Тодор Швракиќ
Тодор Швракиќ (Приедор, 10 март 1882.[1] — Сараево[2], 5 декември 1931) бил прв школуван сликар на просторот на Босна и Херцеговина.
Животопис
уредиРоден е во 1882 година во Приедор, во Босна, во сиромашно занаетчиско семејство. На 16 години година заминал во Белград каде ја посетувал приватната сликарска школа на Риста и Бета Вукановиќ. Усовршувањето го продолжил кај Паја Јовановиќ во Виена, и подоцна во Прага и Париз[3].
Се смета за еден од најдобрите српски акварелисти. Изработувал портрети и пејзажи, од кои најпознат е официјалниот портрет на Никола Пашиќ. Отворил своја приватна сликарска школа во Сараево.
Галерија
уреди-
Мостот Цар Душан на Вардар, 1919.
-
Морски карпи, 1920.
-
Шума, 1925.
-
Косач
Наводи
уреди- ↑ Народна енциклопедија, Ст. Станојевић, Загреб, 1925.- 1929.
- ↑ http://www.zetna.org/zek/konyvek/19/gimi.ht[мртва врска]ml.[мртва врска]
- ↑ "Правда", Београд 27. новембра 1927.