Тромостовје
Тромостовје (словенечки: Tromostovje, во постарите извори и Тромостје[1][2]) ― целина од три мостови преку реката Љубљаница. Го поврзува историскиот средновековен дел на Љубљана од едната страна и современиот дел на Љубљана, главниот град на Словенија, од другата страна.
Тромостовје Tromostovje | |
---|---|
Низводен поглед од Љубљаница кон Тромостовје | |
Носи | Пешаци |
Преминува | Љубљаница |
Место | Љубљана, Словенија |
Особености | |
Вид | Лак |
Историја | |
Отворен | 1842; 1932 |
Местоположба | |
Дизајн
уредиСредишниот мост е делумно изграден од глинички варовник. Другите делови се изградени од бетон. Балустрадите со 642 балустри се од бетон. Платформата е поплочена со гранитни блокови поставени во 2010 година. Претходно бил поплочен со асфалт.
Историја
уредиНа оваа местоположба се споменува дрвен мост од 1280 година. Најпрво бил викан Стар мост (словенечки: Stari most) а подоцна и Долен мост (Spodnji most), за разлика од Горниот мост кој во истиот век бил изграден на местото на денешниот Чевларски мост. Именуван е и Болничарски мост (Špitalski most) по блиската згрижувалница, која била основана во почетокот на 14 век. Повторно е изграден во 1657 година по пожар.
Во 1842 година, Долниот мост бил заменет со нов мост дизајниран од Џовани Пико, италијански архитект од Филах, и именуван како Францов мостот (Frančev most) во чест на надвојводата Франц Карл. Станал познат и како Францискански мост (Frančiškanski most). Овој мост, отворен на 25 септември 1842 година, имал два лака и метална ограда. Основните работи на мостот се сочувани до денес, за што сведочи и испишаната посвета на надвојводата над неговиот средишен столб, на латински „ARCHIDVCI. FRANCISCO. CAROLO. MDCCCXLII. CIVITAS. ARCHIDVCI. FRANCISCO. CAROLO. MDCCCXLII. CIVITAS. ARCHIDVCI. FRANCISCO. CAROLO. MDCCCXLII. CIVITAS. ARCHIDVCI. FRANCISCO. CAROLO. MDCCCXLII. CIVITAS. ARCHIDVCI. FRANCISCO. CAROLO. MDCCCXLII. CIVITAS.“, што значи „До надвојводата Франц Карл во 1842 година од Градот“[3][4]
Со цел да се спречи камениот лачен мост од 1842 година да биде тесно грло, архитектот Јоже Плечник во 1929 година го проектирал продолжението на мостот со два пешачки моста под благ агол на секоја страна од него. Во соработка со неговиот ученик Цирил Тавчар, кој ги нацртал плановите, тој го објавил предлогот истата година во списанието „Ljubljanski zvon“ (во преводЉубљанско ѕвоно).[5] Изградбата започнала во 1931 година и продолжила до пролетта 1932 година. Мостот бил пуштен за сообраќај во април 1932 година.
Мостот бил обновен во 1992 година. Од 2007 година, сите три мостови се дел од љубљанската пешачка зона.
Прикази
уреди- Макета на мостот е прикажана во Мини-Европа во Брисел.
- На 23 јануари 2012 година, прославувајќи ја 140-годишнината од раѓањето на Јоже Плечник, сликата на Тромостовје била претставена како службеното приспособено лого на Google (Doodle) за во Словенија.[6]
Поврзано
уредиДруги мостови дизајнирани од Јоже Плечник:
Наводи
уреди- ↑ "Tromostje je dograjeno." 1931. Slovenski narod 64(229) (9 октомври): 2.
- ↑ Mušić, Marjan. 1980. Jože Plečnik. Ljubljana: Partizanska knjiga, p. 212.
- ↑ Jamšek, Eva. „Ljubljanica - večni izziv umetnikov, ustvarjalcev in pomembnih osebnosti: Tromostovje“ [The Ljubljanica, the Eternal Challenge to Artists, Creators, and Important Personalities: The Triple Bridge]. BIC zgodba [BIC story] (PDF). стр. 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-10. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ Stopar, Ivan; Prelovšek, Damjan (1992). Walks in old Ljubljana: a guide to its culture and history. Marketing 013 ZTP. стр. 73.
- ↑ Plečnik, Jože; Tavčar, Ciril (1929). „Frančiškansko mostovje“ [Францискански мостови]. Ljubljanski Zvon (словенечки). Katoliško tiskovno društvo. 42 (5). Предлошка:COBISS.
- ↑ „Jože Plečnik za Ljubljano tisto, kar je bil za Barcelono Antonio Gaudi“ [Jože Plečnik Was to Ljubljana What Antonio Gaudi Was to Barcelona] (словенечки). MMC RTV Slovenia. 23 јануари 2012. Посетено на 1 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди„Тромостовје“ на Ризницата ? |
- 44 меѓународни патници го споделуваат своето искуство од Тромостовје Архивирано на 4 ноември 2018 г. на VirtualTurist.com
- Интерактивен панорамски виртуелен поглед на Тромостовје покрај Burger.si
- Видео на YouTube со Тромостовје од туристичкиот водич InYourPocket