Старо Село (Кравари)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Старо Село“
| |
Местоположба | 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° СГШ; 21.36667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Кравари |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
бакарно време | |
бронзено време | |
Портал „Археологија“ |
Старо Село — археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време. Се наоѓа на околу 800 м источно од центарот на селото, а лево од современиот пат Битола-Лерин. Има развлечена неправилна кружна основа и височина до 2 м. Во поново време во центарот на тумбата е подигната црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со гробиштата околу неа. На источниот крај е пресечена со железничката пруга Битола-Лерин. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а најдени се калап од камен за леење на секири и секира од бакар со едно сечило. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Тумба — населба од неолитско време;
- Жеждево — населба од доцноантичко време;
- Црна Земја — населба од доцноантичко време;
- Чукут — некропола од доцноантичко време.
- Кравари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |