Томе Бабамовски
Томе Бабамовски ( 1926 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Томе Бабамовски | ||
Роден | 1926 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември, 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште поради лошите материјални услови, не можел да го продолжи своето образование. Работел како општ работник. Окупацијата на Македонија го затекнала мошне млад. Тоа не му попречило да се вклучи во народно-ослободителното движење и да учествува во акциите за собирање и испраќање материјална помош на партизанските единици. Подоцна стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада и како борец на Вториот баталјон учествувал во сите борби. Особено се истакнал во ликвидирањето на балистичките банди, што дејствувале во близината на Скопје. На 13 ноември 1944 година, учествувал во борбите за ослободување на Скопје. Директно учествувал во ликвидирањето на германското упориште кај францускиот конзулат. При заземањето на тоа непријателско упориште, храбро загинал и овој млад партизан.[1]