци, и од либералниот политичар Илиаз Вриони, Ноли беше прогласен за премиер и владител на 17 јули 1924.
И покрај неговите напори за реформи во земјата, програма од дваесет точки на Ноли беше не популарна и неговата влада беше срушена ноќта на Бадник од група која беше лојална на Зогу. Две недели потоа Зогу се врати во Албанија а Ноли избега во Италија затоа што ќе беше казнет со смрт.
Тој пак се врати во САД во 1932 и формираше републиканска опозиција на Зогу-кој веќе бил прогласен за Крал Зог I.В о годините што доаѓаа Ноли продолжи со образувањето,студирајќи а потоа и предаваше Бизантинска музика и продолжи со развојот и промоцијата на автокефалната Албанска православна црква на кое тој даде голем придонес за да се основува. Додека беше во бегство имаше информации за Зогу кој избега од Албанија пред италијанската инвазија во 1939, но Ноли немаше можност да направи еден цврст анти-шовинински и анти-комунистички фронт.
После војната, Ноли воспостави врски со комунистичката влада на Енвер Хоџа кој дојде на власт во 1944. Ноли имаше неуспешни обиди да ја повика американската влада да го признае режимот на Хоџа,но забраната на религијата во времето на Хоџа го оддалечи Ноли од контактите со тамошната православна хиераркија. Антиклерикалниот режим којшто го вметнуваше Енвер Хоџа во Албанија- го разбуди национализмот кај Ноли и епископот им го привлече вниманието на Федералното биро за истражување. Бостонската канцеларија на ФБИ го држеше епископот под истрага повеќе од една деценија без конечна одлука.
На крајот од неговиот живот Ноли се повлече во Fort Lauderdale, Флорида, каде што и умре во 1965.
Гранките на албанската православна црква со кои управувал Ноли на крај станаа албанската архидиоцеза на американската православна црква.
Ликот на Фан Ноли го има во албанската хартија од вредност од 100 лек пуштени во употреба во 1996.
Наводи
уреди- ↑ „Fan S. Noli prime minister of Albania“. Britannica. Посетено на 5 февруари 2021.(англиски)