Трпко Дуковски
македонски партизан
Трпко Дуковски ( 1928 во Галичник — 1944 во Прилеп) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Трпко Дуковски | ||
Роден | 1928 Галичник | |
---|---|---|
Починал | 1944 Прилеп |
Животопис
уредиПроизлегува од селско печалбарско семејство. Основното училиште го завршил во родното село, а потоа заминал на печалба во Скопје. Работел во „Метропол". Во Скопје се вклучил во Народноослободителното движење. Извршувал разни задачи и материјално го помагаше напредното движење. За член на СКОЈ бил примен во април 1944 година. Во НОВ и ПОЈ стапил на 8 август 1944 година, во Деветтата македонска ударна бригада. Бил борец во Вториот баталјон.
Учествувал во сите борби и акции што ги водела неговата Бригада. При нападот на Прилеп, храбро го дал својот млад живот.[1]