Удри го ѓаволот (филм)
„Удри го ѓаволот“ (англиски: Beat the Devil) — филм на режисерот Џон Хјустон (John Huston) од 1953 година. Хјустон е автор и на сценариото, заедно со Труман Капoти (Truman Capote). Главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Џенифер Џоунс (Jennifer Jones), Џина Лолобриџида (Gina Lollobrigida), Роберт Морли (Robert Morley) и Питер Лори (Peter Lorre).[1]
Содржина
уредиБили и неговата жена се заглавени во едно пристаниште на Средоземното Море, затоа што се расипал бродот. Бродот треба да ги однесе во Африка за да ги проверат вестите за богатите наоѓалишта на уран. Меѓу патниците се наоѓаат и четворица деловни соработници на били, предводени од Питерсон. Додека чекаат да го поправат бродот, некои неочекувани настани внесуваат нервоза меѓу нив, а кога се случува убиство, сите почнуваат да се сомневаат во секого...