Тони Ристов
Тони Ристов (31 март 1974 - 14 август 2016)[1][2] бил портпарол и член на извршниот и централниот одбор на ДОМ, како и секретар за меѓународна соработка на ДОМ и претставник на ДОМ на Советувањата на Европската Зелена Партија. Тони Ристов е роден на 31 март 1974 година во Дортмунд, Германија. Средното училиште го завршил во Скопје во машинското училиште „Гоце Делчев“, дипломирал во 2004 г. на Институтот за Историја, Филозофски факултет - Скопје при УКИМ, каде се стекнал со титулата Дипломиран професор по Историја. Бил вработен во националната установа Музеј на Македонија - Историски музеј, како кустос по средновековна историја. Од декември 2013 бил претседател на Надзорниот одбор на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.
Наводи
уреди- ↑ „ПОЧИНА ПОРТПАРОЛОТ НА ДОМ ТОНИ РИСТОВ“. Утрински. Скопје. 14 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-16. Посетено на 14 август 2016.
- ↑ „Почина портпаролот на ДОМ Тони Ристов“. МИА. Скопје. 14 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 14 август 2016.