Тина Морпурго
Тина Морпурго (6 март 1907 – 1 јуни 1944) била хрватска сликарка од Сплит.[1][2]
Морпурго била родена на 6 март 1907 година во Сплит во значајното еврејско семејство Морпурго кое потекнувало од Марбург, Германија.[3][4] По средното училиште се посветила на сликарството и во 1931 година ја одржала својата прва самостојнаа изложба на која биле прикажани над педесет нејзини дела во масло, темпера и цртеж. Во 1932 година, Морпурго посетувала приватно училиште во Трст. Морпурго планирала да го продолжи своето школување и понатамошен уметнички развој во Минхен, но поради подемот на нацизмот и економската криза, таа останала во својот роден град и, разочарана, престанала да слика. Во 1943 година заедно со нејзините родители била депортирана во концентрациониот логор Бањица. На 1 јуни 1944 година, Морпурго била убиена од членовите на Шуцштафел. Нејзините слики биле спасени од преживеаните членови на нејзиното семејство и пријателите. Подоцна нејзините слики биле изложени, во 1974 година, во еврејската заедница во Сплит, во еврејската заедница во Белград и во Еврејскиот историски музеј во Белград во 1975 година.[1][5][6][7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Kečkemet (1971)
- ↑ Rogošić, Željko (2007-12-20). „Slavne žene Dalmacije“ (хрватски). Nacional. Архивирано од изворникот на 2013-05-10. Посетено на 2013-01-25.
- ↑ Tonkin, Boyd (2010-08-20). „Boyd Tonkin: The magnificent Morpurgos“. The Independent. Архивирано од изворникот на 2022-06-21. Посетено на 2013-08-16.
- ↑ Kuzmanić, Nepo. „Obitelj Morpurgo, Židovi iz Marburga“. Slobodna Dalmacija. Посетено на 2013-08-16.
- ↑ Gospodnetić, Lenka (3 April 2010). „Mirjana Kučer: Splićanke stenju pod muškim jarmom“ (хрватски). Slobodna Dalmacija. Посетено на 2013-01-25.
- ↑ Wright, Lola (1 February 2012). „Velike Splićanke koje je povijest zaboravila“ (хрватски). Slobodna Dalmacija. Посетено на 2013-01-25.
- ↑ Pavičić, Jurica (10 January 2008). „Ženska povijest Splita“ (хрватски). Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 2013-01-25.
Библиографија
уредиКечкемет, Душко (1971). Јевреји у историји Сплита. Сплит: Јеврејска општина, Сплит.