Фалсификуван купон

Фалсификуван купон ( руски: Фальшивый купон) е новела во два дела од Лав Толстој. Иако идејата за приказната Толстој ја замислил кон крајот на 1890-тите, започнал со пишување дури во 1902 година, а ја завршил новелата во 1904 година. Објавена е по неговата смрт во 1910 година.[1]

Фалсификуван купон
Алчни деца од Николај Неврев (1830-1904
АвторЛав Толстој
Изворен насловФальшивый купон
ЗемјаРусија
Јазикруски
Жанрбелетристика
Издадена
1911 (посмртно)

Содржина

уреди

Приказната е поделена на два дела. Во првиот дел, на ученикот Митја очајно му требаат пари за да го отплати долгот, но татко му одбива да му помогне. Разочаран, наговорен од својот пријател Махин, Митја фалсификува купон за обврзница од 2,50 рубљи со додавање единица и купонот добива нова вредност од 12,50 рубљи. Како последица на оваа измама се случуваат синџир на настани што влијае на животите на десетици други. Еден маж си ја убива сопругата на крајот од првиот дел, а бара искупување преку религијата во вториот дел.

Толстој новелата ја пишувал по неговото изопштување од руската црква, и затоа ужива во укажаната прилика да ја разобличи „псевдопобожноста и лицемерието на организираната религија“. Сепак, тој цврсто верува во човечката способност да ја најде вистината, така што надежта е присутна во делото, особено во вториот дел, кој покажува дека и добрите дела можат да влијаат на другите луѓе како домино-ефект, на ист начин како што тоа го прави злото во првиот дел.[2]

Адаптации

уреди

Роберт Бресон својот филм „Пари“ (1983) го засновал на првиот дел од романот, пренесувајќи го дејството од царска Русија од раниот деветнаесетти век во современа, капиталистичка, Франција.[3] Филмот Замрзната земја (фински: Paha maa) е мрачна финска филмска драма од 2005 година, режирана и напишана од Аку Лоухимес, базирана на првиот дел и сместена во современа Финска.

Поврзано

уреди

Библиографија на Лав Толстој

Наводи

уреди
  1. R. F. Christian, Tolstoy's Diaries Volume II 1895-1910 (1985) Athlone Press, p. 452. December 13, 1897, Tolstoy lists The Forged Coupon as one of thirteen "subjects which can be, and deserve to be worked up properly." p. 473, Dec. 20, 1899, Tolstoy thought about the story and thought "Perhaps I'll write it."
  2. R. F. Christian, Tolstoy's Letters Volume II 1880—1910 (1978) Charles Scribner's Sons, p. 733. In the index, under "Tolstoy, Lev Nikolayevich, works:" there is the index entry "False Coupon, The, 515, 639—640"
  3. Moravia, A. (1998). L'Argent. In J. Quandt (Ed.), Robert Bresson. Toronto: Cinematheque Ontario Monographs, p. 408