Третиот аргумент
Третиот аргумент е наградуван стрип, графички роман, по мотивите на книжевноста на Милорад Павиќ. Стрипот го направија уметникот Зоран Туциќ и писателот Зоран Стефановиќ.[1]
Третиот аргумент во Франција („Le Troisième Argument“, YIL editions, France 2016) | |
Автор | Милорад Павиќ, Зоран Туциќ, Зоран Стефановиќ |
---|---|
Изворен наслов | Трећи аргумент |
Земја | Србија |
Јазик | српски |
Жанр | фантастика, историја, романса, драма, еротика |
Издадена | 1995 |
Стрипот од 1995 година постигнувал успеси кај публиката и критиката во Југоисточна Европа (Југославија, Кипар), каде што ги освоил сите значајни национални награди. Потоа е претставуван и на планетарната публика низ Соединетите Американски Држави и списанието Хеви Метал (1998-2000, во просек околу 100.000 продадени примероци), потоа во Франција[2] и во други земји.
За проектот
уредиСтрипот го направија Туциќ и Стефановиќ по мотиви на книжевноста на Милорад Павиќ, и тоа по приказните: „Веџвудовиот прибор за чај“, „Коњите на Свети Марко или Романот за Троја" и „Третиот аргумент" и песните „Партија шах со мексиканските фигури" и „Романот за Троја". Учествуваат и костимографот Јасмина Игњатовиќ (женски костими во првата приказна); сликарот и вајар Јасна Николиќ (фигури-концепти) и уметничкиот фотограф Милинко Стефановиќ.
Според мислењето на најавторитетни критичари, Третиот аргумент е стрип-загатка, необичен, дури и во светски рамки. Настанал по приказните на српскиот кандидат за Нобелова награда, „првиот писател на 21 век“, Милорад Павиќ (1929-2009). Трите приказни формираат целина, која го разгледува „европското прашање“ од историска, антрополошка, психолошка, мистична и политичка гледна точка — предрасудите, траумите и митовите. Љубовната романса ја крие приказната за материјата, историските настани ја кријат бездната на времето, а третиот аргумент е оној што е одлучувачки за судбината не само на Европа, туку и на човекот и цивилизацијата...
Во постмодерниот начин, роман на Павиќ Кутија за пишување (1999), врз основа на приказната „Веџвудовиот прибор за чај“, директно воведува Третиот аргумент во своето дејствување.[3]
Критички оценки
уреди- „Вистинска визуелно брилијантна графичка новела.“ — Арчи Гудвин[4]
- „Кај вистинските сликари Ѓорѓе Миловиќ, Жељко Пахек и Зоран Туциќ имаме современи творци од вистинско меѓународно значење.“ — Пол Гравет[5]
- „Авторите на најпрецизен начин го погодиле духот, есенцијата на ониричното, на заплетениот па расплетениот стил, кој толку многу читатели привлекол кон Павиќевата проза. (...) Цивилизацијата на Византија е сеприсутна во Третиот аргумент, и тоа му служи на чест.“ — Павле Зелиќ
- „Најдобра адаптација на книжевноста во историјата на српскиот стрип." — Васа Павковиќ
- „Работена по рецептот од три бои — бела, црвена и сина, приказните сами нудат толкување на својот спектар, кој за разлика од слоганот на просветеноста, рационалните европски мисла за 'слободата, еднаквоста и братството', ги сведува на постојаните балкански категории на иднината, сегашноста и минатото.” — Јелена Тасиќ
- „Веџвудовиот прибор за чај е митолошко трагање по смислата, раскажано со богат ликовен јазик и строг раскажувачки саспенс.Симулацијата ја надминува стварноста иво потполност ја збива во декоративен симболизам. Вакво внатрешно осветлување видов единствено уште кај Куросава во Додескаден и во Соништата.“ — Слободан Шкеровиќ[6] ·[7]
