Тома Фила

македонско-српски адвокат

Тома Фила (роден во Битола, на 29 јули 1941) – македонско-српски адвокат со влашко потекло.

Тома Фила
Роден 29 јули 1941
Битола
Занимање адвокат
Татко Филота Фила

Животопис

уреди

Тома Фила е роден во Битола како син на познатиот адвокат Филота Фила, кој иако бил партизан, по војната бил во затвор како политички затвореник.[1]

Во Белград ја завршил Првата машка гимназија и правен факултет. Дипломирал во 1963 година, а во 1967 станал најмладиот адвокат во Југославија. Во јавноста станал познат како адвокат на луѓе обвинети за најтешки кривични дела, меѓу кои е голем број на луѓе обвинети за дела за кои била предвидена смртна казна.[2] За смртната казна изјавил: „Противник сум на смртната казна и секогаш сум спремен да го изразам својот став“.[2] Бранел многу политичари меѓу кои Јованка Броз, Слободан Милошевиќ, а едно време го застапувал и Горан Хаџиќ.[2][3][4]

Тој бил првиот адвокат од Србија кого го ангажирал Хашкиот трибунал непосредно по своето основање, но тоа не го спречило да каже дека Хашкиот трибунал е несериозен и пристрасен суд, и да го спореди со Нирнбершкиот процес.[5][6]

Во пензија е од 2010 година.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Dedino licidersko srce : Društvo : POLITIKA
  2. 2,0 2,1 2,2 „Ко је овај човек: Тома Фила“ (српски). Глас Јавности. 2 мај 2001. Архивирано од изворникот на 2017-03-16. Посетено на 29 август 2011.
  3. Radio-Televizija Republike Srpske, Посетено на 25 април 2013.
  4. Fila: Hadžića brani advokat Vlada Petrović - VESTI - SMEDIA[мртва врска],
  5. Toma Fila: Zatvoriću Haški tribunal - VESTI - SMEDIA|bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes
  6. Toma Fila: Zatvoriću Haški tribunal | Aktuelno | Novosti.rs
  7. Патим од недостатка времена - интервју („Политика”, 30. април 2017)

Надворешни врски

уреди