Уметници и модели (филм од 1955)
„Уметници и модели“ (англиски: Artists and Models) - американски филм од 1955 година, во режија на Френк Ташлин (Frank Tashlin), според сценариото на Херберт Бејкер (Herbert Baker) и Мајкл Девидсон (Michael Davidson). Главните улоги ги граат: Дин Мартин (Dean Martin), Џери Луис (Jerry Lewis), Ширли Меклејн (Shirley McLaine) и Дороти Мелоун (Dorothy Malone).
Синопсис
уредиДвајца другари, Риј (го игра Мартин) и Јуџин (го игра Луис) фантазираат за уметничка кариера: Рик сака да биде сликар, а Јуџин писател. Меѓутоа, гладот ги принудува да прифатат различни работи од кои секогаш добиваат отказ поради опседнатоста на Јуџин со читањето криминалистички романи. Откако Рик ќе добие работа како цртач на стрипови, тие двајца запаѓаат во низа урнебесни ситуации во кои се вклучени манекенки, уметници, криминалци, шпиони итн.[1]