Покраини во Алжир

Алжир е поделен на 48 покраини („вилаети“), 553 окрузи („дајри“) и 1.541 општини („балдии“). Сите покраини, окрузи и општини ги носат имињата на нивните административни центри.

Карта на покраините во Алжир

Според уставот на земјата, покраините уживаат стопанска и дипломатска слобода и имаат свои народни собранија, избраи на локални избори. На чело на покраините стојат управници (валии), назначени од претседателот. Собранијата имаат и свои претседатели, избрани од пратениците.

Список на покраини

уреди

Редните броеви на покраините го следат азбучниот редослед (на арапски) на првичните покраини (31). Со додавањето на уште 17 покраини во 1983 г., броевите на тие покраини не се изменети, туку новите продолжуваат со броеви од 32 до 48, повторно по азбучен редослед. Денес постојат 48 покраини:


1 Адрар
2 Шлеф
3 Лагуат
4 Ум ел-Буаги
5 Батна
6 Беџаја
7 Бискра
8 Бешар
9 Блида
10 Буира
11 Таманрассет
12 Тебеса

13 Тлемсен
14 Тиарет
15 Тизи Узу
16 Алжир
17 Џелфа
18 Џиџел
19 Сетиф
20 Саида
21 Скикда
22 Сиди Бел Абес
23 Анаба
24 Гелма

25 Константин
26 Медеја
27 Мостаганем
28 Мсила
29 Маскара
30 Уаргла
31 Оран
32 Ел-Бајад
33 Илизи
34 Борџ Бу Аррериџ
35 Бумердес
36 Ел-Тарф

37 Тиндуф
38 Тисемсилт
39 Ел-Уед
40 Хеншела
41 Сук Ахрас
42 Типаса
43 Мила
44 Ајн Дефла
45 Наама
46 Ајн Темушент
47 Гардаја
48 Релизан

Поврзано

уреди