Уривање на настрешницата на железничката станица Нови Сад
Уривање на настрешницата на железничката станица Нови Сад — несреќа што се случила на 1 ноември 2024 година околу 11:50 часот на железничката станица Нови Сад. Во несреќата загинале 15 лица, вклучувајќи едно шестгодишно дете, а 2 лица биле повредени. Тројца млади луѓе биле тешко повредени и се нашле во животна опасност. Од идентификуваните жртви, осуммина се државјани на Србија, а едно лице од Македонија.
Урнатата настрешница на новосадската железничка станица | |
Датум | 1 ноември 2024 |
---|---|
Време | 11:56 (CET) |
Место | ЖС „Нови Сад“, Нови Сад, Србија |
Координати | 45°15′56″N 19°49′46″E / 45.26556° СГШ; 19.82944° ИГД |
Вид | попуштање |
Починати | 15 |
Несмртоносни повреди | 3 |
Позадина
уредиВо 2021 година биле објавени планови за реновирање и проширување на станицата како дел од напорите на Владата на Србија да ја ревитализира и модернизира железничката инфраструктура во земјата, со воведување на брзи возови.[1] Реконструкцијата вклучувала обновување на шините, изградба на нова платформа и целосна реконструкција на главната зграда со дополнителни лифтови за лица со инвалидитет. Работите започнале во септември 2021 година.[2]
Услов за реконструкцијата беше демонтажата на Мостот на Бошко Перошевиќ и реконструкцијата на Железничкиот мост Жежељ, според проектот на Александар Бојовиќ, изграден од меѓународен конзорциум JV Azvi - Taddei – Horta Coslada International. Реконструкцијата на железничката станица била изведена од кинеските компании - {China Railway International} - и China Communications Construction Company (CCCC) како дел од проектот пруга Будимпешта—Белград, кој била дел од поширокиот план за меѓународна железничка мрежа.
Реновираната зграда на станицата била отворена на 19 март 2022 година, со модернизирана пруга за брзина до 200 km/h помеѓу Белград и Нови Сад.[3]
Несреќата
уредиНа 1 ноември 2024 година, околу 11:50 часот, се урнала настрешницата над главниот влез на железничката станица во Нови Сад. Во несреќата загинале 15 лица, вклучувајќи едно шестгодишно дете, а 3 лица биле повредени.[4]
Градежниот инженер Даниел Дашиќ изјавил дека настрешницата се урнала поради дополнителните челични конструкции со стакло, кои биле поставени за време на реконструкцијата.[5]
Реакции
уредиВладата на Србија го прогласила 2 ноември 2024 година за ден на жалост, додека во Нови Сад била прогласена тридневна жалост. Во Република Српска исто така бил прогласен ден на жалост.
Претседателот на Унгарија Виктор Орбан изразил сочувство до Србија и семејствата на настраданите.[6]
Претседателот на Србија Александар Вучиќ побарал и политичка и кривична одговорност за несреќата.[7] Кинескиот конзорциум кој ги изведуваше работите за реконструкцијата изјави дека настрешницата не била дел од реконструкцијата.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Како ќе изгледа железничката станица во Нови Сад и до каде се стигнати работите“. gradnja.rs. 21.12.2021. Посетено на 1.11.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Conić, Igor (14 февруари 2022). „Што сѐ се работи на Железничката станица за Нови Сад да го дочека брзиот воз“. gradnja.rs. Посетено на 23 септември 2023.
- ↑ Conić, Igor (2022-03-18). „Како изгледа реновираната станица и тргнувањето на брзиот воз од Нови Сад (видео)“. Gradnja. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ „Дациќ за несреќата во Нови Сад: Акцијата за спасување е завршена, 14 загинати и тројца повредени“. Danas. 2024-11-01. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ „Градежен инженер објасни како дошло до уривање на настрешницата во Нови Сад“. Danas. 2024-11-01.
- ↑ „Унгарскиот премиер Орбан изрази сочувство поради трагедијата во Нови Сад“. Dnevnik. 2024-11-01. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ „Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Барам и политичка и кривична одговорност“. N1. 2024-11-01.[мртва врска]
- ↑ „Кинескиот конзорциум за Железничката станица во Нови Сад: Настрешницата не била предмет на реконструкцијата“. N1. 2024-11-01.[мртва врска]