Типаза (порано Тефесет (Tefessedt), ченуанско берберски: Базар, ⴱⴰⵣⴰⵔ, арап. تيپازة) ― главен град на покраината Типаза, Алжир. Кога бил дел од Римската Империја бил наречен Типаса. Современиот град е основан во 1857 година и е главно извонреден по своите антички урнатини и песочното приморје.

Типаза
Базар / ⴱⴰⵣⴰⵔ
(Римска Типаса)
Поглед на Типаза
ДржаваАлжир
ПокраинаТипаза
ОкругТипаза
Население (2008)
 • Вкупно25.225
КлимаСредоземна клима
Службен назив: Типаса
Тип:Културолошки
Критериуми:iii, iv
Прогласено:1982 (6. заседание)
Број193
Држава: Алжир
Регион:Арапогласни држави
Загрозен:2002–2006

Историја

уреди

Античка историја

уреди

Типаса, како што тогаш бил нарекуван градот, бил старо пунско трговско место, освоено од Рим. Подоцна бил претворен во воена колонија од страна на императорот Клавдиј за освојување на кралствата во Мавританија.[4]

Потоа станал општина (муникипиум) наречена Колонија Елија Типасенсис (Colonia Aelia Tipasensis), која достигнала население од 20.000 жители во четвртиот век според Стефан Гсел.

Градот служел како важен христијанско средиште во последните векови од римското владеење, со три базилики.

Типаша бил уништен од вандалите во 430 н.е., но бил реконструиран од Римјаните еден век подоцна. На крајот на седмиот век градот бил срушен од силите на Омеидите и претворен во урнатини.[5]

Во деветнаесеттиот век местото повторно било населено. Сега тоа е град со речиси 30.000 жители. Градот е важно туристичко место во современ Алжир, главно поради урнатините во Типаса.

Денешно време

уреди

Во близина на Типаза, долгобрановиот предавател Типаза емитува радио програми на Канал 3 на француски јазик од Алжирското радиодифузно друштво. Долгобранова честота 252 kHz може да биде добро примен во многу делови на Европа.

Градот и неговата околина се дом на најголемата група од западен Алжир што зборува берберски јазик, Ченуаци.

Станицата Типаза во 252 kHz претходно не бил во функција од 17 март 2014 година, но емитува повторно на 252 kHz.[6]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Tipaza“. Office Nationale de Signalisation Maritime. Ministere des Travaux Publics. Посетено на 18 јануари 2022.
  2. Предлошка:Cite ngall
  3. Rowlett, Russ. „Lighthouses of Western Algeria“. The Lighthouse Directory. Универзитет Северна Каролина во Чапел Хил. Посетено на 18 јануари 2022.
  4. Unesco-page
  5. Toutain, Jules (1891). „Fouilles de M. Gsell à Tipasa : Basilique de Sainte Salsa“. Mélanges d'archéologie et d'histoire. 11 (1): 179–185. doi:10.3406/mefr.1891.6684.
  6. see - tuned to 252khz, од 22 септември 2015.

Надворешни врски

уреди