Трајанови терми (латински: Thermae Traiani), претставуваат јавни бањи кои на граѓаните на Рим им донесувале одмор и релаксација. Во Стариот Рим предизвикувале задоволство исто како и заминување во театар или гладијаторските борби [1]. Меѓу многуте бањи кои пропаѓале низ историјата и кои подлегнале на забот на времето, најмногу денес се знае за Трајановите терми. Трајановите терми како едно од најдобро сочуваните бањи од Стариот Рим се изградиле во 109 година. Термите ги изградил Аполодор од Дамаск по наредба на римскиот цар Трајан на брегот, кој бил создаден со затрупувањето на Domus Aurea, величествената палата на царот Нерон Се наоѓале во најјужниот дел на Mons Oppio, во близина на Сервиевиот ѕид .[2]

План за градба на Трајановите терми

Структура

уреди

Структурата на Трајановите терми била таква што постоеле две простории. Тие се наоѓале во тесни апсиди во ѕидот кој го опкружувал просторниот комплекс, една во ѕидот по должината на западната страна, а другата спроти неа, далеку на јужниот ѕид. Во Трајановите терми се наоѓале книги. Фондот бил поделен на грчки и латински пишани материјали. Читателите кои сакале да користат грчки и латински книги истовремено, требало да пешачат околу триста метри. Апсидата во северниот ѕид е доста добро сочувана и покажува дека основните својства се исти како и во библиотеката на Трајановиот форум, што значи дека во средината на кружниот ѕид кој го оградува задниот дел на просторот постоела вдлабнатина наменета за статуа. Овие баљи сведочат за тоа колку бил Рим империјална сила во тоа време.[3]

Библиотека

уреди
 
Трајанови терми

Просторот библиотека во Трајановите терми е во форма на апсида. Оваа библиотека веројатно како и библиотеката на Трајановиот форум, имала бронзен параван помеѓу столбовите, за да може да се затвори библиотеката кога не работи. Во секој ѕид од двете страни имало вдлабнатини во кои биле сместувани ормаритеи за книги - во два реда, еден над друг, во секој по пет ниши, вкупно дваесет. Нишите биле високи 4,45 м и широки 2,06 м, нивната длабочина била 0,73 м. Овие ниши биле значително поголеми од оние ниши кои се наоѓале во Библиотеката на Трајановиот форум, како и оние во Палатинската библиотека. Книгите кои се наоѓале во овие ниши биле од забавен, релаксирачки карактер. Библиотеката, како и целиот комплекс, имале задача да сведочат за моќта на својотот основач.

Наводи

уреди
  1. „Терме“. Архитектура старог Рима. Посетено на 4 април 2016.
  2. Anderson, James C. Jr. (1985). „The Date of the Thermae Traiani and the Topography of the Oppius Mons“. American Journal of Archaeology. Archaeological Institute of America. 89: 499–509. doi:10.2307/504364.
  3. Касон, Лајонел (2004). Библиотеке старог света. Београд: Clio. ISBN 978-86-7102-135-7.

Литература

уреди