Турбе на Мустафа-паша
турбе во Скопје
Турбе на Мустафа-паша — османлиска гробница (турбе) во Скопје, почивалиште на војсководецот Чобан Мустафа-паша.[1][2]
Турбе на Мустафа-паша | |
---|---|
Поглед на турбето | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | турбе |
Стил | раноосманлиски |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 1519 |
Турбето е сместено во комплексот на Мустафа-пашината џамија, и заедно се прогласени за културно наследство на Македонија. Изградено е во 925 година по хиџрата (= 1519 по Христа).[1] Во архитектурнски поглед му припаѓа на типот на затворени турбиња со купола врз тесен осумаголен тамбур, кој одвнатре е кружен. Има шестаголна оснјова и отвори од сите страни. Саркофагот на Мустафа-паша во турбето е украсен со растителни орнаменти во плиток релјеф. Надворешноста е забележителна по тоа што е обликувана со бели мермерни плочи, а профилација има само околу вратата и прозорците.[3]
Поврзано
уреди- Саркофаг на Уми — почивалиште на Мустафината ќерка во комплексот
- Мустафа-пашина џамија
- Мустафа-паша
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 58. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. - ↑ „Турбето на Мустафа паша“. Старата скопска чаршија. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 59. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
Надворешни врски
уреди- Турбе на Мустафа-паша на Ризницата ?