Турбето на Ѓул Баба
Осумаголното турбе на Ѓул Баба се наоѓа на Џамиската улица во Будимпешта, во близина на Маргаретскиот мост во областа на Рожадомб.
Историја
уредиТурбето беше изградено од страна на Мехмед-паша, беглербегот на Будим,[1] помеѓу 1543 и 1548 година и има ниска купола покриена со оловни и дрвени плочки.[2] Тоа остана неоштетено кога хабсбуршките војски ја заробиле областа за време на втората битка кај Будим во 1686 година, но беше претворено во римокатоличка капела од страна на Исусовците, кои го преименувале во "Капелата на Свети Јосиф".
Турбето во 1916 година претставало најдалечното влијание на Бекташите во Австроунгарското Царство.[3] Во 1987 година, во близина на турбето унгарската влада финансира изградба на исламски центар и џамија со библиотека и музеј. Зградите беа дизајнирани од страна на д-р Василиј Ал Бајати и биле по пример на традиционалниот османлиски стил.[4]
"Дизајнот на д-р Бајати претставува голем комплекс, кој успешно ги комбинира различните стилови на отоманската архитектура (како што таа постоеше во Источна Европа) и унгарската архитектура во стилот на Лехнер. Платформата на која овој комплекс ќе стои е веќе направена. Новите згради се наоѓаат на десно и лево од турбето. Зградата на лево, или поточно, на југ од турбето, е џамија. Таа е покриена со три куполи со различни височини, така што тие во центарот се повисоки од страничните. Поради студената клима на земјата џамијата е целосно покриена и е во правоаголна форма. Бидејќи е евидентно дека биле обоени и надворешноста и внатрешноста на зградата, предвидено е дека михработ ќе биде обложен со жолнаиски плочки и врамен со правоаголна бордура која содржи курански натпис."[5]
Сопственост
уредиЗемјиштето подоцна беше во сопственост на Џон Вагнер, кој го одржуваше турбето и им дозволи пристап на муслиманските верници кои доаѓале од Отоманското Царство. Во 1885 година, отоманската влада овласти унгарски инженер да го реставрира турбето и кога работата беше завршена во 1914 година, тоа беше прогласено за национален споменик. Турбето повторно беше реставрирано во 1960-тите години и за последен пат во 1987 година, кога исламски центар и џамија биле изградени околу него.[4] Тоа е сега во сопственост на Република Турција.
Галерија
уреди-
Воздушна глетка на градбата
-
Надворешна глетка на турбето на Ѓул Баба
-
Фонтаната
-
Ентериерот на турбето на Ѓул Баба
-
Ковчегот на Ѓул Баба
Наводи
уреди- ↑ Muslim Cultural Enclaves in Hungary under Ottoman Rule, Gabor Ágoston, Acta Orientalia Academiae Scientiarum Hungaricae, T. 45, Fasc. 2/3 (1991), 197.
- ↑ Andrew Peterson, Hungary, Dictionary of Islamic Architecture, (London: Routledge, 1996), 112. ISBN 0-415-06084-2.
- ↑ Geographical Distribution of the Bektashi, F. W. Hasluck, The Annual of the British School at Athens, Vol. 21, (1914/1915 - 1915/1916), 122.
- ↑ 4,0 4,1 Al Bayati, Basil (1988). Architect. London: Academy Editions/St. Martin's Press. стр. 228. ISBN 0-85670-925-5.
- ↑ Fehervari, Geza (11 May 1990). „Back to Budapest“. Building Design magazine. стр. 35.
Надворешни врски
уреди- Турбето на Ѓул Баба на Ризницата
- Gül Baba Shrine by the Turkish Ministry of Culture
- Gül Baba Tomb in Budapest
- Basil Al Bayati Архивирано на 1 август 2015 г. Official Website of Architect
47°30′57.45″N 19°2′5.7″E / 47.5159583° СГШ; 19.034917° ИГД