Тибериј Грах
Тибериј Грах (латински: Tiberius Sempronius Gracchus) бил римски политичар и реформатор од 2 век п.н.е..
Животопис
уредиЗаедно со неговиот брат Гај, Тибериј Грах ја спроведол аграрната реформа која предизвикала големи немири. Погинал во 132 п.н.е.[1] Според Плутарховата биографија на Тибериј Грах, откако тој бил осуден, биле уапсени и неговите пријатели. Притоа, сенаторите го прашале неговиот пријател Кај Блосиј, што би направил за својот пријател Грах. На тоа, Блосиј одговорил: Сè. Зарем и да ги запалиш храмовите? - го прашале сенаторите. Тој никогаш не би ми наредил нешто такво, одговорил Блосиј. Но, ако ти наредеше? - прашале сенаторите. Тогаш, Блосиј одговорил дека за својот пријател би ги запалил и храмовите.[2]