Тупаница на гневот (филм од 1972)
„Тупаница на гневот“ (англиски: Fist of Fury), познат и како „Кинеската врска“ (англиски: The Chinese Connection) - хонгконшки филм од 1972 година, во режија на Ло Веј. Главните улоги во филмот ги играат: Брус Ли, Нора Мјао, Марија Ји, Рики Хашимото, Роберт Бејкер, Џејмс Тјен, Џеки Чен, итн.
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива во Шангај, за време на јапонската окупација. Младиот и надарен мајстор на боречки вештини Чен Зен (го игра Брус Ли) се враќа во своето училиште „Ќинг Ву“ кое е основано и кое го води еден од најголемите кинески мајстори. Неочеквано, саканиот учител по боречки вештини умира. Притоа, Чен Зен не верува во официјалната верзија според која учителот умрел од воспаление на белите дробови, туку смета дека учителот е убиен. Тој ги напаѓа борците од противничкото училиште на боречки вештини и поради тоа мора да се крие од полицијата. Полицајците одат во училиштето „Ќинг Ву“ со ултиматум дека тоа ќе биде затворено, ако не се предаде Чен Зен. Истовремено, тој открива дека учителот навистина бил убиен, а потоа им се одмаздува на нарачателите на убиството. На крајот од филмот, Чен Зен се враќа во своето училиште, каде повеќето од другарите ги затекнува мртви. Кога излегува надвор од училиштето, Чен Зен го чекаат многу полицајци и војници со вперени пушки, а тој скока кон нив.[1]