Тие љубовни маки (филм од 1914)

Тие љубовни маки (англиски: Those Love Pangs) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, кој ја игра главната улога. Покрај него, во филмот настапуваат: Честер Конклин, Сесил Арнолд, Вивиен Едвардс и Пеги Пејџ.[1]

Содржина уреди

Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин и неговиот цимер (го игра Конклин) се натпреваруваат да ја освојат сопственичката (ја игра Пејџ) на куќата во која живеат. Потоа, двајцата излегуваат надвор при што цимерот освојува една русокоса (ја игра Арнолд), додека Чаплин следи една бринета (ја игра Едвардс), но таа веќе има момче. Чаплин е разочаран и сака да се фрли во езерото, но го спасува полицаецот. Потоа, Чаплин го фрла момчето на бринетата во езерото и го натепува цимерот, а двете девојки одат заедно во една кино-сала. Чаплин им се придружува и таму флертува со двете, но набргу пристигнуваат нивните момчиња и тогаш започнува општа тепачка во која него го фрлаат низ кино-екранот.[2]

Надворешни врски уреди

Those Love Pangs (1914) Charlie Chaplin - YouTube

Наводи уреди