Мекица

(Пренасочено од Тиганица)

Мекица, тиганица или питулица— македонско традиционално јадење од меко тесто кое се пржи во врело масло. Вообичаено мекиците се користат за појадок придружени со сирење или со џем. Исто така во доста краеви во Македонија мекиците се даваат за новороденче, при што некаде истите ги спрема свекрвата, а некаде мајката на родилката. Во денешно време сè почесто овој обичај се прави во ресторан или друг угостителски објект[1].

Мекица
Мекици со сирење
Други имињатиганица, питулица
Дел од оброкотпојадок
Место на потеклоМакедонија, Србија, Бугарија
Температура на послужувањетопло и ладно
Главни состојкибрашно, вода, сол, квасец

Рецепт

уреди
 
Мекици и џем

Постојат повеќе варијанти за спремање на тестото за мекици, во некои тестото се спрема со млеко, во други со јогурт, а трети се само со вода. 1 кг брашно заедно со 1 квасец, 1/2 прашок за печиво, 2 јајца, 1 лажиче сол се раствораат во 400-500 мл вода така што да се добие густа смеса, потоа садот се покрива со крпа и се остава да кисне 25 минути. Потоа смесата се меша со дрвена лажица и повторно се остава да кисне 25 минути. Истото се прави и третпат со тоа што овој пат се додаваат две лажици бела киселина. Тестото се дели, добиените делови се тегнат со влажни раце, и се пржат во врело масло [2]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди