Тоа (филм од 1927)
Тоа (англиски: It) — американски филм од 1927 година, во режија на Кларенс Беџер, по сценариото на Хоуп Лоринг и Елинор Глин, засновано врз нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги играат: Клара Бау, Антонио Морено, Вилијам Остин, Пришила Бонер и Џеклин Гедсдон, а во една сцена се појавува и Елинор Глин.[1] Во 2001 година, филмот бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]
Синопсис
уредиБети Лу (ја игра Бау)е продавачка во голема стоковна куќа. Нејзиниот сопственик Сајрус Волтам (го игра Морено) оди во обиколка на продавницата и Бети се вљубува во него. Неговиот пријател, Монти (го игра Остин) случајно чита еден расказ во кој се вели дека луѓето кои го поседуваат „тоа“ (сексапил) можат да привлечат секого. Потоа, Монти ја забележува Бети и ја испраќа до дома, а кога ја поканува на вечера, таа предлага да одат во „Риц“, зашто претходно дознава дека таму ќе биде и Волтам. Во ресторанот, Волтам вечера со својата пријателка Адела (ја игра Гедсдон), но ја забележува Бети и веднаш се вљубува во неа. На излегување од ресторанот, Волтам ја запознава Бети, која се обложува со него дека при следната нивна средба тој нема да ја препознае. Утредента, една жена се жали на нељубезното однесување на Бети и Волтам ја повикува во својата канцеларија. Дури таму, тој ја препознава и така Бети ја добива опкладата. Во тој миг, Адела го кани Волтам на вечера, но Бети му закажува прошетка и тој го прифаќа нејзиниот предлог. Волтам и Бети поминуваат заедно прекрасна вечер, а кога таа се враќа дома затекнува две социјални работнички како се обидуваат да ѝ го одземат бебето на нејзината болна пријателка Моли (ја игра Бонер). Тогаш, Бети им кажува дека бебето е нејзино, а таа изјава ја слуша Монти, додека еден новинар ја запишува случката.[3] Монти му кажува на Волтам дека Бети има бебе поради што тој е лут на неа. Кога Бети доаѓа во неговата канцеларија, тие меѓусебно си изјавуваат љубов, но доаѓа до мала кавга поради што двајцата се разочарани. По кавгата, Волтам решава да замине на одмор, а Бети дава отказ од работата. Тогаш, кај неа доаѓа Монти, кој ѝ кажува дека ќе оди на крстарење со Волтам, а Бети го наговара тајно да ја земе со себе на јахтата. Кога ја здогледува, Волтам е шокиран од нејзиното присуство, но набргу ѝ предлага брак, меѓутоа, Бети му се потсмева. Тогаш, Монти му кажува на Волтам дека Бети нема бебе, туку тоа е само шега. Истовремено, Монти предизвикува судар со друга јахта и Бети и Адела паѓаат во морето. Бети ја спасува Адела, а потоа, кога Волтам скока во водата за да им помогне, таа му бега. На крајот, тој ја наоѓа и двајцата завршуваат во прегратка, додека ги набљудуваат Адела и Монти.