Унгуџа
Унгуџа или Занзибар (свахили: Unguja или Zanzibar) е најголемиот и најзначајниот остров во Занзибар, Танзанија.
Географија
уредиУнгуџа е ридест остров, со должина од 85 км (север-југ) и максимална ширина од 30 км (исток-запад). Зафаќа вкупна површина од 2.600 км2. Сместен е во јужната половина на Занзибарскиот Архипелаг во Индискиот Океан, околу 59 км јужно од вториот остров по големина во архипелагот - Пемба. Унгуџа и танзаниското копно ги двои Занзибарскиот Теснец.
Островот е опкружен со разни помали острови, од кои само Тумбату и Узи се населени. Други забележливи острови се Баве, Чапвани, Чангу, Чумбе, Кизинго, Квале, Латам, Маутани, Миви, Мнемба, Мвана ва Мвана, Нианембе, Попо, Пунгуме и Уканга.
Политика
уредиУнгуџа и околните острови се делат на региони: Занзибар Центар/Југ, Занзибар Север и Занзибар Град/Запад. Унгуџа му припаѓа на Занзибар, кој е уставно утврден како „дел“ од Танзанија, но со повисок степен на автономија. Управата на Занзибар е сместена во Стоун Таун, на западното крајбрежје на Унгуџа .
Население
уредиНаселението на Унгуџа во 2002 броело 622.459 жители[1], главно во градскиот регион на Занзибар.[2] Административен центар на островот е градот Занзибар, а во него спаѓа и историскиот Стоун Таун како и други приградски населби како Мичензани. Други поголеми места на островот се Мбвени, Мангапвани, Чвака и Нунгви.
Месното население претежно говори „киунгуџа“ кој е дијалект на националниот јазик свахили. Ова наречје е употребено како стандард при утврдувањето на литературниот јазик.[3]
Стопанство
уредиГлавна стопанска гранка на островот е туризмот. Други локални гранки се земјоделството (вклучувајќи го одгледувањето на зачини како каранфилчето) и рибарството. Селата долж источното крајбрежје главно се заминаваат со одгледување на морски треви.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Попис на домаќинствата и занимањата на населението на Унгуџа (англиски)
- ↑ Попис на Танзанија 2002 (англиски)
- ↑ Киунгуџа - Британика (англиски)
Надворешни врски
уреди- За Унгуџа/Занзибар и хотелски сместувања Архивирано на 5 март 2012 г. - туристички водич (англиски)