Торос Тораманијан

Торос Тораманијан (ерменски: Թորոս Թորամանյան, 1864 — 1 март 1934) бил истакнат ерменски архитект. Тој се смета за „таткото на ерменската архитектонска историографија“.

Торос Тораманијан
Торос Тораманијан во Ани, 1907
Роден(а)1864
Шебинкарахисар, Отоманско Царство
Починал(а)1 март 1934(1934-03-01) (возр. 69–70)
Ереван, Ерменија
НационалностЕрменија Ерменец
ПолињаАрхитект

Животопис

уреди

Тораманијан се родил во 1864, во градот Шебинкарахисар, Отоманско Царство. Тој студирал архитектура во Цариград, а подоцна во Париз. Подоцна работел на детално проучување на остатоците од средновековните ерменски архитектонски споменици.

Научната работа на Тораманијан му овозможила на големиот научник Јозеф Стржиговскиј по долго и детално проучување на христијанската архитекура да дојде до заклучок дека ерменската архитектура имала важна улога во развивањето на византиската, а подоцна и на западноевропската архитектура.[1] Во 1920, за време на Турско-ерменската војна, Тораманијан загубил голем дел од неговите научни истражувања.[2] Тој починал во 1934 во Ереван и бил погребан на брегот на реката Храздан.

Дела

уреди
  • Niuter Hay Jartarapetutian Patmutian (Материјал за историјата на ерменската архитектура), том 1 (Ереван: 1942) и том 2 (Евеван: 1948)

Наводи

уреди
  1. The Great 4: Mesrob, Komidas, Antranik, Toramanian, by Dr. Hermine Varjabedian, Beirut, 1969, p. 43
  2. The Great 4: Mesrob, Komidas, Antranik, Toramanian, by Dr. Hermine Varjabedian, Beirut, 1969, p. 45

Надворешни врски

уреди