Трајанка Мизрахи (Праведник, Кавадаречко, 24 мај 192124 јануари 1991) — македонска комунистка и првоборец. Носителка е на Партизанска споменица од 1941.[1]

Трајанка Мизрахи
Родена Трајанка Мизрахи
24 мај 1921
Праведник, Кавадаречко, Македонија
Починала 24 јануари 1991
Националност Македонка
Занимање општественик

Животопис

уреди

Родена е во село Праведник, Кавадаречко на 24 мај 1921 година. Во 1941 година станала член на КПЈ како припадничка на македонското младинско движење. Од 7 мај 1943 година била борец во Тиквешките НОПО „Добри Даскалов“ и заменик политички комесар на Првиот баталјон на Деветтата македонска ударна бригада. По ослободувањето извршувала државни и општествени функции.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. II (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 945. ISBN 978-608-203-024-1.