Тројцата мускетари (филм од 1973)
„Тројцата мускетари“ (англиски: The Three Musketeers) е американско-британско-панамско-шпански филм од 1973 година, во режија на Ричард Лестер (Richard Lester), снимен според романот на Александар Дима. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Јорк (Michael York), Оливер Рид (Oliver Reed), Ричард Чемберлен (Richard Chamberlain), Френк Финлеј (Frank Finlay), Феј Данавеј (Faye Dunaway), Чарлтон Хестон (Charlton Heston) и Ракел Велч (Raquel Welch).[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 17 век. Младиот Д’Артањан (го игра Јорк) доаѓа во Париз со желба да им се придружи на мускетарите. Наскоро, тој се спријателува со тројца мускетари: циничниот Атос (го игра Рид), елегантниот Арамис (го игра Чемберлен) и арогантниот Портос (го игра Финлеј). Нивниот главен непријател е кардиналот Ришелје (го игра Хестон) кој постојано прави сплетки со намера да докаже дека кралицата (ја игра Чаплин) не му е верна на кралот (го игра Касел). Во таа намера на кардиналот му помагаат опасната Милејди (ја ига Данавеј) и Рошфор (го игра Ли). Додека се борат за својата земја и за кралот, мускетарите имаат и лични интереси. Така, на пример, Д’Артањан се заљубува во привлечната Констанс (ја игра Велч)...