Тоде Ковилоски
Тоде Ковилоски (Дабјани, Прилепско, 1922 - Шид, Србија, 1945), македонски партизан.
Животопис
уредиТоде Ковилоски е роден во семејството на Здраве Ковилоски, во селото Дабјани, Прилепско, кое денес е раселено и не постои,[1] а се наоѓа во близина на селата Бело Поле, Средорек и Вранче. Во партизанското движење влегол некаде по 1942 година. Како дел од XV Македонски корпус[2] учествувал во борбите со германските фашистички сили на Сремскиот фронт во Втората светска војна. Загинал во близина на градот Шид, Срем, во 1945 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на Македонија, 2002“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002.
- ↑ Ристовски, Блаже, ур. (2009). Македонска енциклопедија 2. Скопје: МАНУ. стр. 1143. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ „Žrtve rata 1941-1945, стр. 215“ (PDF). Muzej genocida.