- „Доаѓа до прекин на програмата, а поројот на воодушевување почнува да излегува од вас. Овие приказни престануваат, а зад себе оставуваат безброј прашања без одговор. Каков е овој свет во кој живееме.” — Александар Микиќ
- „Во прашање е зрел, вреден труд кој претставува двајца талентирани автори за кои самата суштина на стрипот медиум не е тајна.“ — Илија Бакиќ
- „Деталите за мистеријата на овој интересен потфат чекаат на секој од читателите да ги открива сам, еден по еден, како некоја игра на табла за која е потребно да се фрли коцка со одреден број за да би се дошло до некое место.“ — Марко Фанчовиќ
- „Студенилото на боите е во складност со етеричноста на ликовите, кои се повеќе симболи, со ритамот на прозната предлошка." — Александар Жикиќ
- „Се ја чини целината која го разгледува 'балканското прашање' и односот со регионот на Европа, што од историско, антрополошко, психолошко, мистично и политичко гледиште, се разбира, преку суптилно и деликатно вообличени метафори, што низ предрасудите, митовите, траумите, конкретните искуства...” — Слободан Ивков
- „Чувствителниот стрип 'Веџвудовиот прибор за чај на двоецот Туциќ и Стефановиќ привлечекува со боите и со техниката на изведување. Лесно е да се потоне во таа прекрасна приказна (...) Течното раскажување не води низ нови перипетии на неверојатна љубов, опишувајќи ги наредните обиди машки прифатените порази — како и навистина изненадувачката поента, која открива сосема друга страна од приказната. Кога вакви стрипови барем би можеле да настанат и во Полска...” — Артур Длугош, Полска[8]
Извори
уреди- ↑ „Трећи аргумент Зорана Туцића, Милорада Павића и Зорана Стефановића“ (информација), Библиотека на Милорад Павиќ, Проект Растко, 19 август 2016. (српски)
- ↑ (француски) Le Troisième Argument Архивирано на 28 август 2016 г., YIL Editions, 2016
- ↑ „Фиочица содржи еден ракопис завиткан во труба и вметнат во лист откинат од некој стрип. Стрипот прикажува бик од чиишто вилици капе пена. На неговиот грб јаваат момче и девојка свртени еден кон друг. Стрипот е на англиски јазик и носи наслов Third argument“ — Милорад Павиќ (Кутија за пишување, роман, 1999)
- ↑ Стрипманиа, Београд, 1996
- ↑ Gravett, Paul. „Comics Culture in Yugoslavia: World-Class Innovators & Remarkable Visionaries“, 2011. (англиски)
- ↑ Во: Стрипови које смо волели: избор стрипова и стваралаца са простора бивше Југославије у XX веку (2011), аутори: Живојин Тамбурић, Здравко Зупан и Зоран Стефановић, са предговором Пола Гравета
- ↑ Шкеровић, Слободан. "Трилогија Трећи аргумент", Пројекат Растко, 16. јул 2016. (српски)
- ↑ "Nastrojowy komiks 'The Wedgwood Tea-Set' dwójki Tunic /sic/ i Stefanovic wciąga barwami i techniką wykonania. Łatwo zatonąć w tej pięknej opowieści, po raz drugi w tym numerze HM alegorycznej. Płynna narracja przeprowadza nas przez kolejne perypetie niezwykłej miłości, opisując kolejno podejmowane próby i mężnie znoszone fiaska - no i wreszcie prawdziwie zaskakująca pointa, odkrywająca drugie, właściwe dno opowieści. Oby takie właśnie komiksy powstały w Polsce..." — Artur Dlugosz, "Po prostu Heavy Metal: edycja specjalna, jesień 2000" Архивирано на 29 август 2016 г. Esensja, Poland, 2000. (полски)
Надворешни врски
уреди- „Трећи аргумент Зорана Туцића, Милорада Павића и Зорана Стефановића“ (информација), Библиотека на Милорад Павиќ, Проект Растко, 19 август 2016. (српски)
- Казарс.ком, Официјално мрежно место на Милорад Павиќ (српски) (англиски) (руски)