Аполодор Дамаски или Аполодор од Дамаск бил старогрчки инженер, архитект, дизајнер и вајар од 2 век н.е. Тој бил омилен на Цар Трајан, за кој го изградил Трајановиот мост преку Дунав за 104-тиот поход во Дакија. Тој исто така испланирал гимназиум, колеџ, јавни бањи, Одеумот и Трајановиот форум и Трајановиот столб во градот Рим. Тој ги дизајнирал и триумфалните арки во Беневентум и Анкона. Се смета и за архитект на Пантеонот.

Аполодор Дамаски

Трајановиот столб, во средиштето на форумот, бил прочуен по тоа што бил првиот триумфален споменик од тој вид. На крунисувањето на Адријан, чии архитектонски и уметнички дела Аполодор ги исмејувал, тој бил истеран од Рим, а накратко потоа, бил обвинет за измислени злодела и убиен (Дион Касиј lxix. 4). Тој напишал и трактат на тема Опсадна машинерија (Πολιορκητικά), посветен на Адријан.

Наводи

уреди
  1.   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  2. James Grout: 'Apollodorus of Damascus,' дел од Encyclopædia Romana