Унасова пирамида
Унасова пирамида — пирамида која била изградена за фараонот Унас, деветтиот и последен крал на Петтата династија во 24 век п.н.е.. Како најмала од пирамидите на Старото Кралство, нејзиното значење произлегува од откривањето на ритуали пренесени преку пирамидалните текстови и вкоренети во ѕидовите на подземните комори на пирамидата. Ова при изградбата на следните пирамиди станало традиција на следните владетели до крајот на Старото Кралство.
Унасова пирамида | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
The ruined pyramid complex of Unas | ||||||||||||||||
Унас | ||||||||||||||||
Координати | 29°52′5.9″N 31°12′53.2″E / 29.868306° СГШ; 31.214778° ИГД | |||||||||||||||
Старо име |
Nfr-jswt-Wnjs[1] Nefer-Isut-Unas „Прекрасни се местата на Унас“[2] Алтернативно преведени како „Совршени се местата на Унас“[3] or „Завршени семестата на Унса“[4] | |||||||||||||||
Изградба | Петта династија (24 век п.н.е.) | |||||||||||||||
Тип | Пирамида (во рушевини) | |||||||||||||||
Материјал | Варовник | |||||||||||||||
Висина | 43 м (141 ст; 82 cu)[4] (оригинална) | |||||||||||||||
Основа | 57.75 м (189 ст; 110 cu)[4] | |||||||||||||||
Волумен | 47,390 m3 (61,980 cu yd)[5] | |||||||||||||||
Наклон | 56°18'35[6] | |||||||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Egypt" does not exist |
Унас ја изградил својата пирамида помеѓу комплексите на Сехемхетовата пирамида и Џосеровата пирамида, во Северна Сакара. Подземните комори на пирамидата останале неистражени до 1881 година, кога францускиот египтолог Гастон Масперо, кој неодамна ги открил запишаните текстови. Масперо ги пронашол истите текстови впишани на ѕидовите на пирамидата на Унас. 283 стиха кои се појавуваат во пирамидата на Унас го сочинуваат најстариот, најмалиот и најдобро сочуваниот корпус на религиозно писмо од Старото Кралство. Нивната функција била да го водат владетелот до вечниот живот и да го осигурат неговото продолжување, дури и ако погребниот култ престане да функционира.
Наводи
уреди- ↑ Budge 1920, стр. 167a.
- ↑ Verner 2001d, стр. 332.
- ↑ Lehner 2008, стр. 155.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Arnold 2003, стр. 250.
- ↑ Bárta 2005, стр. 180.
- ↑ Lehner 2008, стр. 10.
Надворешни врски
уреди„Унасова пирамида“ на Ризницата ? |
- Pyramid Texts Online - Read the texts in situ. View the hieroglyphs and the complete translation.