Тумба (Црнобуки)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Тумба

Карта

Местоположба 41°7′27″N 21°19′23″E / 41.12417° СГШ; 21.32306° ИГД / 41.12417; 21.32306
Основни податоци
Место Црнобуки
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
бакарно време
Портал „Археологија“

Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Црнобуки. Претставува населба од неолитско и бакарно време. Се наоѓа на околу 3 км источно од селото и на 150 м северно од реката Шемница. Има кружна основа со пречник од околу 150 м и височина од 4-4,5 м. Населбата е делумно оштетена од експлозиите на собраната муниција од Првата светска војна. Во 1974 година се извршени сондажни археолошки ископувања при што се пронајдени 4 хоризонти на живеење, а откриен е и богат археолошки материјал: керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678