Тистенски мост
мост во Гребенско, Егејска Македонија
Тистенски мост (грчки: Γεφύρι Ζιάκα) или Турски мост (Τουρκογέφυρο) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]
Тистенски мост Γεφύρι Ζιάκα | |
---|---|
Поглед на мостот | |
Координати | 40°2′18.6″N 21°17′20.4″E / 40.038500° СГШ; 21.289000° ИГД |
Преминува | Велонија |
Место | Тиста, Гребенско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Претходен | Делвински мост |
Следен | Кацојанев мост |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 40 м |
Ширина | 3,1 м |
Висина | 7,5 м |
Распони | 2 |
Историја | |
Завршен | крај на XIX век |
Местоположба | |
Мостот ја преминува реката Велонија, лева притока на Венетик. Се наоѓа на 3 км североисточно од гребенското село Тиста и го поврзува со селата Мавран и Мавронорес на источните возвишенија на Пинд. Изграден е на крајот од XIX век. Има два лака, од кои поголемиот има распон од 7,5 м. Вкупната должина на мостот изнесува 40 м, а широк е 3,1 м.[2]
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Γεφύρι Του Ζιάκα“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Γεφύρι Ζιάκα (Τουρκογέφυρο)“. goGrevena.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 1 мај 2014.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.