Уметноста во мезолитот

Уметноста во мезолитот — уметност создавана за време на мезолитот, односно средно–преодно камено време, 20.000 – 12.000. години п.н.е.

Ранет бизон, една од најпознатите слики од Алтамира.

Најзначајни дела на мезолитскиот човек се слики на животни врежани или насликани во длабочините на пештерите. Најчести мотиви се бизон, елен, коњ, говеда итд. Најчести парови се бизон – коњ (Европа) и слонжирафа (Африка). Овие слики биле составен дел од магискиот обред кој требал да обезбеди успешен лов или, подоцна кога бројот на животните се смалил, да ја зголеми нивната плодност. Тоа донекаде објаснува зошто животните биле сликани толку реалистично и во најдлабоките делови на пештерите – утробите на земјата. Реалистичноста е постизана и со вешто користење на природните испакнатини и пукнатини на карпи, преку кои се сликани животни.

Освен овие цртежи луѓето од младиот палеолит правеле мали цртежи и резбарии во коски, рогови, камен, како и женски фигурички, симболи на плодност – „Венера“ и слики на луѓе - ритуални игри и слики на лов.

Слики во пештери:

  1. Алтамира (во Шпанија) – Ранет бизон, 15.000 – 10.000. година п.н.е.
  2. Пештера Ласко (Lascaux) (во Франција) – пештерски слики на животни, 15.000 – 10.000. години п.н.е.
  3. Ла Маделаине (во Франција) – Гола жена, 15.000 – 10.000. години п.н.е.
  4. Адаури (Монте Пелегрино – Палермо) – Ритуална игра, 15.000 – 10.000. години п.н.е.

Интересен е фактот дека фигурите се сликани една преку друга без некаков ред. Се претпоставува дека по извршеното ритуално убивање на животното, т.е. нејзиниот дух, таа се сметала за мртва и на нејзиното место можело да биде насликано друго животно.

Поврзано

уреди