Тренер (филм)
„Тренер“ — филм на режисерот Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ од 1978 година. Главните улоги ги играат: Танасије Узуновиќ, Љуба Тадиќ, Петер Карстен и Милена Дравиќ.[1]
Содржина
уредиЕден тренер на голем клуб се враќа во родното место за да го посети гробот на родителите и со намера да го однесе талентираниот центарфор во Белград. Набргу, младото момче станува голема ѕведза во клубот на тренерот. По некое време, поради несогласувањата со тренерот и со директорот на клубот, центарфорот заминува во странство. На еден меѓународен натпревар се среќаваат сегашниот и поранешниот клуб на тренерот, а победува поранешниот клуб, со што неговото место во сегашниот клуб станува несигурно. Сепак, тој ја спасува кариерата со успехот на натпреварот одигран во Белград. Потоа, тренерот повторно оди во родното место и пред споменикот на татко му, кој погинал во војната, се прашува што се случува со него, што на спортското поле мора да работи против својата земја...