Типи
Типи (англиски: tipi / teepee/tepee ) е шатор во облик на конус, кој традиционално се прави со растегнување на животинска кожа врз дрвени стапови. Модерните типи обично имаат платнена покривка.[1] Типите се разликуваат од другите конусни шатори по отворот за чад на врвот на дрвениот скелет. Историски гледано, типите биле користени од американските староседелци (прериските Индијанци) во Северна Америка. Тие сè уште се користат во овие заедници, иако во последно време првенствено за ритуални цели, а не за секојдневна употреба за живеење. Сличен објект, лаву, користи и лапонскиот народ во Северна Европа.
Типите често стереотипно и неточно се поврзани со сите домородни Американци во САД и домородните народи во Канада, без оглед на фактот што ги користат исклучиво прериските Индијанци.[2] Домородните Индијанци од другите регии на Сверна Америка живееле во други типови на стамбени градби.[1] Типито е долготрајно, обезбедува топлина и удобност во зима, е ладно и пријатно во текот на топлите лета, и е суво при обилни дождови. Tипито може да се расклопи и пакува брзо и лесно во случај на селидба; исто така, без потешкотии се склопува на новото место. Таквата мобилност историски им била важна на Индијанците од прериите во нивниот номадски начин на живот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Laubin, Reginald; Laubin, Gladys (2012). The Indian Tipi: Its History, Construction, and Use (2. изд.). University of Oklahoma Press. ISBN 978-0806188522.
- ↑ National Museum of the American Indian (2007). Do All Indians Live in Tipis?. New York: HarperCollins. ISBN 978-0-06-115301-3.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Laubin, Reginald; Laubin, Gladys (2012). The Indian Tipi: Its History, Construction, and Use (2. изд.). University of Oklahoma Press. ISBN 978-0806188522.
Надворешни врски
уреди- Историја, изградба и еволуција на типи + слики и цртежи (англиски)
- Simply Differently.org: Tipi, извор за градење на типи, прирачници и онлајн калкулатор за држачи на покривот (англиски)
- Tipi Instructions, PDF документ со информации за градење на типи (англиски)