ФК Борец е име на поранешен фудбалски клуб од охридското село Вапила, првак на Општинската фудбалска лига - Охрид 2008/2009 год. Во натпреварувачката 2009 / 2010 г. се натпреварувал во Трета лига Југозападен Регион , но од месец декември го променува името во ФК Охрид Лоте со седиште во Охрид[1]. На крајот од сезоната го освојува првото место и сега се натпреварува во Втората МФЛ . Клубот бил оформен на 14 август 1976 година под името ФК Младост на кој прв претседател бил Ацо Паскоски. Но на 4 јули 1981, по дисквалификацијата клубот е реоформен но под ново име - ФК Борец.

Логото на клубот

Гинисов рекорд

уреди

Екипата на Фк Младост играше три сезони а на 24 јуни 1979 година неславно заврши со Гинисовиот рекорд 134 - 1 во корист на ФК Илинден 1903 од селото Велгошти , по што клубот е и дисквалификуван.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Борец Вапила со ново име“. macedonianfootball. 24 December 2009. Посетено на 2011-01-23.

Надворешни врски

уреди