„Треска“ (полски: Gorączka) - полски филм од 1981 година, во режија на Агнишка Холанд (Agnieszka Holland) по сценариото на Кшиштоф Теодор Теплиц (Krzysztof Teodor Toeplitz), напишано според романот „Повест за една бомба“ на Анджеј Струга (Andrzej Struga). Главните улоги ги играат: Барбара Грабовска (Barbara Grabowska), Адам Ференци (Adam Ferency) и Богуслав Линда (Boguslaw Linda). Филмот претставува апел за слобода на говорот и осуда на државното насилство, така што веднаш бил забранет од комунистичката власт во Полска. Во 1981 година, на Берлинскиот филмски фестивал, Барбара Грабовска ја освоила наградата „Сребрена мечка“ за најдобра глумица, а филмот бил номиниран за „Златна мечка“.[1]

Содржина

уреди

Дејствието на филмот се одвива во 1905 година и ја опишува борбата на илегалците во Полска, која била поделена на три дела од соседните земји. Притоа, главните ликови во филмот се убедени анархисти...

Наводи

уреди