Тумба II (Кравари)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Тумба II

Карта

Местоположба 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.98306; 21.36667
Основни податоци
Место Кравари
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Тумба II археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско време . Во археолошка карта под називот „Тумба“ е заведена неолитска населба која според авторите е сместена североисточно од селото Кравари. Во текот на рекогносцирањата во 2014 година се пронашло наоѓалиште со истото име, меѓутоа на 3 km северно од селото. И на него е присутно големо количество неолитски материјал, така што сè уште е нејасно дали станува збор за истото наоѓалиште. Бидејќи североисточно од селото не е пронајдено друго наоѓалиште, најверојатно се работи за истата тумба. Таа е делумно спуштена со орањето, а пресечена е на две половини со каналот за наводнување кој минува низ нејзината средина. Од тие причини, не можеше целосно да се измери нејзината зафатнина, така што измерената површина од едната половина апроксимативно се удвоило за да се добие приближната големина на тумбата. Карактеристично е тоа што на неа е присутно големо количество лепеж, што е ретка појава кај другите тумби.[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди