Турбе на Али-паша од Дагестан

Турбе на Али-паша од Дагестаносманлиска гробница (турбе) во Чаир, Скопје.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на Султан-муратовата џамија во кој се наоѓа.

Али-паша од Дагестан
Поглед на турбето
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видтурбе
Стилосманлиски
ГрадСкопје
Земја Македонија
Завршена1774

Турбето е изградено во 1188 година од хиџрата (= 1774 од Христа). Му припаѓа на типот отворени турбиња со купола на шестаголна основа, покриена со олова и потппрена на шест масивни столба. Изградено е од делкан камен, со олово како врзивен материјал. Оштетено е во Скопскиот земјотрес од 1963 г. но потоа поправено. На фасадата во низок релјеф се претставени џамија со минаре, друго минаре со жлебови и две вазни со цвеќе. Во внатрешноста има два камени саркофага во кои се погребани жената и ќерката на Али-паша од Дагестан.[1] За погребаните жени стои натпис на турски:

Ова е гроб на Ајша, ќерка на Зејнеб анама, зеница на нејзиното око, од чистата крв на прочуениот Али-паша. Саканата ѝ мајка не можеше да ја преживее смртта на својата ќерка, затоа рече: ’Господе, сакам да бидам заедно со својата ќерка, затоа што како јагне на градите сум ја доела. Нека ми остане во скутот до крајот на светот и векот, како пупка трендафил!‘ Тоа му беше угодно на божјото провидение. И така утредента по смртта на девојката, по оваа мајчинска молба, и таа умре. Беше удостоена со Божјиот повик: ’При мене дојди! Елај, седни и молитва за покој на душата Ајшина читај!‘

Година хиџриска 1188.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 62–63. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
  2. „Семејната гробница на Али-паша од Дагестан“. ЦЕИПА.

Надворешни врски

уреди